01 June, 2012

Работен состанок и прошетка, 02.06.2012

До оние кои се заинтересирани да се вклучат во иницијативата за наредната критична маса:

Се собираме утре (сабота), 02.06, во 10:00 на плоштад Македонија (под Гоце). Толеранција на чекање 10 минути :)

Друго место на чекање, ако сте од западната страна на градот е мостот кај Александар палас во 10:30.

Возиме до Скупи, малку да го запознаеме градот ;-) па до Аквадуктот, каде ќе имаме работен пикник. Земете си нешто за седење, замезување, освежување :)

Ќе се дискутира на следните теми:
-евалуација на првата критична маса, добри и лоши страни и како да се конципира наредната
-дизајн на лого и уредување на блог
-дали и какви барања да се упатат со наредната критична маса?

Ако не можете да присуствувате, а имате идеи со кои сакате да помогнете, eве ги контактите:

twitter: http://www.twitter.com/NaTochak
хаштаг: #NaTochak
facebook: http://www.facebook.com/NaTochak
e-mail: natochak@gmail.com

22 May, 2012

Критична Маса - Скопје на Точак #1 30.05.2012

Драги точакољупци, време е Скопје да го добие својот прв настан од ваков калибар - критична маса. Резервирајте го 30 мај 2012 во вашите планери. Не планирајте кафана после работа. Не планирајте ни да заглавувате на работа. Не ја планирајте ни вашата попладневна дремка на тој ден. Наместо тоа подмачкајте го вашиот точак и дојдете на дружба на каква што не сте биле до сега.

1. Генерални информации:

30.05.2012, среда
Критична маса - Скопје на точак!

View Критична маса - Скопје на Точак #1 in a larger map
Собирно место: паркинг пред Зоолошка градина, 17:30 Патека: Зоолошка -> Рузвелтова -> Буњаковец -> Рекорд -> Црвен Крст ->  Мавровка -> Влада -> Совет на Град Скопје (Парк)


2. Повик:
До сите кои возат точак и сакаат Скопје да стане пријателски град за велосипедисти.
Дојдете да го славиме заедно возењето со педали и човечка сила.
Да покажеме дека постоиме и да раснеме!
Велосипедот треба да си го добие заслуженото место на улиците! Мало упатство за учесниците може да најдете тука.

3. Социјални мрежи/контакт:
twitter: www.twitter.com/NaTochak
хаштаг: #NaTochak
facebook: www.facebook.com/NaTochak
facebook настан: https://www.facebook.com/events/419497271414656/
e-mail: natochak@gmail.com