25 November, 2013

Колку те чини твојот превоз?

дизајн: Воислав Димитријевиќ Темата за Критична маса #19 : „0 ден/км“ визуелно разработена на терен низ Скопје.  Иста рута, иста километража, исто време, а различни транспортни средства: НаТочак наспроти ВоКола.  И покрај нерамноправната положба во сообраќајот во многу погледи, во сите три случаи патникот на точак стигнува побрзо или речиси исто толку брзо како и патникот во кола. А го чини нула денари по километар. Видеата ги потенцираат само економските предности (време : пари) ако сте НаТочак, а останатото увидете го сами. Видео 1:  Од Ѓорче Петров до Дебар Маало Видео 2: Од Дебар Маало до ТЦ Бисер, Аеродром Видео...

Критична маса #19: 0 ден/км

Датум: 27.11.2013Тргнување: 17:30, Паркинг пред Министерство за економијаКрај (подигнување на точаците): зад НБРМ --------------------------------------------------------------Промотивни материјали: линк.Facebook настан: линк.Рута: линк. Видео-акција: „Колку те чини твојот превоз“: линк. -------------------------------------------------------------- постерот за КМ 19 Живееш во Аеродром и студираш во центар. Со автобус: 10 возења = 250 ден, 22 дена X 2 X 25 = 1100 ден. месечно, при неменување на автобуси.Живееш во Кисела Вода и работиш во Сити Мол. Со такси: 27 дена X 2 X 180 ден.= 9720 ден. со попуст.Живееш...

Промотивни материјали - #КМ19

[дизајн: Воислав Димитријевиќ] МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ (постери и флаери) Постер, А3: Постер, верзија за веб Постер, линк  до верзија за печатење, во боја (pdf) Флаер, А6: флаер, предна страна, верзија за веб флаер, задна страна, верзија за веб                                          Флаер, линк до верзија за печатење, црно-бело, предна страна (pdf) Флаер, линк до верзија за печатење, црно-бело, предна страна (pdf) МАТЕРИЈАЛИ ЗА ВЕБ (банери) веб-банер 300x250 веб-банер 900x800 веб-банер 980x750 веб-банер...

15 November, 2013

Пријава на инфраструктурен проблем: столбови на велосипедски патеки, 15.11.2013

Во врска со инфраструктурниот проблем појавен на велосипедската патека на бул. Партизански одреди, но и други локации, НаТочак достави дописи до Град Скопје и Општина Карпош. ------------------------------------------------ До: .....     ПРИЈАВА Почитувани, На јужната страна на булеварот Партизански одреди, во близина на крстосницата со ул. Рузвелтова, пред автобуската постојка (спроти „Симпо“), деновиве се појави пречка на велосипедската патека. Станува збор за метален столб со екран, зацементиран во самата велосипедска патека. Имаме информации дека метални шипки за втемелување на вакви столбови се појавуваат...

Пријава на инфраструктурен проблем: дупка на мост Обединети Нации, 15.11.2013 [дополнето]

Во врска со инфраструктурниот проблем појавен на мостот Обединети нации, НаТочак достави дописи до Град Скопје, Општина Карпош и ЈП Улици и патишта. Се надеваме на што поскора интервенција. -------------------------------------------------------- До: ...... ПРИЈАВА Почитувани, На јужната страна на мостот Обединети Нации на бул. Партизански Одреди појавена е дупка на асфалтот по целата ширина на тротоарот со димензии 85 x 190 cm. Нејзината длабочина (во четвртина од површината на  оштетувањето е целосно отворена кон реката) претставува опасност по безбедноста на сите учесници во сообраќајот кои го користат тротоарот за да...

13 November, 2013

Втор допис за тарабите на плоштад Македонија, 13.11.2013

Во врска со проблемот кој го предизвикуваат поставените тараби на плоштад Македонија, НаТочак достави нови дописи до Општина Центар и Град Скопје. --------------------------------------------------------------- До: ...... За: ...... Предмет:  Предлог за отстранување на пречка на велосипедската патека кај Плоштад Македонија Почитуван Г-дин ................, На северозападниот крај на плоштадот Македонија се поставени тараби кои го попречуваат движењето на велосипедистите, луѓето во инвалидски колички, бебешки колички, ролеристи и останати учесници во немоторниот сообраќај на тркала. Тарабите се поставени врз рампата за...

12 November, 2013

Пријава на инфраструктурен проблем: тараби на плоштад Македонија, 25.10.2013

Во врска со проблемот кој го предизвикуваат поставените тараби на плоштад Македонија, НаТочак достави дописи до Општина Центар и Град Скопје. ----------------------------------------------------- До:  Градоначалник на град Скопје бул. “Илинден“ бр. 82 1000 Скопје Пријава Почитуван г-не Трајановски, На северозападниот крај на плоштадот Македонија се поставени тараби кои го попречуваат движењето на велосипедистите, луѓето во инвалидски колички, бебешки колички, ролеристи и останати учесници во немоторниот сообраќај на тркала. Тарабите се поставени врз рампата за совладување на висинската разлика, која е и дел од велосипедската...

06 November, 2013

Трансформацијата на Љубљана во точакољупски град - лекции за Скопје - предавање на Андреј Клеменц

Овој четврток, со почеток од 19:00 часот во салата на Советот на Град Скопје ќе се одржи предавање за развојот на велосипедизмот и одржливата мобилност на градот Љубљана, Словенија. Предавањето за трансформацијата на Љубљана во точакољупски град ќе го води Андреј Клеменц, проектен менаџер за европски проекти за одржлива потрошна енергија и мобилност, кој ќе го пренесе искуството од Љубљана каде значително се подобрени условите во последните 6 години.  Андреј Клеменц возеше со нас по Скопје. Вели дека Скопје е град на Балканот со најголем потенцијал за добра вело-инфраструктура, подобар од Нови Сад или Белград. "Со мала инвестиција,...

Pages 111234 »