Датум: среда, 29.08.2018
Почеток: 17:30, Плоштад Македонија
Крај: 19:00, Социјален велосипедски центар Педала
--------------------------------------------------------------------
Facebook настан: линк
Рута: линк
Промотивни материјали: линк

Замислете улици без врева од автомобили, замислете град со повеќе простор во него, без самиот тој да се шири, замислете улици кои поврзуваат луѓе, а не само пренесуваат… На еден ден, оставете го автомобилот на паркингот и движете се низ градот пеш, со велосипед, автобус и доживејте го јавниот простор на поинаков начин.
Многу градови ширум Европа ќе ги затворат своите улици за движење на автомобили за еден ден во септември, како дел од кампањата Ден без автомобили (Car - Free Day) во рамки на овогодишниот European Mobility Week. Започнувајќи од 22 септември 2000 година, кога 760 градови ширум Европа го поддржаа организирањето на Ден без автомобили, секоја година учество земаат и нови градови јасно покажувајќи дека започнуваат план кој ќе ги менува нивните градови во однос на транспортните политики. Дека имаат план во кои предност ќе има квалитетниот живот на луѓето.
Денот без автомобили е ден кога се слави здравиот транспорт во еден град.
По примерот на Љубљана, Лисабон, Лондон, Копенхаген и многу други градови во Европа, бараме да се одржи Car - Free Day (Ден без автомобили) и во Скопјe. По примерот на другите градови, првенствено се започнува со затворање на само неколку улици во градот само на еден ден, за потоа во секоја наредна година бројот на тие улици да се зголемува. Целта е да се поттикнат граѓаните да макар за еден ден да ги остават своите автомобили и да размислат за користење на здрав транспорт како што е одење пеш, возење на велосипед или користење на јавниот превоз. Денот треба да ги поттикне граѓаните да замислат еден поинаков град кој ќе биде во функција на луѓето, а не на автомобилите.
Навидум еден ден нема ништо да промени. И тоа навистина е така ако тој ден не предизвика размислување дека може поинаку. Дека можеме поинаку. Дека градот може поинаку. Градските власти, политичарите, компаниите, граѓаните можат поинаку. Дека ЈАС можам поинаку. Тргувајќи од себеси, секој од нас може преку менување на личните практики да го менува духот на својот град.
Денот без автомобили е ден во кој треба секој од нас да размисли дали ова е градот каков што сакаме да биде. Но идејата не е само како да го промениме тој ден туку како тој ден да би почеток за промените во иднина. За градот тоа треба да биде ден во кој ќе се презентираат идеи поврзани со здравата транспортна политика. Тоа е и ден во кој ќе се презентира како е поубаво да изгледа градот. Улиците да бидат полни со луѓе, а не автомобили. Улиците да бидат место каде луѓето ќе се среќаваат, разговараат, забавуваат, каде децата безбедно ќе играат. Ајде за еден ден да ги стишиме автомобилите и да ги пуштме на најјако детскиот џагор, уличната музика, комшиските муабети, насмевките…. Да го живееме овој град!
НаТочак предлага на секоја општина во Скопје, на 22 Септември (сабота), да затвори за автомобилски сообраќај една улица која е во надлежност на општината, но и да подготви програма и да организира активности за граѓаните (со локални уметници, музичари, здруженија и сл.) на таа улица во текот на денот, со што ќе ги мотивира да дојдат и да се задржат на таа улица, за да ја доживеат на поинаков начин. Секако, самите граѓани треба претходно да бидат добро информирани и запознаени со целта на денот, со активностите кои ќе се преземат и за затворањето на улиците.
Ги охрабруваме градските власти овој ден да им покажат на своите граѓани визија. Да ги уверат дека имаат план за овој град. И тој план е зелен, чист, хуман. Дека е наменет за луѓето. Дека нивните заложби се вистински и искрени заложби, а не само празни зборови.
Ги охрабруваме политичарите да покажат дека се современ модел на политичари кои со своите размислувања се чекор пред нас граѓаните. Дека се лидери. А тоа значи дека политиките со кои раководат треба да бидат во насока на поздрав живот во градовите.
Ги охрабруваме и компаниите да ја покажат својата општествена одговорност. Во околината во која делуваат да покажат дека се грижат. Да ги охрабрат своите вработени во користењето на здрав транспорт. Тоа може да биде безбеден вело-паркинг за своите вработени или награди за оние кои користат јавен транспорт, велосипед или доаѓаат пеш.
Ги охрабруваме и граѓаните да се соочат со своите изговори. Во промената кон подобро на овој град да тргнат од себеси. Но и да го кренат гласот и да си го побараат градот назад, затоа што тој на нив им припаѓа. На нивните животи.
Дојдете во среда, на 29 август, во 17.30 часот, заедно да ја извозиме 76-тата Критична маса и да побараме одржување на вистински Ден без автомобили!
---------------------------------Многу градови ширум Европа ќе ги затворат своите улици за движење на автомобили за еден ден во септември, како дел од кампањата Ден без автомобили (Car - Free Day) во рамки на овогодишниот European Mobility Week. Започнувајќи од 22 септември 2000 година, кога 760 градови ширум Европа го поддржаа организирањето на Ден без автомобили, секоја година учество земаат и нови градови јасно покажувајќи дека започнуваат план кој ќе ги менува нивните градови во однос на транспортните политики. Дека имаат план во кои предност ќе има квалитетниот живот на луѓето.
