Бидејќи кружат најразлични информации по медиумите во врска со задолжителната опрема за велосипедисти, решивме да ги истражиме досегашните законски прописи кои ја регулираат.
Тоа се пред сè:
1. Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата: важечки пропис: линк, предложени измени: линк;
2. Законот за возила: линк
и неговиот поблизок пропис:
3. Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило: линк.
---------------------------------------------------
1. ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА
Во Законот за безбедност на сообраќајот (важечки пречистен текст од септември 2010) не е регулирана употребата на светла специјално за велосипеди, туку општо за возила и се бара да ги користат и дење и ноќе.
Во новите предложени измени на овој закон само светлата и катадиоптрите се задолжителна опрема за велосипед. Исто така, стои дека велосипедистите немаат обврска да имаат запалени светла дење, за разлика од другите возила. Ѕвонче и сопирачки не се спомнуваат во овој закон, но се спомнуваат во други прописи. Во продолжение извадокот од предлог Законот за безбедност кој се однесува на употреба на светла во сообраќајот.
14. Употреба на светла во сообраќајот

Член 86
(1) Во сообраќај на пат, дење и ноќе, за време на управување со возилото, возачот на возилото задолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла за осветлување на патот(2) Обврската од ставот (1) на овој член, не се однесува за возачите на запрежни возила и велосипедистите кога запрежното возило односно велосипедот го управуваат дење, освен во услови на намалена видливост.
(5) На велосипедот задолжително треба да има светло во бела боја на предната страна, како и катадиоптeр со црвена боја или рефлектирачка лента на задната страна и по еден катадиоптер со жолта или портокалова боја на секоја страна.
(9) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на велосипедист кој постапува спротивно на одредбата од ставот (5) на овој член.
2. ЗАКОН ЗА ВОЗИЛА
Во друг закон, Законот за возила (Службен весник на РМ, бр.140, 6.11.2008) стои дека со посебни прописи ќе се регулира задолжителната опрема:
Член 48
Прописи на министерот за внатрешни работи
(1) Министерот за внатрешни работи ќе донесе поблиски прописи за:
задолжителна опремам на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи, согласно со членовите 46 и 47 од овој закон
А во член 46 има глоба за таа задолжителна опрема (регулирана со правилникот) која ако не ја почитува од велосипедистот - изнесува 100 евра:
(2) Глоба во износ од 100 евра во денарска противввредност ќе му се изрече за прекршок на возач што постапува спротивно на одредбите од ставот (1) на овој член.
Тој пропис е:
3. ПРАВИЛНИК ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА НА ВОЗИЛОТО, ВЕЛОСИПЕДОТ И ЗАПРЕЖНОТО ВОЗИЛО ЗА БЕЗБЕДНО УЧЕСТВО ВО СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА, КАКО И НА ТРАКТОРИ ЗА БЕЗБЕДНО ИЗВРШУВАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ, ОДНОСНО ШУМСКИ РАБОТИ
(Службен весник на РМ, бр. 31 од 03.03.2010) донесен од МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ врз основа на член 48 став 1 алинеја 1 од Законот за возила (Службен весник на РМ, бр. 140 од 6.11.2008)
Во Правилникот за задолжителна опрема стои дека на велосипедот треба да се вградат: светла, катадиоптри, ѕвонче и сопирачки и набројана е т.н. друга опрема.
III. ОПРЕМА ЗА ВЕЛОСИПЕД, ВЕЛОСИПЕД СО ПОМОШЕН МОТОР
помошен мотор треба да биде поставено и прицврстено на предната страна на
возилото.
(2) Светлината што ја дава светлото од став 1 на овој член треба да биде во бела
боја, а оддалеченоста на светлечката површина на тоа светло од површината на
патот не треба да биде помала од 40 cm ниту поголема од 120 cm.
(3) Едно задно позиционо светло во црвена боја на велосипедите и на
велосипедите со помошен мотор треба да биде поставено и прицврстено на
задната страна на возилото.
(4) Оддалеченоста на светлечката површина на светлото од став 3 на овој член по
површината на патот не треба да биде помала од 25 cm ниту поголема од 90 cm.
