07 February, 2018

Winter bike to work day - Skopje #4

Датум: петок, 9.02.2018
Почеток: 0:00
Крај: 23:59
Место: Цело Скопје, цел свет!

--------------------------------------------------------------------
Facebook настан: линк
Интернационален сајт: линк
Мапа на локали кои имаат поволности за посетителите на точак:
линк

---------------------------------------------------------------------





И оваа година се придружуваме на интернационалниот Winter Bike to Work Day. Запомнете го денот - 9ти февруари. 

Дотогаш имате доволно време да ги извадите велосипедите од гаража, да ја избришете прашината, да ги напумпате гумите и да ги ставите во погон многу порано отколку обично. Пробивањето на комфорната зона е процес кој што најмногу се мотивира преку личен пример. Бидете пример за другите дека нема лошо време, туку само лоша опрема.

Што треба да направите? Регистрирајте се на сајтот https://winterbiketoworkday.org/ и обврзете се дека тој ден ќе движите НаТочак до вашата секојдневна дестинација, синхронизирано заедно со мноогу луѓе низ цел свет.

А кога ќе дојде D-Day постирајте ваши слики со интернационалниот хаштаг #WinterBikeToWorkDay или #WinterBikeToSchoolDay и/или локалниот: #WBTWDSkopje (за работа) или #WBTSDSkopje (за образование) и пофалете се за Вашиот транспортен избор тој ден.



Ги повикуваме кафулињата, баровите, рестораните, продавниците за велосипедска опрема и сите останати деловни субјекти да се вклучат во славењето на овој ден преку овозможување на најразлични поволности, попусти и награди за оние кои ќе дојдат на точак до нивните локали и ќе купат нивен производ/услуга. Користете го просторот на Facebook настанот за промоција на Вашите Вело-поволности или испраќајте ни на мејл (natochak@gmail.com) или во порака на Facebook страницата на НаТочак и ние ќе ги објавуваме Вашите промоции.

Ги повикуваме и сите јавни институции, министерства, општини, јавни претпријатија, училишта, факултети, но и сите приватни компании да се придружат на оваа иницијатива, да бидат креативни и да ги мотивираат своите вработени и ученици/студенти на овој ден да дојдат на работа/на школо на точак.

Секој може да направи свој настан, свои промотивни материјали, свои понуди, свои награди за своите посетители / вработени/ ученици кои ќе пристигнат на точак тој ден.
Иницијативата е интернационална и отворена, придружете се! 

Да го ставиме Скопје на светската вело-мапа! 


P.S. На светската ранг-листа по бројот на пријавени поединци кои на сајтот winterbiketoworkday.org се обврзале дека во петок, 9-ти февруари ќе одат на работа со точак, Скопје се наоѓа на 5-то место (последно проверено во 13:30, 7.02.2018)






На следнава мапа ги има локалите кои даваат поддршка на овој ден со топол пречек за сите точакољупци ;) Да ги посетиме, на точак. 


28 January, 2018

Промотивни материјали за КМ #69: И маалските улици се за точаци!

[дизајн: Сергеј Пулиос]

Промотивните материјали од овој блог-пост може слободно да се споделуваат, печатат, да се лепат на соодветни локации во градот, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови.
Однапред ви благодариме на сите за помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #69, и уште повеќе сфаќањето дека сите улици треба да се пријателски за точаци!
На Сергеј ми благодариме што ни илустрираше кои состојби треба да паднат во сенка, а кои да ја видат светлината на денот.

МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ
  • Постер, верзија за печатење: линк (.jpg)
МАТЕРИЈАЛИ ЗА ВЕБ
постер, верзија за веб

Facebook cover (820 x 310) 

Facebook cover (820 x 310)

Facebook event cover (1920 x 1080)

Facebook event cover (1920 x 1080)