На крајот на месец декемви, во очи носењето годишни програми и буџети на локалната самоуправа, НаТочак испрати допис до Град Скопје и до општините, до градоначалниците, до членовите на Советите, до раководителите на релевантни сектори во администрацијата.
Мејлот и документот со предлози со кој се обративме до одговорните страни во Град Скопје е во продолжение.
-------------------------
Почитувани,
Ве контактираме со овој допис, свесни дека во овој период се носат годишни програми и буџет за следната година. Очекуваме како советници кои нѐ претставувате нас како граѓани да ги разработите темите во соодветни амандмани, а вработените во Секторите да ги вклопат предлозите во своите програми и начин на работа.
За некои од наведените предлози е потребно издвојување на специјални буџетски средства, а за некои само волја работите кои и онака се прават, да се прават на друг начин.
Ова се темите кои ги издвојуваме како суштински за велосипедскиот сообраќај и кај кои сакаме да видиме промена во 2020-та.
Попрецизни предлози низ конкретни средства очекуваме од самите вработени и советници направени врз база на нашите и заложбите на Градот да стане град пријателски за велосипеди, а ние би можеле да дадеме кога би имале попрецизен буџет пред себе.
Се надеваме на позитивен одговор.
Со почит, НаТочак -------------------------
Документот е достапен во облик на документ на следниот линк или како текст, во продолжение:
-------------------------
3. Нула жртви од сообраќај во Скопје
5. Вардарска зелена магистрала
Со почит,
-------------------------*Сличен допис беше испратен и до одговорните страни при Општина Центар. Блог-постот за тој допис е достапен на линкот: https://natochak.blogspot.com/2019/12/2020.html
Мејлот и документот со предлози со кој се обративме до одговорните страни во Град Скопје е во продолжение.
-------------------------
Почитувани,
Ве контактираме со овој допис, свесни дека во овој период се носат годишни програми и буџет за следната година. Очекуваме како советници кои нѐ претставувате нас како граѓани да ги разработите темите во соодветни амандмани, а вработените во Секторите да ги вклопат предлозите во своите програми и начин на работа.
За некои од наведените предлози е потребно издвојување на специјални буџетски средства, а за некои само волја работите кои и онака се прават, да се прават на друг начин.
Ова се темите кои ги издвојуваме како суштински за велосипедскиот сообраќај и кај кои сакаме да видиме промена во 2020-та.
Попрецизни предлози низ конкретни средства очекуваме од самите вработени и советници направени врз база на нашите и заложбите на Градот да стане град пријателски за велосипеди, а ние би можеле да дадеме кога би имале попрецизен буџет пред себе.
Се надеваме на позитивен одговор.
Со почит, НаТочак -------------------------
Документот е достапен во облик на документ на следниот линк или како текст, во продолжение:
-------------------------
До: Град Скопје
Градоначалник на Град Скопје
Претседател на Совет на Град Скопје
Советници
Градоначалник на Град Скопје
Претседател на Совет на Град Скопје
Советници
Сектор за планирање и уредување на просторот
Сектор за сообраќај
Сектор за заштита на животната средина и природата
Сектор за јавни дејности
Сектор за сообраќај
Сектор за заштита на животната средина и природата
Сектор за јавни дејности
Почитувани,
Ве контактираме со овој допис, свесни дека во овој период се носат годишни програми и буџет за следната година. Очекуваме како советници кои не’ претставувате нас како граѓани да ги разработите темите во соодветни амандмани.
Иако дел од работите кои ги споменуваме се веќе предвидени во Планот за унапредување на велосипедскиот сообраќај, усвоен од самиот Совет на Град Скопје пред неколку месеци, сепак не сме сигурни дека се предвидени и во програмите и Буџетот на Град Скопје, па сакаме да ве потсетиме на најважните работи.
На пример, прва точка во Акцискиот план е: 1.1.1 Обезбедување на буџет за унапредување на велосипедската инфраструктура во Скопје и како индикатор за активноста стои: Посебна ставка во Буџет на Град Скопје за изградба, реконструкција и одржување на велосипедска инфраструктура. Тоа во нацрт-Буџетот за 2020-та не е видливо, па оттука се раѓа сомнежот дека овој план не е воопшто (или значајно) вклучен при кроење на Буџетот.