(5) Светлото од став 3 на овој член може да биде поставено со катадиоптер.
помошен мотор треба да биде вграден и поставен на задната страна на возилото,
а по еден катадиоптер во жолта или портокалова боја - на секоја страна на
педалот (од предната и задната страна).
(2) Оддалеченоста на рефлектирачката површина на катадиопетерот со црвена
боја на задната страна на возилото од површината на патот не треба да биде
помала од 25 cm ниту поголема од 90 cm.
(3) Рефлектирачката површина на катадиоптерот во црвена боја на задната
страна на возилото треба да биде најмалку осум cm.
(4) На бочните страни на предното и задното тркало на велосипедот и
велосипедот со помошен мотор треба да има рефлектирачки тела што
рефлектираат светлина во бела или жолта боја.
вградени и поставени за секое тркало, и тоа најмалку по една сопирачка така што
да се меѓусебно независни, со тоа што сопирачката на предното тркало треба да
биде рачна.
помошен мотор служи за давање звучни знаци и треба да биде вградено така за
да дава едноличен звук со непроменлив интензитет.
IV. ДРУГА ОПРЕМА ЗА ВЕЛОСИПЕДИ И ВЕЛОСИПЕДИ СО ПОМОШЕН МОТОР
овие возилата е:
- брзиномер;
- циклокомпјутер и пулсметар;
- носач или ногарки за потпирање;
- пумпа, алат и прибор;
- калници;
- бидони и држач за бидони;
- багажник;
- кошница;
- клучалка, сајла со катинар;
- торбичка за ставање на резервен алат и
- седиште за деца.
---------------------------------------------------
Член 46
Велосипеди и запрежни возила
(1) Велосипед, велосипед со помошен мотор и запрежно возило, во сообраќајот на патиштата треба да имаат исправни пропишани делови и опрема согласно со одредбите на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон.(2) Глоба во износ од 100 евра во денарска противввредност ќе му се изрече за прекршок на возач што постапува спротивно на одредбите од ставот (1) на овој член.
Тој пропис е:
3. ПРАВИЛНИК ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА НА ВОЗИЛОТО, ВЕЛОСИПЕДОТ И ЗАПРЕЖНОТО ВОЗИЛО ЗА БЕЗБЕДНО УЧЕСТВО ВО СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА, КАКО И НА ТРАКТОРИ ЗА БЕЗБЕДНО ИЗВРШУВАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ, ОДНОСНО ШУМСКИ РАБОТИ
(Службен весник на РМ, бр. 31 од 03.03.2010) донесен од МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ врз основа на член 48 став 1 алинеја 1 од Законот за возила (Службен весник на РМ, бр. 140 од 6.11.2008)
Во Правилникот за задолжителна опрема стои дека на велосипедот треба да се вградат: светла, катадиоптри, ѕвонче и сопирачки и набројана е т.н. друга опрема.
III. ОПРЕМА ЗА ВЕЛОСИПЕД, ВЕЛОСИПЕД СО ПОМОШЕН МОТОР
Светло за осветлување на патот и обележување на возилото
Член 18
(1) Едно светло за осветлување на патот на велосипеди и на велосипеди соЧлен 18
помошен мотор треба да биде поставено и прицврстено на предната страна на
возилото.
(2) Светлината што ја дава светлото од став 1 на овој член треба да биде во бела
боја, а оддалеченоста на светлечката површина на тоа светло од површината на
патот не треба да биде помала од 40 cm ниту поголема од 120 cm.
(3) Едно задно позиционо светло во црвена боја на велосипедите и на
велосипедите со помошен мотор треба да биде поставено и прицврстено на
задната страна на возилото.
(4) Оддалеченоста на светлечката површина на светлото од став 3 на овој член по
површината на патот не треба да биде помала од 25 cm ниту поголема од 90 cm.
(5) Светлото од став 3 на овој член може да биде поставено со катадиоптер.
Катадиоптери на велосипеди и велосипеди со помошен мотор
Член 19
(1) Еден катадиоптер во црвена боја на велосипедите и на велосипедите сопомошен мотор треба да биде вграден и поставен на задната страна на возилото,
а по еден катадиоптер во жолта или портокалова боја - на секоја страна на
педалот (од предната и задната страна).
