Драги точакољупци!
View Критична маса - Скопје на точак #6 in a larger map
Измина пола година од првата Критична Маса. Се наближува и последната среда во овој врнежлив Октомври, а со тоа и шестата по ред Критична Маса во Скопје.
Минатата Критична Маса не` стемни на крајот. Овој пат целата рута ќе возиме во темница. Осигурајте се дека светлата на вашиот велосипед се исправни, проверете си ги „мачкините очи“ и напумпајте си ги гумите. Доколку сакаме рамноправност на улиците, мора да се однесуваме одговорно.
На мапата подоле можете да ја видите рутата. „Извичниците“ означуваат места каде што ќе се чекаме за да ја направиме групата покомпактна, „полицајците“ се раскрнци каде ќе зачепуваме (corking). Обрнете внимание дека нема да зачепуваме на сите раскрсници. Внимателно и одговорно - сите сме одговорни за личната и безбедноста на групата.
View Критична маса - Скопје на точак #6 in a larger map
Бидете внимателни на кружните текови, раскрсниците и угорниците. Доколку дува или врне, облечете се подебело и носете кабаница. И пријавете го своето присуство на Фејсбук настанот.
Доколку сте во можност, секоја помош во промоција на настанот е добродојдена. Промотивни материјали за КМ6 можете да најдете тука.
Се гледаме во 17.30 на 31 Октомври на плоштад, пред новата зграда на Телеком.
За да не видат, треба да сме видливи. Имајте светла и земете флуоресцентна облека.
За да не чујат треба да сме гласни. Ѕвончиња на волан, вувузела низ булеварите, песна низ населбите.
Стави светло, пушти зрак, доста беше велосипедски мрак.

2 comments:
Super! Kamo da imav tocak :(
Не ја знаеме твојата приказна, но знаеме дека многу луѓе не можат да си дозволат да купат точак, или пак им го украле. Што и да е од двете, е жално.
Во моментов можеме само да ја спомнеме можноста да изнајмиш велосипед од плоштад од Градски паркинг (10 денари/час). Не е некое решение, но убаво е чувството заедно во група да се вози. Доколку си слободен и можеш да одвоиш 20-30 денари, тоа е опција за заедно да поминеме интересно попладне.
Post a Comment