За останатите точки од АКЦИСКИОТ ПЛАН ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА МЕРКИТЕ ОД ПЛАНОТ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕДСКИОТ СООБРАЌАЈ ВО СКОПЈЕ погледнете ја табелата од страна 20 до страна 35 во споменатиот план (https://skopje.gov.mk/media/4370/predlog-plan-za-unapreduvanje-na-velosipedski-soobrakaj-2019-2021.pdf)

Наоѓајќи се пред почеток на нова година, сметаме дека е соодветно да ја споделиме нашата визија за суштински промени во начинот на кој се планира и функционира Градот, а која може и треба да се вгради во програмите на Секторите.
За некои од наведените предлози е потребно издвојување на специјални буџетски средства, а за некои само волја работите кои и онака се прават, да се прават на друг начин.
Ова се темите кои ги издвојуваме како суштински и кај кои сакаме да видиме промена во 2020-та. 1. Генерален урбанистички план на Град Скопје
Ова се темите кои ги издвојуваме како суштински и кај кои сакаме да видиме промена во 2020-та. 1. Генерален урбанистички план на Град Скопје
Град Скопје најави дека почнува да работи на новиот Генерален урбанистички план. Очекуваме работата на него да биде со максимална отвореност и вклученост на граѓаните, иако заостанатата законска регулатива не го бара тоа.
Во ситуација на климатски хаос, огромно загадување, физичка неактивност на населението, небезбедност во сообраќајот итн, ќе се согласите дека работите мора ИТНО да се променат. Новиот план мора да почива на поинакви вредности: одржливост, заштита на животна средина, здравје, безбедност, во споредба со досегашните: неодржливост, негрижа за животната средина, автоцентричност, грижа за брзината на автомобилите.

Таквата промена не е само велосипедски или пешачки, туку е и општ, јавен интерес.
Бараме новиот ГУП да се постави на сосема поинакви цели и планска програма, да не се планира за зголемен, туку за намален % на автомобилизација. Да се прави планирање за посакувана иднина (помало користење автомобили и поголемо користење на одржлив транспорт), а не реагирање на постојни тенденции (зголемување на користењето на автомобилот). Секторот за планирање да планира, а не да реагира.
Сообраќајниот систем да се планира по превртената сообраќајна пирамида каде пешачењето е на врвот, второ е возењето велосипед, трет е системот на јавен превоз, потоа е доставата и на крај е индивидуалниот автомобилски превоз. Исто така, ГУП-от мора да се погрижи за добра размена-интермодалност меѓу сите начини на превоз.

- ГУП-от мора да вгради обврска за вградување решенија за велосипедски сообраќај во сите типови сообраќајници: транзитни и градски магистрали - највисок стандард - велосипедски патеки издвоени со зеленило; собирни и сервисни улици - издвоени велосипедски патеки; станбени и сервисни улици - велосипедски ленти или споделен коловоз со автомобили и успорување на сообраќајот. (- примерите се дадени само како илустрација, а точната класификација треба да се направи според табела). Разликата може да е во типот на решенија, а велосипедско решение да мора да има за секоја улица во градот. Доволно долго време (со децении) се подразбира дека една улица мора да предвиди решение за автомобили, а не се подразбира дека мора да предвиди достоинствено решение за велосипеди или пешачење. Таквите настојувања ни донесоа нездрав и заглавен град. Пристапот мора да се промени.
- ГУП-от 2022-2032, но и регулациските планови кои се планираат да се работат во 2020-та според ГУП-от 2012-2022, треба да пропишат обврска за велосипедски паркинг која ќе се пренесе во сите детални урбанистички планови и во проектите на сите нови објекти, без оглед на намената. Оваа обврска може да се донесе и како одлука на Совет на Град Скопје. Една од главните пречки поради кои луѓето не користат велосипед е непрактичноста на неговото користење, мораат да го носат во лифтови, да го креваат по скали, да го оставаат по ходници од згради, по станови или на тераси. Тоа создава пречки, нехигиена и нелагодност, а дополнително, само најагилните можат да го прават сето тоа кревање на дневна основа и тоа спречува користењето велосипед да се рашири. Затоа, барем новите објекти кои ќе се градат мора да предвидат задолжителен паркинг за велосипеди. Колку порано се донесе ова во вид на одлука на Град Скопје, толку подобро.