Денот без автомобили е ден кога се слави здравиот транспорт во еден град.
По примерот на Љубљана, Лисабон, Лондон, Копенхаген и многу други градови во Европа, бараме да се одржи Car - Free Day (Ден без автомобили) и во Скопјe. По примерот на другите градови, првенствено се започнува со затворање на само неколку улици во градот само на еден ден, за потоа во секоја наредна година бројот на тие улици да се зголемува. Целта е да се поттикнат граѓаните да макар за еден ден да ги остават своите автомобили и да размислат за користење на здрав транспорт како што е одење пеш, возење на велосипед или користење на јавниот превоз. Денот треба да ги поттикне граѓаните да замислат еден поинаков град кој ќе биде во функција на луѓето, а не на автомобилите.
Навидум еден ден нема ништо да промени. И тоа навистина е така ако тој ден не предизвика размислување дека може поинаку. Дека можеме поинаку. Дека градот може поинаку. Градските власти, политичарите, компаниите, граѓаните можат поинаку. Дека ЈАС можам поинаку. Тргувајќи од себеси, секој од нас може преку менување на личните практики да го менува духот на својот град.
Денот без автомобили е ден во кој треба секој од нас да размисли дали ова е градот каков што сакаме да биде. Но идејата не е само како да го промениме тој ден туку како тој ден да би почеток за промените во иднина. За градот тоа треба да биде ден во кој ќе се презентираат идеи поврзани со здравата транспортна политика. Тоа е и ден во кој ќе се презентира како е поубаво да изгледа градот. Улиците да бидат полни со луѓе, а не автомобили. Улиците да бидат место каде луѓето ќе се среќаваат, разговараат, забавуваат, каде децата безбедно ќе играат. Ајде за еден ден да ги стишиме автомобилите и да ги пуштме на најјако детскиот џагор, уличната музика, комшиските муабети, насмевките…. Да го живееме овој град!
НаТочак предлага на секоја општина во Скопје, на 22 Септември (сабота), да затвори за автомобилски сообраќај една улица која е во надлежност на општината, но и да подготви програма и да организира активности за граѓаните (со локални уметници, музичари, здруженија и сл.) на таа улица во текот на денот, со што ќе ги мотивира да дојдат и да се задржат на таа улица, за да ја доживеат на поинаков начин. Секако, самите граѓани треба претходно да бидат добро информирани и запознаени со целта на денот, со активностите кои ќе се преземат и за затворањето на улиците.
Ги охрабруваме градските власти овој ден да им покажат на своите граѓани визија. Да ги уверат дека имаат план за овој град. И тој план е зелен, чист, хуман. Дека е наменет за луѓето. Дека нивните заложби се вистински и искрени заложби, а не само празни зборови.
Ги охрабруваме политичарите да покажат дека се современ модел на политичари кои со своите размислувања се чекор пред нас граѓаните. Дека се лидери. А тоа значи дека политиките со кои раководат треба да бидат во насока на поздрав живот во градовите.
Ги охрабруваме и компаниите да ја покажат својата општествена одговорност. Во околината во која делуваат да покажат дека се грижат. Да ги охрабрат своите вработени во користењето на здрав транспорт. Тоа може да биде безбеден вело-паркинг за своите вработени или награди за оние кои користат јавен транспорт, велосипед или доаѓаат пеш.
Ги охрабруваме и граѓаните да се соочат со своите изговори. Во промената кон подобро на овој град да тргнат од себеси. Но и да го кренат гласот и да си го побараат градот назад, затоа што тој на нив им припаѓа. На нивните животи.
Дојдете во среда, на 29 август, во 17.30 часот, заедно да ја извозиме 76-тата Критична маса и да побараме одржување на вистински Ден без автомобили!
-----------------------------------
Критична маса е неформален велосипедски собир кој се случува во над 300 градови во светот.
Нема лидери, нема формална организација, само група на свесни луѓе кои сакаат подобар вело-град.
Од мај 2012-та се случува еднаш месечно и во нашето Скопје!
Возиме секоја последна среда во месецот по различна рута и со различна тема.

Критична маса во Скопје е самоодржлив, саморегулиран и самофинансиран месечен собир на урбаните велосипедисти кој зависи од придонесот на секој учесник, пред сѐ од неговото појавување на собирот и покажување бројност („Нѐ има, земете нѐ предвид“), од активната грижа настанот да помине во најдобар ред, а потоа и од донациите за промотивните материјали, волонтерскиот придонес во: осмислувањето на настанот, неговата промоција и се разбира во креативната страна на возењата. До овој момент, скопјани 75 пати возеа масовно по скопските улици, на 75 различни теми поврзани со урбаниот велосипедизам.
Да ги освоиме по 76-ти пат улиците со нашите точаци, активно, ангажирано, свесно, заедно, со полни срца!

Приклучи се! Ангажирај се!
Може да нé има повеќе! Скопје може да стане подобар град!