25 September, 2012

Писмо до образовни институции

Мотивирани од септември и почетокот на учебната година, одлучивме да направиме мала анализа на расположливите велосипедски паркинг места кај образовните институции: средни училишта, факултети, библиотеки, студентски домови. Резултатите од анализата ги испративме до соодветните институции. Подолу е испратеното писмо.

*#*#*#*#*#*#*#*#*

Почитуван декане / директоре / наставници / професори / студенти / ученици,

Ви се обраќаме во врска со нашата анализа на расположливи паркинг места за велосипеди пред образовни институции. Ви се обраќаме вам, бидејќи и вашата институција беше цел на анализата. Најголем дел од средно и високо образовните институции беа посетени од страна на вело-активистите од НаТочак.

Што е НаТочак?
НаТочак е неформална група граѓани кои секојдневно го користат велосипедот како превозно средство и се залагаат за подобар вело-град. Секоја последна среда во месецот возиме заедно по улиците на градот во име на признавањето на велосипедистите како рамноправни учесници во сообраќајот, промовираjќи го велосипедот како урбано превозно средство и актуелизирајќи ги прашањата неопходни за непречено сообраќање со него.

Септемвриска критична маса #5
Септември е почеток на школската година и решивме со активностите да ги опфатиме средните училишта, факултетите и некои образовни институции и направивме мала обиколка на дел од нив за увид во состојбата со паркинзите за велосипеди.

Целта на оваа анализа  е да покажеме со споредба дека има примери во градот Скопје кои останатите образовни институции треба да се потрудат да ги следат.
Редовно, во сите случаи, се повторува законитоста дека колку повеќе паркинзи има пред институцијата, толку повеќе луѓе доаѓаат до неа на велосипед.

Доколку покрај името на институција нема податок со евидентирани вело-паркинг места, тоа значи дека институцијата не била посетена од активистите.

Еве ги резултатите од нашата мини акција:

Име
Статус
Број на ученици
Средни училишта
СУГС "Никола Карев"
нема паркинг
1138
СУГС "Р.Ј. Корчагин"
нема паркинг
1021
СУГС "Јосип Броз Тито"
нема паркинг
1498
СУГС "Орце Николов"
нема паркинг
1167
СУГС "Кочо Рацин"
нема паркинг
667
СУГС "Панче Арсовски"
20
711
СУГС "Георги Димитров"
14
1229
СУГС "Васил Антевски - Дрен"
20
1875
СУГС "Марија С. Кири"
нема паркинг
798
СУГС "Владо Тасевски"
нема паркинг
1394
СУГС "Димитар Влахов"
нема паркинг
2208
СУГС "Михајло Пупин"
нема паркинг
642
СУГС "Браќа Миладиновци"

694
СУГС "Златко Цветковски"
нема паркинг
1183
СУГС "Арсение Јовков"

2208
СУГС "Лазар Танев"


СУГС "8-ми Септември"
нема паркинг
313
СУГС "Цветан Димов"

1881
СУГС "Панче Караѓозов"

2398
СУГС "Боро Петрушевски"
нема паркинг
1114
СУГС "Зеф Љуш Марку"

1229
Нова - приватна гимназија
11, останатите небезбедни

Јахја Кемал
нема паркинг

ДМБУЦ "Илија Николовски - Луј"


ДСУПУ "Лазар Личеновски"
16

ДСУ "Методија Митевски - Брицо"


Високо образовни институции
Архитектонски факултет
небезбеден (нема заклуч.)

Градежен факултет
небезбеден (нема заклуч.)

Економски факултет
нема паркинг

Машински факултет
80*

Медицински факултет


Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“


Правен факултет „Јустинијан Први“
20

Природно-математички факултет
10

Стоматолошки факултет


Технолошко-металуршки факултет
нема паркинг

Факултет за ветеринарна медицина


Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер


Факултет за драмски уметности
20

Факултет за електротехника и информациски тех.
80*

Факултет за земјоделски науки и храна
нема паркинг

Факултет за информатички науки и компјутерско инж.
нема паркинг

Факултет за ликовни уметности


Факултет за музичка уметност


Факултет за физичка култура


Фармацевтски факултет


Филозофски факултет
нема паркинг

Филолошки факултет „Блаже Конески“
нема паркинг

Шумарски факултет
нема паркинг

ФОН
нема паркинг

International Balkan university
нема паркинг

ЕСРА (Кинотека)
нема паркинг

Факултет за туризам и менаџмент
9

Американ колеџ/ МИТ
нема паркинг

Останати институции
Државен студентски дом “Гоце Делчев“


Државен студентски дом „Пелагонија“
нема паркинг

Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“
нема паркинг

Државен студентски дом „Стив Наумов“
нема паркинг

Државен студентски дом „Медицинар“


Библиотека Браќа Миладиновци
26

Универзитетска библиотека


* заеднички паркинг на МФ и ФЕИТ

Би сакале да напомнеме дека сме свесни дека за да биде анализата целосна потребни се и бројките на ученици/студенти кои учат во секоја од образовните институции. Преку сајтот www.skopje.gov.mk, дојдовме до дел од нив.

