Датум: 28.11.2012
Место: Паркингот карши Фонтана Парк
Време: 17.30
Кога ќе се спомне булевар, помислуваме на широки автомобилски ленти, но не и на велосипедски патеки. А булеварот треба да е спој од повеќе видови сообраќај и зеленило!
Кога ќе се спомне проширување на улици, никој не помислувa на проширување на делот за велосипеди. А патеките за велосипеди се суштински дел од решението на сообраќајните проблеми!
Кога се реконструираат/обновуваат улици, додека автомобилските ленти се квалитетно израмнети, велосипедските евентуално се поплочуваат. А велосипедот со тесните гуми е најчувствителното превозно средство на површината по која се движи!
Се зборува за проточност на возилата, но не и на велосипедите.
Бандери, билборди, канти за ѓубре и знаци на сред велосипедска патека,...