29 December, 2014

Критична маса #32: За уште многу булевари без велосипедски патеки!

Датум: Среда, 31.12.2014Почеток: 21:00, Плоштад Македонија Крај: Мојот Калеидоскоп (зад ТЦ Буњаковец) ---------------------------------------------------------------------Facebook настан: линк Промотивни материјали: линкРута: линк (има само почетна и крајна точка) --------------------------------------------------------------------- Банер за КМ 32 За уште нови булевари без велосипедски патеки! За уште паркирани возила на пешачки и велосипедски патеки! За уште нови автобуски постојки кои се на средина на патеките за движење!  За уште школи и институции без паркинзи...

Промотивни материјали #КМ32 (Новогодишна)

[дизајн: Иван Дургутовски] Промотивните материјали од овој блог-пост може слободно да се споделуваат, печатат, да се лепат на соодветни локации во градот, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови. Однапред ви благодариме на сите за помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #32. И особена благодарност до Иван за дизајнот и реализацијата на материјалите за оваа КМ во малку поинакво светло од досегашните. :) МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ постер и флаер Постерот за КМ 32 (А3) -Постер (А3, во боја, pdf) верзија за печатење: линк. МАТЕРИЈАЛИ ЗА ВЕБ банери Подолу следува преглед на банерите. веб-банер...

17 December, 2014

Најреволуционерен блог на годината

Минатава сабота се одржаа третите по ред Блогираме и Твитер награди. НаТочак беше избран за најреволуционерен блог на годината. Им благодариме на сите што гласаа за нас, на сите што педлаат со нас, не само секоја последна среда во месецот туку секој ден низ магли, ветришта, смогови, низ невозможни велосипедски услови со неслеани рабници и нереновирани патеки. Борбата за подобро Вело-Скопје е наша, заедничка. И заслугите за секоја минимална интервенција се исто така наши, заеднички. Блогот и НаТочак постојат за Скопје, за велосипедистите, за тие што мислат дека точакот не е алтернативно превозно средство, туку примарно. А за оние кои не...

11 December, 2014

За сообраќајните стратегии на Скопје (писмо од граѓанин на по-велосипедски град)

После најавената стратегија на Град Скопје за претворање на Скопје во велосипедски град (преамбициозно име за проект кој не го става велосипедот на прво место, туку само обезбедува одредени патеки), ја добивме мапата од Карлсруе за споредба на велосипедската мрежа меѓу двата града, а потоа и следниов мејл од Александар Иванов, Македонец кој живее таму. Прочитајте.  НаТочак, исто така, спрема мислење кое ќе го достави до Град Скопје за оваа стратегија. Се согласуваме дека мора да се почне од некаде, а тоа е реконструкција на она што веќе го имаме (постоечките велосипедски патеки), но за да се нарече еден град велосипедски, потребно е...

Pages 111234 »