Испратен е допис до Премиерот на Владата на Република Македонија, г. Никола Груевски, како реакција од НаТочак, по повод дадената изјава на една национална телевизија, каде од Премиерот беше побарано да се заложи за решавање на елементарен велосипедски проблем: прекин на дел од велосипедската патека на кејот на Вардар, близу Плоштад Македонија, заради одвивање на градежни работи. Во оваа прилика Премиерот го изјави следново " Е па ајде нека не се гради, да застанеме и да не се гради. Кога се спортува не е лошо да се крене точакот и тоа е вежбање, не е само возењето."
Со оваа изјава делумно се расветли причината зошто урбаниот велосипедизам во нашиот град и држава не се помрднува од нулта точка. "Кога се спортува" - се' додека урбаниот велосипедизам се третира и перцепира како спорт, неговиот...