27 June, 2014

Меѓународен фестивал на велосипедски филмови

Датум: 02.07.2014, среда Време: 21:00Место: отворено плато, МКЦ ---------------------------------------------------------------------Facebook настан: линк.Рута: од таму кај што сте, до МКЦ, на точак :) --------------------------------------------------------------------- банер за настанот  [дизајн: Ника Гавровска] МКЦ и НаТочак со здружени сили прават убав вело-настан!  Бесплатна проекција на вело-филмови под отворено небо, на 2-ри јули од 21 часот на платото пред МКЦ. Дојдете со точак да направиме седечка критична маса, а по кратките филмови да поуживаме во музика. Филм, музика и точаци, тоа е нашето Скопје. ❤ --------------------------------------------------------------------- Меѓународниот...

19 June, 2014

Критична маса #26: На корзо, на точак

Датум: 25.06.2014, последна среда во месецот Почеток: 19:00, Плоштад МакедонијаКрај: 20:30, МКЦ ---------------------------------------------------------------------Промотивни материјали: линк.Facebook настан: линк.Рута: линк. --------------------------------------------------------------------- постерот за КМ 26 Секој може. На точак до работа, на точак на кафе, на точак на концерт, на шопинг, до банка, на пазар, на корзо, секаде и секој ден на точак! Освен точак со браници, светла, ѕвонче и корпа ништо специјално не ти е неопходно од опрема за тебе или за точакот за низ град. Урбан велосипедист не значи ни повеќе...

Промотивни материјали - #КМ26

[дизајн: Елена Ѓорѓиевска]Промотивните материјали од овој блог- пост може слободно да се споделуваат, печатат, да се лепат на соодветни локации во градот, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови.  Однапред ви благодариме на сите за помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #26 А на Елена ѝ благодариме за шик дизајнот и сработувањето на овие материјали како придонес за Критичната маса во нашиот град. МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ постери и флаери  -Постер (А3, во боја) верзија за печатење: линк. -Флаер (4 на А4, црно-бело) верзија за печатење, предна и задна страна: линк. постерот...

05 June, 2014

Мислење од НаТочак за субвенционирањето на велосипеди од Општина Центар

  Можеби се сеќавате, во 2013-та направивме „Велосипедска анализа на програмите на кандидатите за градоначалници на град Скопје и скопските општини на локалните избори“. Во програмата постои мерката за субвенционирање на купувањето велосипеди. (целосната анализа ја има тука).Тогаш само не беше спомнато ограничувањето на колкав број жители и сума ќе се однесува субвенцијата.  Прашањата кои се отвораат се: колкав број од велосипедите навистина ќе останат во Центар и колкав број реално (поради моменталните услови) ќе се користат како превозно средство? За она за кое се залагаме, сеедно е каде ќе се возат, поважно е да се обезбедат услови за нивно користење.   Во прилог на тие заложби за зголемување на бројот на урбани велосипедисти на улиците, кои веруваме...

Pages 111234 »