Јануарската Критична маса - Скопје на точак, деветта по ред, ја посветивме на скопскиот загаден воздух, особено забележлив во зима. Темата на ова возење беше „Избори се за воздух!“.
Преку повикот за КМ#9 истакнавме зошто загадувањето во Скопје не смее да се игнорира. Како едно од комплексот решенија го понудивме велосипедот, еколошко превозно средство кое не загадува. Покрај крупните чекори кои еден град треба да ги направи за да стане похумано место за живеење, значајни се и малите, кои ги правиме сите ние со секојдневниот избор на начин на движење низ градот, меѓу другото.
Секојдневно чадите или возите точак? :)
Патеката ја осмисливме така што ги опфати некои од најголемите индустриски загадувачи во Скопје и се движеше по делници по кои секојдневно транзитираат луѓе од околните населби кон центарот на градот и обратно, но тоа најчесто го прават со автомобил место со одржливи методи на транспорт.
View Критична маса - Скопје на точак #9 in a larger map
Улиците по кои се движевме не се најпријатни за возење на точак, дури ни оние ретките кои имаат велосипедска патека во својот профил. Секоја чест на малкутемина кои сепак возат велосипед секојдневно таму! Боја која се разлева во сивоста и која еден ден се надеваме ќе доминира!
Пораката на КМ#9 сакавме дополнително да ја зајакнеме со тоа што сите учесници носеа маски, а носевме и зелени транспаренти со еколошки пораки врз себе и на точаците.
Малите чекори секој од нас може да ги прави сам, но КМ (критична маса) е можност да се покаже бројност и свесност по одредени прашања. Оттаму и следниот духовит слоган:
На стартот, на игралиштето на Р.Ј Корчагин, дојдоа помеѓу 70 и 80 велосипедисти и ја извозеа рутата до плоштадот во Автокоманда. Тргнавме со мало задоцнување, па мораше да ги поделиме транспарентите подоцна, на паузата пред Усје (малку ги изненадивме чуварите со еден куп точаци :)), но цело возење помина одлично. А групата покажа највисока компактност од сите критични маси досега!
Благодарност до сите учесници кои дојдоа во подеднакво добар број како на претходните зимски критични маси и покрај долгата рута, ладното време и индустрискиот дел од градот!
Особено задоволство ни беше што со нас возеа и двајца велосипедисти од Британија кои точно во овие денови се затекнаа во Скопје на нивното патување од Британија до Непал со точак. Иако со големо интернационално искуство со возење точак, ова им беше прва критична маса на која учествуваат. Ќе објавиме видео деновиве.
Благодарност до точакољупците и за донациите во кутијата во износ од 1955 денари. Трошоците за КМ#9 за печатените материјали и маските изнесуваа: 1229 денари и со тоа моменталната состојба на буџетот заедно со останати пари од претходни КМ е 3176 денари.
Благодарност и до кафулето Ле Петит во Автокоманда, кои го донираа чајот за сите учесници на КМ#9.
Благодарност и до Кирил Стоилков кој ги подготви промотивните материјали и до Foolish Green кои ни направија џингл. (достапни тука)
Подолу се наоѓаат фотографии и видеа од КМ#9.
Преку повикот за КМ#9 истакнавме зошто загадувањето во Скопје не смее да се игнорира. Како едно од комплексот решенија го понудивме велосипедот, еколошко превозно средство кое не загадува. Покрај крупните чекори кои еден град треба да ги направи за да стане похумано место за живеење, значајни се и малите, кои ги правиме сите ние со секојдневниот избор на начин на движење низ градот, меѓу другото.
Секојдневно чадите или возите точак? :)
Патеката ја осмисливме така што ги опфати некои од најголемите индустриски загадувачи во Скопје и се движеше по делници по кои секојдневно транзитираат луѓе од околните населби кон центарот на градот и обратно, но тоа најчесто го прават со автомобил место со одржливи методи на транспорт.
View Критична маса - Скопје на точак #9 in a larger map
Улиците по кои се движевме не се најпријатни за возење на точак, дури ни оние ретките кои имаат велосипедска патека во својот профил. Секоја чест на малкутемина кои сепак возат велосипед секојдневно таму! Боја која се разлева во сивоста и која еден ден се надеваме ќе доминира!
Пораката на КМ#9 сакавме дополнително да ја зајакнеме со тоа што сите учесници носеа маски, а носевме и зелени транспаренти со еколошки пораки врз себе и на точаците.
Малите чекори секој од нас може да ги прави сам, но КМ (критична маса) е можност да се покаже бројност и свесност по одредени прашања. Оттаму и следниот духовит слоган:
УПМ со ПМ, одам на КМ! (ПМ се малите штетни честички во воздухот) |
Благодарност до сите учесници кои дојдоа во подеднакво добар број како на претходните зимски критични маси и покрај долгата рута, ладното време и индустрискиот дел од градот!
Особено задоволство ни беше што со нас возеа и двајца велосипедисти од Британија кои точно во овие денови се затекнаа во Скопје на нивното патување од Британија до Непал со точак. Иако со големо интернационално искуство со возење точак, ова им беше прва критична маса на која учествуваат. Ќе објавиме видео деновиве.
Благодарност до точакољупците и за донациите во кутијата во износ од 1955 денари. Трошоците за КМ#9 за печатените материјали и маските изнесуваа: 1229 денари и со тоа моменталната состојба на буџетот заедно со останати пари од претходни КМ е 3176 денари.
Благодарност и до кафулето Ле Петит во Автокоманда, кои го донираа чајот за сите учесници на КМ#9.
Благодарност и до Кирил Стоилков кој ги подготви промотивните материјали и до Foolish Green кои ни направија џингл. (достапни тука)
Подолу се наоѓаат фотографии и видеа од КМ#9.
Низ Кисела Вода [фото Мартин Стојановски] |
„Радувај се, не загадувај се! (себе)“ - еден од зелените транспаренти [фото Мартин Стојановски] |
Малата пауза пред Цементара ја искористивме за лепење на транспарентите. [фото Мартин Стојановски] |
По бул. Србија |
Низ Аеродром |
Пристигнување во паркот во Автокоманда [фото Мартин Стојановски] |
И се разбира кревање на точаците [фото Мартин Стојановски] |
Насмеани лица на крај [фото Мартин Стојановски] |
[видео: Раде Марковски]
[видео: karas4training]
Се гледаме на 27.02.2013 на КМ#10!
0 comments:
Post a Comment