Честопати и преку социјалните медиуми и преку настаните кои ги организираме и поддржуваме, како и на средбите со надлежните од Град Скопје сме го истакнувале потенцијалот на еден вистински Ден без автомобили (Car Free Day) за градот.
Скопје (поточно поширокиот центар на градот) е еднаш до неколку пати годишно (ненамерно) слободен од автомобили, при одржување на Скопскиот маратон, при одредени концерти или протести. Бенефитите за градот, за оние кои умеат да ги видат, во тие денови се очигледни! Намалена бука, намалено загадување, безбедни улици за точаци, за деца, за миленици...
Денот без автомобили (оној намерниот) треба да е прослава на здравиот транспорт на целиот град!
Макар на еден ден граѓаните да пробаат како е да се живее во град со помалку активни коли на улиците. Макар на ден градот треба да дише, а луѓето да се превезуваат пеш, на точак или со јавен превоз. Денот треба да ги поттикне граѓаните да замислат поинаква стварност.
За тоа да го обезбеди градот треба да затвори клучни градски сообраќајници за автомобилски сообраќај во текот на речиси целиот ден (или барем поголем број саати). А за ваквиот потег да не наиде на негодување од страна на граѓаните, треба сите граѓани добро и навремено да се информирани за значењето на денот, неговите цели и активностите кои ги презема градот. Покрај добрата информираност за активностите кои ќе се случуваат во текот на самиот ден (улиците ослободени од коли често стануваат простор за најразлични активности организирани од градот или самоорганизирани од граѓаните), за граѓаните да дадат поддршка на еден ваков ден , важно е да бидат убедени дека градот се движи во вистинска насока на одржливост со транспортните политики. Поточно, реалната промена (во инфраструктурата) и симболичната (преку ваквите настани) мора паралелно да се случуваат.
Во Скопје Денот без автомобили се слави од 2002 година, а сè уште постојат граѓани кои не знаат што е тоа Ден без автомобили или пак на денот на самото случување негодуваат и им свират на велосипедистите поради едночасовното затворање на улици за велосипедската парада. Сметаме дека граѓаните не се доволно запознати со значењето на овој ден, но исто така и дека не се посветува доволно внимание на денот од страна на градските власти. Доколку вистински се истретира и испромовира, сигурни сме дека ќе наиде на поголема поддршка. Очекуваме во 2016-та или барем во 2017-та да го доживееме првиот вистински Ден без автомобили во Скопје. Некои градови ваков ден организираат еднаш годишно, некои секој месец, некои секој викенд... Ние сметаме дека за почеток Скопје може 1 ден од 365 без коли!
За таа цел упативме допис до надлежните од Град Скопје кој како документ го има на линкот, а како текст во продолжение:
------------------------------
Почитувани,
Во пресрет на овогодинешниот настан Mobility Week кој ќе се одржи од 16-22 Септември 2016 би сакале да го споделиме нашиот став и барање. Сметаме дека дискусијата и анализата на проблемите во врска со урбаниот велосипедизам во Македонија се од особена важност, но време e да се преземе конкретна активност. Скопје учествуваше на овој настан за прв пат во 2002 и организира велосипедска парада години со ред, за жал без значителни резултати. И после толку години голем дел од населението не е добро информирано за одржувањето и значењето на Денот без автомобили, не е изградена свест и поддршка, можеби баш поради краткото траење на настанот (парада од 1-2 часа), недоволната промоција и сведувањето на Денот без автомобили на велосипедска парада со автомобили. Сметаме дека после 14 години учество на Скопје во Европската недела на мобилност, време е за вистински Ден без автомобили.
По примерот на Љубљана, Лисабон, Лондон и Копенхаген од минатогодишниот Mobility Week, бараме да се одржи Car - Free Day (Ден без автомобили) и во Скопјe. Денот без автомобили подразбира забрана за движење на автомобили во поголем дел од денот на клучни сообраќајници. Toj треба да биде промовиран како прослава на здравиот транспорт на целиот град и треба да бидат повикани сите граѓани да се приклучат со изборот на транспорт (пешачење, возење велосипед, јавен превоз) во текот на целиот ден, а не само стотици учесници на едночасовна парада после која автомобилите повторно царуваат низ цел град.
