Во врска со инфраструктурниот проблем појавен на велосипедската патека на бул. Партизански одреди, но и други локации, НаТочак достави дописи до Град Скопје и Општина Карпош.
------------------------------------------------
До: .....
ПРИЈАВА
Почитувани,
На
јужната страна на булеварот Партизански одреди, во близина на крстосницата со
ул. Рузвелтова, пред автобуската постојка (спроти „Симпо“), деновиве се појави
пречка на велосипедската патека.
Станува збор за метален столб со екран, зацементиран во самата велосипедска патека.
Станува збор за метален столб со екран, зацементиран во самата велосипедска патека.
Имаме
информации дека метални шипки за втемелување на вакви столбови се појавуваат и
на други места во градот, токму врз велосипедските патеки.
Заинтересирани
сме да дознаеме која е нивната намена и кој е надлежен за нивното поставување.
Бараме градските институции да го искомуницираат меѓусебно проблемот, зашто
поставените метални столбови по средината на патеките го поделуваат профилот на
велосипедската патека на два дела кои не ги исполнуваат важечките стандарди.
Во
конкретниот случај, со својата поставеност и димензии (ширина 0.2 м) столбот го
преполовува профилот на велосипедската патека на 2 потесни патеки: една со
ширина од 1.36 м до работ на коловозот и една со ширина од 0.94 м до
жардињерата кон внатрешната страна од велосипедската патека.
Според: ПРАВИЛНИК ЗА СТАНДАРДИ И НОРМАТИВИ ЗА
ПЛАНИРАЊЕ НА ПРОСТОРОТ вкупната
широчина за еден ред велосипеди покрај сообраќајница со моторен сообраќај
изнесува 2.00 м од кои: широчината за велосипедите изнесува 1.00м, заштитната
широчина кон внатрешната страна изнесува 0.25м, а истата кон ивицата на возната
лента изнесува 0.75м.
Бараме
да се најде соодветно решение за поставување на овие (претпоставуваме)
информативни знаци, кое нема да го попречи движењето на велосипедистите, т.е.
ќе је овозможи планираната сообраќајна намена на патеката. Веруваме дека такво
решение е можно.
Дополнително, поради неутралната боја,
столбот е незабележлив, особено навечер, а со тоа е и опасен. Во ситуациите каде поставувањето на ваквите столбови
ги почитува стандардите, предлагаме да се обојат во впечатливи бои до соодветна
висина.
Ве
молиме за што поскора реакција во врска со појавениот проблем за да се
оневозможи да се повтори и на други локации.
Со почит,
Неформална група на велосипедисти - На
Точак natochak@gmail.com
15.11.2013
Скопје
*Овој документ е испратен во печатена
и електронска форма до град Скопје и во електронска до општина Карпош и е
објавен на блогот на На Точак: www.natochak.blogspot.com
0 comments:
Post a Comment