31 January, 2022

Што планираат да преземат за безбедноста во сообраќајот 10-те скопски општини и Град Скопје?

За безбедноста во сообраќајот има многу фактори (едукација, инфраструктура, полиција, казнена политика судство итн.), но најважно е да не дојде до судар, најважна е превентивата и тоа онаа превентива која не зависи од тоа дали е совесен учесникот, дали има полицаец или дали работи камерата. Онаа превентива која работи во 100 % од времето - ИНФРАСТРУКТУРАТА. Токму затоа, од сите можни фактори, НаТочак ја има избрано за фокус на своето делување. Има многу мала поента да се прават кампањи и да се врши едукација за предност на пешаците, или за внимателно однесување на возачите во сообраќај, или за еднаква одговорност на сите учесници, кога општините и Град Скопје не го планирале внимателно просторот за ранливите учесници, кога тие ги оставаат на маргините. Затоа после редица сообраќајни судири...

26 December, 2021

Предлози за буџет на Град Скопје 2022 - НаТочак - потсетување до советниците и администрацијата

Во пресрет на седницата на која ќе се гласа Предлог Буџетот на Град Скопје за 2022 година, НаТочак се обрати преку службените mail-ови до советниците и стручните служби од администрацијата. Седницата е закажана за 29.12.2021 година, на истиот ден со Критична маса #88. Текстот на обраќањето го има во продолжение:----------------Почитувана Градоначалничка на Град Скопје, г-ѓа Арсовска,Почитуван Претседател на Советот на Град Скопје, г-н Славески,Почитувани вработени во администрацијата во Град Скопје,Почитувани советници,Би сакале да Ви се обратиме во пресрет на донесувањето на Буџетот на Град Скопје за 2022 година и да Ве потсетиме на...

21 December, 2021

Новогодишна Критична Маса #88: Милион желби, еден Велоград

Датум: среда, 29.12.2021Почеток: 17:30, Плоштад МакедонијаКрај: 18:30, Социјален центар Дуња ----------------------------------Facebook настан: линкРута: линкПромотивни материјали: линк----------------------------------Постер за КМ #88, дизајн: Коста СтаматовскиПоследната среда од годината е резервирана за новогодишната Критична Маса. Да ја испратиме 2021 и да ја пречекаме 2022 онака како што ни е најудобно, на точак. :)Во годинава која што беше неизвесна како и минатата, досега имавме две Критични Маси. Една роденденска која ја прославивме со првата Улица за луѓе и една летна на која баравме мерки против ноќните ѕверки...

Промотивни материјали за Новогодишна КМ #88: Милион желби, еден Велоград!

[дизајн: Коста Стаматовски, stamatovski.com]Промотивните материјали од овој блог-пост може слободно да се споделуваат, печатат, да се лепат на соодветни локации во градот, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови. Однапред ви благодариме на сите за помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #88.Голема благодарност до Коста за милионите желби вклопени во минимален дизајн. МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕПостер, верзија за печатење: линк (.pdf)Честитка, верзија за печатење: линк (.pdf)МАТЕРИЈАЛИ ЗА ВЕБЗА ВЕБПостер, верзија за вебFacebook cover Twitter coverFacebook event coverЧеститка, предна страна,...

Pages 11« 1234567 »