Улиците се јавни простори кои не постојат само за да бидат употребувани од автомобили. „Денот без автомобили“ ќе им дозволи на граѓаните да видат нова страна од својот град, а локалните власти ќе ја охрабрат употребата на одржливи модели на транспорт. Исто така, ќе ја подигнат свеста за влијанието кое изборот на транспорт го има на околината. Тој ден улиците ќе дишат.
На „Денот без автомобили“ треба да му претходи внимателно планирање и организирање, од логистички аспект, но пред сè и информирање на граѓаните што е можно порано за одржувањето и за причините на овој настан. Доколку ја прифатите оваа идеја, НаТочак ќе помогне во промоција на овој настан, мобилизирање на учесници и едуцирање на граѓаните преку медиумите со кои располагаме.
Со почит,
НаТочак
Скопје (поточно поширокиот центар на градот) е еднаш до неколку пати годишно (ненамерно) слободен од автомобили, при одржување на Скопскиот маратон, при одредени концерти или протести. Бенефитите за градот, за оние кои умеат да ги видат, во тие денови се очигледни! Намалена бука, намалено загадување, безбедни улици за точаци, за деца, за миленици...
Денот без автомобили (оној намерниот) треба да е прослава на здравиот транспорт на целиот град!
Макар на еден ден граѓаните да пробаат како е да се живее во град со помалку активни коли на улиците. Макар на ден градот треба да дише, а луѓето да се превезуваат пеш, на точак или со јавен превоз. Денот треба да ги поттикне граѓаните да замислат поинаква стварност.
За тоа да го обезбеди градот треба да затвори клучни градски сообраќајници за автомобилски сообраќај во текот на речиси целиот ден (или барем поголем број саати). А за ваквиот потег да не наиде на негодување од страна на граѓаните, треба сите граѓани добро и навремено да се информирани за значењето на денот, неговите цели и активностите кои ги презема градот. Покрај добрата информираност за активностите кои ќе се случуваат во текот на самиот ден (улиците ослободени од коли често стануваат простор за најразлични активности организирани од градот или самоорганизирани од граѓаните), за граѓаните да дадат поддршка на еден ваков ден , важно е да бидат убедени дека градот се движи во вистинска насока на одржливост со транспортните политики. Поточно, реалната промена (во инфраструктурата) и симболичната (преку ваквите настани) мора паралелно да се случуваат.
Во Скопје Денот без автомобили се слави од 2002 година, а сè уште постојат граѓани кои не знаат што е тоа Ден без автомобили или пак на денот на самото случување негодуваат и им свират на велосипедистите поради едночасовното затворање на улици за велосипедската парада. Сметаме дека граѓаните не се доволно запознати со значењето на овој ден, но исто така и дека не се посветува доволно внимание на денот од страна на градските власти. Доколку вистински се истретира и испромовира, сигурни сме дека ќе наиде на поголема поддршка. Очекуваме во 2016-та или барем во 2017-та да го доживееме првиот вистински Ден без автомобили во Скопје. Некои градови ваков ден организираат еднаш годишно, некои секој месец, некои секој викенд... Ние сметаме дека за почеток Скопје може 1 ден од 365 без коли!
За таа цел упативме допис до надлежните од Град Скопје кој како документ го има на линкот, а како текст во продолжение:
------------------------------
До: Град Скопје
Почитувани,
По примерот на Љубљана, Лисабон, Лондон и Копенхаген од минатогодишниот Mobility Week, бараме да се одржи Car - Free Day (Ден без автомобили) и во Скопјe. Денот без автомобили подразбира забрана за движење на автомобили во поголем дел од денот на клучни сообраќајници. Toj треба да биде промовиран како прослава на здравиот транспорт на целиот град и треба да бидат повикани сите граѓани да се приклучат со изборот на транспорт (пешачење, возење велосипед, јавен превоз) во текот на целиот ден, а не само стотици учесници на едночасовна парада после која автомобилите повторно царуваат низ цел град.
Париз, „Ден без автомобили“, Септември 2015 |