29 October, 2012

Промотивни материјали КМ#6

Промотивни материјали за КМ6 - Стави светло, пушти зрак, доста беше велосипедски мрак!

Банери

851х314 пиксели











500х500 пиксели
 


















Плакати

KM6 Plakat A3 PRINT.pdf

jpg




















Флаери

KM6 flaer.pdf

jpg













28 October, 2012

Критична Маса #6: Стави светло, пушти зрак, доста беше велосипедски мрак!

Драги точакољупци!

Измина пола година од првата Критична Маса. Се наближува и последната среда во овој врнежлив Октомври, а со тоа и шестата по ред Критична Маса во Скопје. 

Минатата Критична Маса не` стемни на крајот. Овој пат целата рута ќе возиме во темница. Осигурајте се дека светлата на вашиот велосипед се исправни, проверете си ги „мачкините очи“ и напумпајте си ги гумите. Доколку сакаме рамноправност на улиците, мора да се однесуваме одговорно.

На мапата подоле можете да ја видите рутата. „Извичниците“ означуваат места каде што ќе се чекаме за да ја направиме групата покомпактна, „полицајците“ се раскрнци каде ќе зачепуваме (corking). Обрнете внимание дека нема да зачепуваме на сите раскрсници. Внимателно и одговорно - сите сме одговорни за личната и безбедноста на групата.


View Критична маса - Скопје на точак #6 in a larger map

Бидете внимателни на кружните текови, раскрсниците и угорниците. Доколку дува или врне, облечете се подебело и носете кабаница. И пријавете го своето присуство на Фејсбук настанот.

Доколку сте во можност, секоја помош во промоција на настанот е добродојдена. Промотивни материјали за КМ6 можете да најдете тука.

Се гледаме во 17.30 на 31 Октомври на плоштад, пред новата зграда на Телеком.

За да не видат, треба да сме видливи. Имајте светла и земете флуоресцентна облека.
За да не чујат треба да сме гласни. Ѕвончиња на волан, вувузела низ булеварите, песна низ населбите.

Стави светло, пушти зрак, доста беше велосипедски мрак.

07 October, 2012

Анкета на точак