(2) Оддалеченоста на рефлектирачката површина на катадиопетерот со црвена
боја на задната страна на возилото од површината на патот не треба да биде
помала од 25 cm ниту поголема од 90 cm.
(3) Рефлектирачката површина на катадиоптерот во црвена боја на задната
страна на возилото треба да биде најмалку осум cm.
(4) На бочните страни на предното и задното тркало на велосипедот и
велосипедот со помошен мотор треба да има рефлектирачки тела што
рефлектираат светлина во бела или жолта боја.
Сопирачки на велосипед и велосипед со помошен мотор
Член 20
Сопирачките на велосипеди и велосипеди со помошен мотор треба да бидатЧлен 20
вградени и поставени за секое тркало, и тоа најмалку по една сопирачка така што
да се меѓусебно независни, со тоа што сопирачката на предното тркало треба да
биде рачна.
Механичко или електрично ѕвонче
Член 21
Механичкото или електричното ѕвонче на велосипедите и велосипедите сопомошен мотор служи за давање звучни знаци и треба да биде вградено така за
да дава едноличен звук со непроменлив интензитет.
IV. ДРУГА ОПРЕМА ЗА ВЕЛОСИПЕДИ И ВЕЛОСИПЕДИ СО ПОМОШЕН МОТОР
Член 22
Друга опрема за велосипеди и велосипеди со помошен мотор со која се опремениовие возилата е:
- брзиномер;
- циклокомпјутер и пулсметар;
- носач или ногарки за потпирање;
- пумпа, алат и прибор;
- калници;
- бидони и држач за бидони;
- багажник;
- кошница;
- клучалка, сајла со катинар;
- торбичка за ставање на резервен алат и
- седиште за деца.
---------------------------------------------------
Заклучок: Според предложениот Закон за безбедност (октомври, 2014) задолжителна опрема за велосипеди се: предно, задно светло или катадиоптер и катадиоптри на страните и пропишаната глоба за нивно некористење ќе изнесува 50 евра.
Според важечкиот Правилник (март, 2010) кој е поблизок пропис на Законот за возила, задолжителна опрема за велосипеди се: предно светло, задно светло или катадиоптер и катадиоптри на педалите, ѕвонче и сопирачки и пропишаната глоба за нивно некористење изнесува 100 евра (задолжителната опрема дефинирана е во Правилникот со „треба“, а Законот за возила ја дефинира нејзината задолжителност и пропишува глоба).
Другата опрема (брзинометри, кошници, калници, седиште за деца итн.) е само додатна, дозволена опрема за на велосипед, не е употребена формулацијата „треба“ во правилникот и следствено за неа не важат казнените одредби.
Овие одредби се стари и кај нив нема измени (со мала новост дека употребата на светла покрај во правилник се појавува и во закон). Апелираме велосипедистите да ги почитуваат за сопствена безбедност.
Клучните измени кои се подготвуваат во Законот за безбедност и за кои реагиравме во повеќе наврати до надлежните се однесуваат на регулирањето на употребата на заштитен шлем (кацига) и рефлектирачко елече.
Во предлог-Законот за безбедност за нивното користење е употребена формулацијата „треба“, но не се пропишани парични глоби. Сметаме дека тоа остава простор за натамошна измена од препорачливост во задолжителност и нивно толкување на штета на велосипедистите и со тоа нивното место не е во Законот, туку во Правилникот во Член 22 заедно со другата додатна опрема за велосипеди, т.е. за доброволно користење. За штетноста од овие законски измени во однос на задолжителната употреба на кацигата прочитајте во блог-постовите на таа тема на линкот. Употребата на рефлектирачко елече доколку остане регулирана со законот сметаме дека има смисла да се препорачува надвор од населени места.
---------------------------------------------------
Ако имате да додадете нешто кон Точкарските закони во Република Македонија (листа на линкот), пишете ни на: natochak@gmail.com или како коментар на овој блог-пост.

0 comments:
Post a Comment