На 19-ти декември НаТочак упати честитка до новите градоначалници на
скопските општини за стапувањето на функција и барање за средба во врска
нивните вело-планови за наредната година и на подолг рок.
Во продолжение го споделуваме текстот од е-mail-oт.
Кон пораката беа прикачени 2 документи.
Првиот документ - меморандумот
кој НаТочак го потпиша со моменталниот градоначалник на Град Скопје Петре
Шилегов (тогаш
кандидат) во кое една од заложбите е :
2. Новата градска администрација ќе ја
напушти автоцентричноста како принцип во сообраќајот и ќе работи на постепено
приоретизирање на пешачењето, велосипедскиот сообраќај и јавниот превоз како и поставување на
велосипедска инфраструктура во сите делови од градот во соработка со останатите
градоначалници....