- Обврска за предвидување простор за урбана опрема надвор од профилот на патеките во сите идни детални планови, архитектонски и сообраќајни проекти кои ќе се работат. Во моментов се даваат максимум можна широчина и број на ленти за автомобилски сообраќај, а за пешачки и велосипедски, колку ќе остане место. Тоа место исто така се користи за складирање на урбаната опрема во предвидениот (понекогаш и минимален) профил за движење на пешаци и велосипеди.
- Зголемувањe на стандардите за пешачки и велосипедски сообраќај. Самиот ГУП или регулациски планови можат да пропишат стандарди повисоки од националните (без да се чека измена на правилници). Ако сакаме Скопје да стане Град за луѓе, не можеме да го направиме тоа со тротоари од 1.5 метри во кои метар и пол се сместени и бандери и дрвја. Бараме планирање пошироки тротоари од 1,5 метри; минимум 2,5 метри за да може да се сместат светилки, столпчиња и минимум 3,5 метри за да може да се планираат дрвореди и поставување урбана опрема во иста линија со нив, како контејнери, клупи итн. Стандардите мора да ги зголемуваме. Ова е особено важно за новите детални планови кои се носат, но и кај старите треба да се ревидираат решенијата. 2. Центар за управување и контрола на сообраќајот
Ако ја напуштаме автоцентричноста како принцип и се стремиме кон мултимодалност, тоа мора да се направи на сите нивоа, а меѓу нив е и прибирањето податоци. Бараме да почне да се трансформира ЦУКС од центар за броење возила, во центар за прибирање податоци за сите типови сообраќај: вклучително и патувања со автобус, патување со велосипед, пешачење, како и нивно анализирање.
Бараме да се препрограмираат семафорите, така што како влезен податок ќе го земат и потребното време за премин на пешаците и велосипедите. Времето за пешаци да се продолжи барем на клучни фреквентни крстосници, а велосипедите да добијат поран старт од автомобилите за да бидат полесно видливи.
Бараме да се постават мерачи за велосипеди на клучни позиции низ градот.
3. Нула жртви од сообраќај во Скопје
- Со оглед на најновите сознанија за безбедноста и пристапот Визија нула со кој одговорноста се става на системот и повеќе на инфраструктурата отколку на индивидуата, бараме и Скопје да донесе своја “Визија нула“ поточно визија за нула жртви во сообраќај, поточно стратегија за системски промени за зголемување на безбедноста во сообраќајот.
- Во таа насока, а по примерот на Париз, Лондон итн. бараме во Скопје за стандардна брзина да се изгласа 30 km/h. За повисоки брзини, улицата да мора “да заслужи“. Да се смени пристапот од досегашниот каде 50 km/h е стандардна брзина, а за пониски брзини, зони Школо итн. да треба да се борат граѓаните. -50 km/h е брзина која е безбедна само кога се целосно физички издвоени пешачкиот, велосипедскиот и автомобилскиот сообраќај, што значи би била дозволена само на некои (не сите) улици од примарната мрежа кои имаат издвоена и пешачка и велосипедска инфраструктура. -40 km/h да може да се дозволи на оние улици кои имаат издвоена пешачка инфраструктура, а велосипедските ленти се на коловоз. -30 km/h да биде стандардна брзина за најголем дел од мрежата (станбени улици) која има издвоена пешачка инфраструктура (тротоари), но нема простор за посебни велосипедски патеки и ленти. Се смета дека автомобилите и велосипедите може безбедно да коегзистираат во простор каде ограничувањето е 30 km/h. За оваа мрежа да е целосно безбедна, побаравме измени на законската регулатива со кои на станбени улици и улици од пониска категорија ќе се дозволи возење велосипед на средина на коловозната лента, за што се надеваме дека ќе добиеме и поддршка од Градот. На тој начин би добиле стотици километри пријателска мрежа за велосипеди низ Градот само со соодветни означувања. -20 km/h да биде ограничување за оние улици кои немаат издвоена ниту пешачка инфраструктура, па и пешаците и велосипедите се принудени да го споделуваат просторот со автомобилите.
- Бараме задолжително стеснување на коловозните ленти при реконструкции на улици до минимумот соодветен за проектната брзина (50 km/h, 40 km/h, 30 km/h). Во градска средина не смее да има ленти пошироки од 3 метри (тие се за проектна брзина од 60 km/h, а уште помалку 3.5 м за проектна брзина од 90 km/h). При реконструкциите доколку не може да се менуваат инфраструктурите (атмосферска канализација итн.) доволно е да се направи поинакво исцртување на лентите со цел да се поттикне побезбедно однесување кај возачите.
