31 December, 2012

Извештај од КМ#8 - 26.12.2012

Има многу работи кои пречат во возењето точак низ градот. Скопје не е најлошиот, но не е ни пријателски велосипедски град во начинот на кој градските политики, планирањето, фактичката изведба на улиците и општата сообраќајна култура го третираат овој вид на сообраќај. Несовршената состојба е причина да реагираме и да се собираме, но не е причина и да не се радуваме на возењето. За што би барале подобри услови ако не за нешто во кое уживаме? J Осмата критична маса како и сите претходно, ако не и повеќе, помина во тој дух. Претходно, во пресрет на почетокот на Новата година, место флаери подготвивме честитки на македонски и во електронска...

30 December, 2012

Најукрасени точаци на КМ#8

Кој вели дека за нова година се китат само елки? Голем дел од учесниците на Критична маса #8 новогодишно ги украсија своите точаци. Еве дел од најукрасените. ...

23 December, 2012

Критична Маса #8 - новогодишно возење

Датум: 26.12.2012 Место: плато покрај Пошта (пред мост Гоце Делчев) Време: 17.30 Со 2 јасни желби: повеќе луѓе на точак во новата година и подобрени услови за возење точак, ќе ја возиме осмата Критична маса, последна за оваа година. Првото го условува второто и второто го поттикнува првото. Да го движиме кругот! :) Да мотивираме, славиме, критикуваме и да продолжиме да стискаме педали за поубави места за живеење! Облечете се топло и накитете ги точаците. Ова е свечено предновогодишно возење! :) Опремете се со светла и звуци, да бидеме видливи, гласни, но и внимателни едни кон други и другите учесници во сообраќајот. Ќе возиме околу строгиот центар и завршуваме на плоштад Македонија каде ќе не' чекаат чајче и честитки.Ова е рутата на движење: View Критична маса - Скопје...

Промотивни материјали КМ#8

Промотивни материјали за КМ#8 - новогодишно возење! Плакати За печатење (tif) (само preview-то има изменети бои) jpg Честитка За печатење (pdf) - предна страна (македонски) За печатење (pdf) - задна страна (македонски) За печатење (pdf) - две страни (албански) За печатење (pdf) - две страни (англиски) Предна страна (македонски) Задна страна (македонски) Предна страна (албански) Задна страна (албански) Предна страна (англиски) Задна страна (англиски) Банери 900 x 800 980 x 100 Cover...

Pages 111234 »