Датум: среда, 28.12.2016
Почеток: 17:30 ч, Фонтана Градски Парк
Крај: спроти Универзална сала
Во 2017-та да имаме повеќе велосипедски патеки од 2016-та!*
*Повеќе слободни патеки, без возила, инаку не ги сметаме ;)
Да имаме повеќе зони со намалена брзина, безбедни за ранливите учесници во сообраќајот!
Помалку жртви од сообраќајни судири!
Почист воздух!
Помалку бучава!
Повеќе здравје!
Повеќе пешачки и велосипедски зони!
Повеќе и подобри паркинзи за точаци!
Повеќе јавни простори и места за здрави активности и социјализација и помалку возила на улиците!
Поквалитетен град за живот!
Посвесни планери и политичари!
Повеќе граѓани кои ќе ни се придружат во нашата битка за сето ова погоре зашто самото нема да дојде!
Среќна 2017-та!
--------------------------------------------------------------
Ќе ја испратиме и 2016-та со порака за здравје и радост на улиците возејќи здружно точаци преку Критична маса #56.
Но ќе се придружиме и на протестот за чист воздух (информации тука), зашто промената не е можна без промени во политиките!
Зашто потребни ни се мерки против загадувањето на краток рок за да дишеме без да се гушиме кога возиме точак! Зашто потребни ни се мерки на долг рок за да добиеме севкупно поздрави места за живеење!
Зашто нашата битка за велопријателско Скопје е неиздвоива од битката за чист воздух!

Се собираме во 17:30 на платото кај Фонтана, Градски парк во поддршка на протестот.
Како ќе се одвива Критична маса во однос на протестот, ќе пишеме наредниве денови или ќе се договориме на лице место.
Во Кафе бар Че имаме резервирано од 19:00 и ќе отидеме да се стоплиме после протестот и после Критична маса. Оние кои не можат да дојдат на КМ, а сакаат предновогодишно да се дружиме, добредојдени се директно таму.
Ќе имаме и томбола од 20:30. Има упатство на фотографиите.
Се гледаме во среда, #НаТочак!
Ѕрн - ѕрн!
Земете си и заштитни маски, доколку загадувањето е над дозволените граници.
Почеток: 17:30 ч, Фонтана Градски Парк
Крај: спроти Универзална сала
---------------------------------------------------------------------
Facebook настан: линк
Рута: дополнително

*** Секој учесник вози на своја одговорност.
*** Секој учесник може да донесе подарок за вело-томбола.
*** Секој учесник може да донесе подарок за вело-томбола.
--------------------------------------------------------------
Критична маса е неформален велосипедски собир кој се случува во над 300 градови во светот.
Нема лидери, нема формална организација, само група на свесни луѓе кои сакаат подобар вело-град.
Од мај 2012-та се случува еднаш месечно и во нашето Скопје!
Возиме секоја последна среда во месецот по различна рута и со различна тема.

Критична маса во Скопје е самоодржлив, саморегулиран и самофинансиран месечен собир на урбаните велосипедисти кој зависи од придонесот на секој учесник, пред сѐ од неговото појавување на собирот и покажување бројност („Нѐ има, земете нѐ предвид“), од активната грижа настанот да помине во најдобар ред, а потоа и од донациите за промотивните материјали, волонтерскиот придонес во: осмислувањето на настанот, неговата промоција и се разбира во креативната страна на возењата. До овој момент, скопјани 55 пати возеа масовно по скопските улици, на 55 различни теми поврзани со урбаниот велосипедизам.
Да ги освоиме по 56-ти пат улиците со нашите точаци, активно, ангажирано, свесно, заедно, со полни срца!

Приклучи се! Ангажирај се!
Може да нé има повеќе! Скопје може да стане подобар град!
--------------------------------------------------------------
Може да нé има повеќе! Скопје може да стане подобар град!
--------------------------------------------------------------
0 comments:
Post a Comment