- Бараме смирување на сообраќајот со физички елементи: стеснување на ленти, искривување на коловоз, подигнати крстосници, подигнати пешачки премини.
- Бараме целосен редизајн на крстосниците по примерот на холандските крстосници: без специјално лево и десно за автомобили, пошироки острови за пешаци и велосипеди, континуирано што поправолинско движење на велосипеди (не цик-цак), поширок пешачки простор, пократки дистанци за преминување на пешаците и помали радиуси на свртување за возилата.
Од ова ↑ кон ова ↓
- Поддржуваме да продолжи поставувањето столпчиња како пракса до конечно активирање на МВР или локална полиција
- Бараме решавање на конфликтните точки меѓу пешаци и велосипеди (при чекање на семафор, на автобуски постојки, на пешачки острови итн).
4. Скопје велоград
- Доградба на планираните патеки од проектот Скопје велоград во 2020-та и изработка на нов план за проширување на мрежата
- Потпишување соработка со 10-те општини за заедничка работа на Скопје велоград.
- Решавање на критичните точки од постоечката мрежа
- Поставување на велосипедски паркинзи
- Почитување на зацртаните активности за 2020-та од Планот за унапредување на велосипедскиот сообраќај 2019-2021 и издвојување на буџет за секоја од нив.
1.1.1 Посебна ставка во Буџет на Град Скопје за изградба, реконструкција и одржување на велосипедска инфраструктура
1.1.2 Потпишување на декларација за хиерархијата на учесниците во сообраќајот од страна на Градоначалникот на Град Скопје и другите Градоначалниците на Општините во Град Скопје
1.2.2 (со измена) Иницијатива за одредување на Ден без автомобили на избрана улица од примарната улична мрежа во Скопје. Во соработка со општините може паралелно да се одвива и на повеќе улици од секундарната мрежа
1.2.3 Организирање на теоретски и практични обуки за возење велосипед во основните и средните училишта
1.2.3 Организирање на теоретски и практични обуки за возење велосипед во основните и средните училишта
1.2.4 Формирање на центар за информирање, едукација и промоција на возење велосипед со полигон за обука за безбедно возење на велосипед
2.1.1 Подготовка на предлог правилник за велосипедска инфраструктура и доставен до Министерство за транспорт и врски
2.2.2 Изработка на план за унапредување и проширување на велосипедската мрежа во Скопје за периодот 2020 – 2021
2.3.1 Изработка на план за поставување на објекти и опрема за паркирање на велосипеди во Скопје за периодот 2020 – 2021
3.1.1 Воведување на велосипедска станица (со услуги за изнајмување, краткотрајно и долготрајно паркирање и поправка на велосипеди) во рамките на транспортниот центар во Скопје
3.1.4 Воведување на можности за транспорт на велосипед со возилата на операторите за јавен транспорт
3.2.1 Воведување на автоматизиран систем за споделување на велосипеди
5. Вардарска зелена магистрала
- Бараме итно деблокирање на патеката во центарот околу мостот за Панорамското тркало
- Бараме да се изготви план за продолжување на патеката во деловите кои недостасуваат од двете страни на реката кон исток и запад, заедно со план за изградба на пешачко-велосипедски мостови и пристапни возливи рампи кои ќе ја интегрираат во остатокот од мрежата
- Бараме да почне изградба на дел од рампите
- Сите новопланирани мостови (Асном, Љубљанска, Климент, Илинден) да вклучуваат задолжително пешачка и вело-инфраструктура како и современи решенија вградени во самиот дизајн на мостот (не прилепени) за директен пристап со рампи и скали кон кејот за пешаци и велосипеди.
- Подготовка на студија за поврзување со соседните населени места во Скопската котлина и соседните градови како дел од Еуро вело рутата 11 која ги поврзува Норвешка и Грција и минува низ Скопје.
Со почит,
НаТочак
неформално здружение за урбан велосипедизам
За подобро вело - Скопје
e-mail: natochak@gmail.com
blog: natochak.blogspot.com
TW : twitter.com/NaTochak
-------------------------
0 comments:
Post a Comment