Датум: среда, 27.12.2017
Почеток: 17:30, Плоштад Македонија
Крај: 19:00, Социјален Центар Дуња
Крај: 19:00, Социјален Центар Дуња
--------------------------------------------------------------------
Facebook настан: линк
Рута: линк
Промотивни материјали: линк
Ова се денови во кои уредно си ги пакуваме желбите за наредната година.
Ги ставаме во весели пликови со убав ракопис ги адресираме и ги испраќаме до нашите дедомразовци. Да, оние дедомразовци кои во реалниот живот ги викаме градоначалници, пратеници, министри за внатрешни работи, транспорт, екологија...
Нашите желби не се чуда. Всушност сме многу скромни. Во 2018 година сѐ уште бараме велосипедски патеки. Но бараме и слободни тротоари, уреден и добро организиран јавен превоз, бараме и безбедни улици. Бараме град за нас, луѓето.
Веруваме во замислени желби, визии, идилични утопии, уште повеќе веруваме во работа, посветеност, стручност и упорност.
Веќе имаме многу неостварени желби од минатите години, но тоа не значи дека сме престанале да веруваме во нив. Повторно ќе ги посакаме и овојпат ќе бидеме уште поупорни да ги оствариме. Продолжуваме да сонуваме, но и да работиме и гледаме напред.
Нашите желби се за еден поубав град. За град во кој треба да има место за сите. И за пешаците и за нас точакољупците и за јавниот превоз и за автомобилите.
Посакуваме град кој поубаво ќе ни стои. Град во кој поубаво ќе се дише. Посакуваме поубав град за сите...
за оние за оние кои ја одбираат бојата на шалот да им одговара на точакот
за оние што носат жолт чадор на тмурен и дождлив есенски ден
за оние кои во автобус читаат книга
за градските херои, кои и да се тие
за новите градоначалници кои заинтересирано нѐ поканија на состаноци
за оние кои сѐ уште нѐ игнорираат
за полицајците кои паркираат на велосипедска патека додека го регулираат сообраќајот на крстосниците
за оние кои сакаат градот да се промени без да се променат себеси
за оние “многу убаво си паркиран“
за оние кои низ личен пример го менуваат…
Ние сме НаТочак ама нашите желби се подобар град за сите вас.
Без разлика кои сте.
--------------------------------------------------------------------
Свртете за промена во среда со нас!
Да си посакаме најубави желби за Новата година.
И да продолжиме да вртиме во неа...
Критична маса #68 ќе започне од Плоштад Македонија и ќе заврши на предновогодишно дружење во Социјален центар Дуња.
Свртете за промена во среда со нас!
Да си посакаме најубави желби за Новата година.
И да продолжиме да вртиме во неа...
Ќе возиме по следнава рута:
За да ни е повесело возењето накитете ги точаците и/или себе :)
А за крајната дестинација понесете си храна/грицки по желба.
Ние и СЦ Дуња ќе се погрижиме за пијалоците, атмосферата и честитките :)
А за крајната дестинација понесете си храна/грицки по желба.
Ние и СЦ Дуња ќе се погрижиме за пијалоците, атмосферата и честитките :)
--------------------------------------------------------------------
Критична маса е неформален велосипедски собир кој се случува во над 300 градови во светот.
Нема лидери, нема формална организација, само група на свесни луѓе кои сакаат подобар вело-град.
Од мај 2012-та се случува еднаш месечно и во нашето Скопје!
Возиме секоја последна среда во месецот по различна рута и со различна тема.
Од мај 2012-та се случува еднаш месечно и во нашето Скопје!
Возиме секоја последна среда во месецот по различна рута и со различна тема.
Критична маса во Скопје е самоодржлив, саморегулиран и самофинансиран месечен собир на урбаните велосипедисти кој зависи од придонесот на секој учесник, пред сѐ од неговото појавување на собирот и покажување бројност („Нѐ има, земете нѐ предвид“), од активната грижа настанот да помине во најдобар ред, а потоа и од донациите за промотивните материјали, волонтерскиот придонес во: осмислувањето на настанот, неговата промоција и се разбира во креативната страна на возењата. До овој момент, скопјани 67 пати возеа масовно по скопските улици, на 67 различни темa поврзани со урбаниот велосипедизам.
Да ги освоиме по 68-ми пат улиците со нашите точаци, активно, ангажирано, свесно, заедно, со полни срца!
Да ги освоиме по 68-ми пат улиците со нашите точаци, активно, ангажирано, свесно, заедно, со полни срца!
Приклучи се! Ангажирај се!
Може да нé има повеќе! Скопје може да стане подобар град!
--------------------------------------------------------------
0 comments:
Post a Comment