Зошто добар паркинг за велосипеди?
Да не чекаме прво да порасне бројот на ученици/студенти кои доаѓаат со велосипед на училиште/факултет, па потоа да направиме паркинг места за нивните велосипеди. Напротив, да ги мотивираме да го користат велосипедот за транспортно средство со поставување соодветни паркиралишта.
Видлив паркинг пред вратите на една образовна институција е моќно средство за промовирање на велосипедизмот како одржлив и здрав транспорт меѓу оние кои не доаѓаат на велосипед и начин на кој институцијата покажува дека ги цени и поддржува оние кои веќе го прават тоа.
Голем дел ученици и студенти би доаѓале со точак на училиште кога би имале соодветна
инфраструктура и паркинг.
Паркингот е најмалата инвестиција која може да се направи за зголемено користење на велосипедот за превоз, а со најголем ефект за нејзината вредност.

Им посакуваме успешна и точакољупска година на сите ученици и студенти. Почеток е на шансата секој од нив да научи нешто ново, но и нова можност за образовните институции да влијаат на подобрување на навиките кај учениците и студентите.
Очекуваме да ја поддржите нашата акција со зголемување на бројот и подобрување на квалитетот на паркинг местата за велосипеди во рамки на вашата институција.
Точакољупско образование за поубаво Скопје!

Со почит,
НаТочак


*#*#*#*#*#*#*#*#*

За крај, еве фотографии од најдобрите.
Драмски факултет - најдобар во односот број на паркинг места со број на ученици/студенти

Факултет за електротехника и информациски технологи и Машински факултет (заеднички паркинг) - најмногу паркинг места, 80
СУГС Георги Димитров - едно од ретките средни училишта што има паркинг за велосипеди, 14 места
Библиотека Браќа Миладинови - најмногу паркинг места помеѓу останатите образовни институции, 26 места.Дополнително, тука е и најбезбедниот паркинг, каде лесно може да се потпре и заклучи велосипедот за рам-от.
На КМ#5 поминувајќи покрај овие 4 локации ќе паузираме и ќе ги поздравиме со аплауз заради позитивниот пример.

Сите фотографии што ги направи НаТочак контролата можете да ги видите тука.

24 September, 2012

Критична маса #5: На школо и факултет со велосипед

Драги точакољупци

Се ближи крајот на месецот, а со тоа и следната критична маса, петта по ред!



Темата на ова возење е: На школо и факултет со велосипед. Направивме мала обиколка низ Скопје. Сликавме 15-тина школи и уште толку факултети за да видиме кои од нив се пријателски наклонети кон точаците и точакољупците и дали имаат соодветен паркинг.

Резултатите не беа баш охрабрувачки. Испративме писма до директорите на сите средни училишта и факултети, потсетувајќи ги дека оваа мала инвестиција од нивна страна ќе претставува еден од клучните фактори поради кои учениците и студентите би се мотивирале и охрабриле да одат на училиште со точак. Детална анализа како и фотогалерија од посетените училишта/факултети ќе биде објавена во еден од наредните блог постови.

Ова возење го посветуваме на училиштата и факултетите. Ќе возиме покрај: Машински/Електро/Технолошки/Финки, СУГС Орце Николов, СУГС Никола Карев, СУГС Ѓорѓи Димитров, Приватна гимназија НОВА, Факултет за Туризам и Менаџмент, Архитектонски/Градежен Факултет, Европски Факултет, СУГС Јосип Броз Тито, СУГС Раде Јовчевски Корчагин и завршуваме на кампусот на св. Кирил и Методиј. Еве ја деталната мапа:


                           

View Критична маса - Скопје на Точак #5 in a larger map


 Во среда не очекува одлично време. Моливите наоштрени, лекциите научени, ранците на грб и сите на точак, во 17.30 на паркингот кај машински факултет, улица Септемвриска Сесија. Се гледаме. Ѕрн ѕрн!!!