Има многу
работи кои пречат во возењето точак низ градот. Скопје не е најлошиот, но не е
ни пријателски велосипедски град во начинот на кој градските политики, планирањето, фактичката изведба на улиците и општата
сообраќајна култура го третираат овој вид на сообраќај.
Несовршената состојба е причина да реагираме и да се собираме, но не е причина и да не се радуваме на возењето. За што би барале подобри услови ако не за нешто во кое уживаме? J
Несовршената состојба е причина да реагираме и да се собираме, но не е причина и да не се радуваме на возењето. За што би барале подобри услови ако не за нешто во кое уживаме? J
Осмата
критична маса како и сите претходно, ако не и повеќе, помина во тој дух.
Претходно, во пресрет на
почетокот на Новата година, место флаери подготвивме честитки на македонски и во електронска форма на англиски и албански јазик. Слободно споделувајте ги до вашите пријатели!
Нив и другите материјали
ни ги дизајнираше Иван Петрушевски Флим. Нему и на сите претходни дизајнери им
благодариме за поддршката на наТочак со точакољупски дизајни!
Честитките се
делеа како најава на КМ8 на луѓе кои ги забележувавме на точак низ град, на
нашите поддржувачи, a им пративме по пошта на институциите одговорни за условите за возење точак во градот.
Ним им посакуваме да почнат да вртат педали во новата година и да го подобруваат квалитетот на животот, и личен и градски ;)
Градоначалник на општина Аеродром
Ивица Коневски
Ул. Венјамин Мачуковски бр.6 Б
1000 Скопје
|
Синиша Ивановски
ЈП Улици и патишта
ул. Коле Неделковски бр. 38
1000 Скопје
|
Градоначалник на општина Бутел
Петре Латиновски
Ул. Бутелска бр.4
1000 Скопје |
Борче Јакимовски
ЈП Градски Паркинг- Скопје
бул. Илинден бб
1000 Скопје
п. фах. 739
|
Градоначалник на општина Гази Баба
Тони Трајковски
Бул. Александар Македонски бб
1000 Скопје
|
Мишо Николов
Јавно сообраќајно претпријатие
Бул. Александар Македонски бр. 10
1000 Скопје
|
Градоначалник на општина Ѓорче Петров
Сокол Митревски
ул. Ѓорче Петров бр.73
1000 Скопје
|
Душан Авировиќ
ЈП Паркови и зеленило
Илинденска бб
1000 Скопје |
Градоначалник на општина Карпош
Стевче Јакимовски
ул. „Демир Трајко“ бр.43
1000 Скопје
|
Ракип Дочи
Јавно комунално претпријатие Комунална хигиена
Ул."7 јули" бр.40
1000 Скопје
|
Градоначалник на општина Кисела Вода
Марјан Ѓорчев
Бул. Првомајска б.б.
1000 Скопје |
Маргарита Бакев
ЈП Паркинзи на Општина Центар Ул.8-ма Ударна бригада бр.20а 1000 Скопје |
Градоначалник на општина Сарај
Беким Мурати
Рекреативен центар Сарај, б.б
1000 Скопје
|
|
Градоначалник на општина Центар
Владимир Тодоровиќ
Ул. Михаил Цоков б.б.
1000 Скопје
|
Министер Гордана Јанкуловска
Министерството за внатрешни работи
Ул. Димче Мирчев бр. 9
1000 Скопје
|
Градоначалник на општина Чаир
Изет Меџити
Бул. Христијан Тодоровски бр.5
1000 Скопје
|
Министер Миле Јанакиески
Министерство за транспорт и врски
Плоштад Црвена Скопска општина
бр. 4
1000 Скопје
|
Градоначалник на општина Шуто Оризари
Елвис Бајрам
Ул. Виетнамска б.б.
1000 Скопје
|
Министер Абдулаќим Адеми
Министерство за животна средина и просторно планирање
Ул. „Дрезденска“ бр. 52
1000 Скопје
|
Градоначалник на град Скопје
Коце Трајановски
Бул. Илинден бр.82
1000 Скопје
|
Ним им посакуваме да почнат да вртат педали во новата година и да го подобруваат квалитетот на животот, и личен и градски ;)
Со КМ8 Ја заклучивме
2012-та славејќи го возењето точак во многу убава атмосфера. И покрај
скопските магли, ниските температури и блокираните улици заради протести во градот. Благодариме на сите учесници
за тоа!
Ја извозивме
оваа рута непосредно околу центарот на градот:
View Критична маса - Скопје на точак #8 in a larger map
и завршивме на плоштад Македонија каде не’ чекаше топло чајче или кафе и честитки за присутните.
View Критична маса - Скопје на точак #8 in a larger map
и завршивме на плоштад Македонија каде не’ чекаше топло чајче или кафе и честитки за присутните.
Добар дел од
учесниците на Критична маса сериозно го сфатија повикот за осветлување на
точаците и нивно новогодишно украсување, што уште повеќе придонесе за убавата
атмосфера.
Еве како
помина возењето низ серија фотографии и едно видео:
Се собираме на платото покрај Пошта... |
Спремни за студот... |
И спремни за новогодишно возење... |
И не се само точаците украсени :) |
Спремни за тргнување? |
„Јас сум спремна!“ |
Спремни и за да бидеме забележани во мракот! |
Па и не само Скопје, нели? Воопшто не е лоша идејата и за велосипедски поврзана Македонија! :) |
Идејата на критична маса е да остави траг... |
кај учесниците и минувачите... |
Заземаме привремено дел од улиците... |
па кога ќе потпорасне малечково да оди со точак на школо по трајно слободни и убави патеки... |
Возиме низ скопските магли и гужви. Во одлична бројка на присутни за така ладен и темен месец како декември. |
Посветени на велосипедот :) и градот... |
ги поврзуваме, реоткриваме и реосмислуваме неговите простори... |
Слободно се собираме... |
и изразуваме љубов и став... |
Сакаме поубав град! |
Сакаме град добар за на точак! |
Добар за дишење, движење, за сите нас... |
Споделуваме топло чајче и топол збор... |
Споделуваме простор... |
И идеи... |
Споделуваме фотка на ФБ :) |
И поздрави до весели дружини :) |
И желба да се гледаме пак во 2013 на точак! Bike power! Среќна точакољупска на сите! |
На 70-ината присутни им благодариме особено за возењето во критичната маса, но и за донациите!
Во кутијата за донации собравме 3215 денари. За честитките и постерите за КМ8 беа потрошени 3034 денари. Па заедно со донациите од претходно, буџетот на наТочак моментално изнесува 2248 денари. Точакољупци, секоја чест!
Кога почнавме да правиме точакољупски собири, идејата за Критична маса беше на „можеби“... Кога почнавме да правиме критични маси, идејата дека ќе се вози во зима беше на „можеби“. Кога ја извозивме веројатно најладната и најтемната критична маса со ваква поддршка од вас драги луѓе, веќе не се сомневаме дека не’ чекаат 12 критични маси во 2013 во кои ќе ги преплавиме улиците со точаци, радост и критична маса за промена.
Се гледаме во 2013-та!
И не стискаме желби, ќе стискаме педали! :)