Датум: среда, 22.02.2017
Почеток: 17:30 ч, Плоштад Македонија
Крај: 19:00, кратки видеа и чајче во Социјален центар Дуња (влез - слободен)
*Земете си и заштитни маски, доколку загадувањето е над дозволените граници.
**Предно и задно светло се задолжителна опрема.

--------------------------------------------------------------------
Facebook настан: линк
Рута: линк
Промотивни материјали: линк
---------------------------------------------------------------------

Ни треба деавтомобилизација на начинот на кој се гледа на градот, на кој се гледаат улиците.
Сакаме пешакот, точакот, јавниот превоз да се на прво место како поефикасни (според број на луѓе кои можат да се превезат во одреден простор), како поздрави за луѓето и животната средина, како решение за многу од градските проблеми: метеж, бучава, неактивен начин на живот, загадување.
А колата после нив.
Ни треба деавтомобилизација на тротоарите и пешачките зони. Да не се толерирани паркинзи, туку она што реално треба да бидат - пешачки патеки, јавни простори со човекот во центар.
Ни треба деавтомобилизација на Водно, на парковите, на кејовите. Тоа не се места за бучава, за издувни гасови, за окупирање на простор с...о возила. Тоа се парчиња природа кои ако сакаме да ја задржат својата вредност, мора да ги деавтомобилизираме!
Ни треба деавтомобилизација на навиките, да не биде најкомотен начин да се оди до продавница со кола… Да се направи градот привлечен кратките патувања да се прават пеш без мал милион пречки по патот! Туку напротив, брзо и пријатно да се стигнува пеш и на точак, дури и побрзо отколку со кола!
Ни треба деавтомобилизација на односите во сообраќајот. Во врвот на пирамидата на значење да биде пешакот, па велосипедистот, па возачот. Треба возачите да ги сочекуваат послабите да преминат улица, а не обратно.
Ни треба деавтомобилизација на културата, да не го гледаме како нормално блокирањето на целиот град од коли, туку да побараме поквалитетен град за живеење, со слободни проодни простори каде ќе се осеќаме како ЛУЃЕ и ќе уживаме во градот.
Ни треба деавтомобилизација на планирањето. Кога сакаат да го решат проблемот со гужвите со коли, сообраќајните инженери да не посегнуваат кон ширење на булевари со нови ленти за коли, кон надвозници среде центар на град, кои ќе привлечат нови коли, а ќе ги демотивираат другите начини на превоз, туку да се размислува поодржливо, посвесно, мултимодално. Место булевари со 6 ленти за коли, да имаме булевари со 2 ленти за коли, 2 ленти за брз јавен сообраќај, 2 ленти за точаци, 2 ленти за пешаци, 2 ленти за зеленило.
Ни треба деавтомобилизација на политиките. Сакаме од кандидатите за градоначалници на претстојните избори да добиеме поодржливи решенија за Скопје, не автодроми.
На крајот на краиштата ни треба деавтомобилизација и за почист воздух.
Не го негираме автомобилот и придобивките во одредени ситуации, но мора да го потиснеме од приоритетното место ако сакаме да живееме како луѓе. Луѓето треба да се на прво место, квалитетот на живот во Скопје треба да е на прво место, а не автомобилите.
Секој човек на прво место е пешак, а потоа сè друго. И возачите до својот автомобил стигнуваат пеш. И оние кои користат автомобил не можат да стигнат како ЛУЃЕ до своето возило од премногу автомобили.
Автомобилите треба да бидат третирани како средство кое треба да им служи на луѓето, а не луѓето да бидат робови на автомобилите како единствено ефикасно превозно средство во Скопје!
Сакаме град кој нуди можности за движење на различни начини и кој нуди достоинствено движење за сите!
Не ни требаат нови ленти за коли, булевари без велосипедски патеки и зеленило…
Ни треба храбра и одлучна ДЕАВТОМОБИЛИЗАЦИЈА!

Дојди во поддршка на овие заложби на Критична маса #58 во среда.
Ќе возиме по следнава рута:
Ќе завршиме во Социјален Центар Дуња каде ќе погледнеме неколку кратки филмови поврзани со темата и ќе се згрееме со топли напитоци.
Ѕрн - ѕрн!
Ќе завршиме во Социјален Центар Дуња каде ќе погледнеме неколку кратки филмови поврзани со темата и ќе се згрееме со топли напитоци.
Ѕрн - ѕрн!
*Земете си и заштитни маски, доколку загадувањето е над дозволените граници.
**Предно и задно светло се задолжителна опрема.
*** Секој учесник вози на своја одговорност.
--------------------------------------------------------------
Критична маса е неформален велосипедски собир кој се случува во над 300 градови во светот.
Нема лидери, нема формална организација, само група на свесни луѓе кои сакаат подобар вело-град.
Од мај 2012-та се случува еднаш месечно и во нашето Скопје!
Возиме секоја последна среда во месецот по различна рута и со различна тема.

Критична маса во Скопје е самоодржлив, саморегулиран и самофинансиран месечен собир на урбаните велосипедисти кој зависи од придонесот на секој учесник, пред сѐ од неговото појавување на собирот и покажување бројност („Нѐ има, земете нѐ предвид“), од активната грижа настанот да помине во најдобар ред, а потоа и од донациите за промотивните материјали, волонтерскиот придонес во: осмислувањето на настанот, неговата промоција и се разбира во креативната страна на возењата. До овој момент, скопјани 57 пати возеа масовно по скопските улици, на 57 различни теми поврзани со урбаниот велосипедизам.
Да ги освоиме по 58-ми пат улиците со нашите точаци, активно, ангажирано, свесно, заедно, со полни срца!

Приклучи се! Ангажирај се!
Може да нé има повеќе! Скопје може да стане подобар град!
--------------------------------------------------------------
Може да нé има повеќе! Скопје може да стане подобар град!
--------------------------------------------------------------
0 comments:
Post a Comment