дизајн: Воислав Димитријевиќ |
Иста рута, иста километража, исто време, а различни транспортни средства: НаТочак наспроти ВоКола.
И покрај нерамноправната положба во сообраќајот во многу погледи, во сите три случаи патникот на точак стигнува побрзо или речиси исто толку брзо како и патникот во кола. А го чини нула денари по километар.
Видеата ги потенцираат само економските предности (време : пари) ако сте НаТочак, а останатото увидете го сами.
Видео 1: Од Ѓорче Петров до Дебар Маало
Видео 2: Од Дебар Маало до ТЦ Бисер, Аеродром
Видео 3: Од ТЦ Бисер, Аеродром до Универзална сала
Колку вложуваш и колку добиваш од твојот превоз?
Направи барем дел од патувањата на точак, вози до работа барем еднаш неделно и ќе ја почувствуваш разликата, и во паричникот и во начинот на кој се чувствуваш.
За нула денари старт и нула денари километар!
19-тата Критична маса ја посветуваме на една од најлесно мерливите придобивки од возењето точак: штедењето.
Дојди да вртиме заедно и слободно. Информации: тука.
0 comments:
Post a Comment