28 December, 2017

Барање за средба со градоначалниците на скопските општини по повод буџетот и програмите за 2018-та година

На 19-ти декември НаТочак упати честитка до новите градоначалници на скопските општини за стапувањето на функција и барање за средба во врска нивните вело-планови за наредната година и на подолг рок. Во продолжение го споделуваме текстот од е-mail-oт.  Кон пораката беа прикачени 2 документи.  Првиот документ - меморандумот кој НаТочак го потпиша со моменталниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов (тогаш кандидат) во кое една од заложбите е :  2. Новата градска администрација ќе ја напушти автоцентричноста како принцип во сообраќајот и ќе работи на постепено приоретизирање на пешачењето, велосипедскиот сообраќај и јавниот превоз како и поставување на велосипедска инфраструктура во сите делови од градот во соработка со останатите градоначалници....

24 December, 2017

Промотивни материјали за КМ #68: Сврти за промена

[дизајн: Ебру Али] Промотивните материјали од овој блог-пост може слободно да се споделуваат, печатат, да се лепат на соодветни локации во градот, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови. Однапред ви благодариме на сите за помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #68, за тоа што досега заедно вртевме за промена, за тоа што продолжуваме или затоа што сега ни се придружувате! На Ебру ѝ благодариме на желбовниот и топол новогодишен дизајн. На Критична маса ќе може да си земете честитки ;) МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ Постер, верзија за печатење: линк (.pdf) МАТЕРИЈАЛИ...

Новогодишна Критична маса #68 : Сврти за промена во 2018

Датум: среда, 27.12.2017 Почеток: 17:30, Плоштад МакедонијаКрај: 19:00, Социјален Центар Дуња -------------------------------------------------------------------- Facebook настан: линк Рута: линк Промотивни материјали:  линк -------------------------------------------------------------------- Ова се денови во кои уредно си ги пакуваме желбите за наредната година. Ги ставаме во весели пликови со убав ракопис ги адресираме и ги испраќаме до нашите дедомразовци. Да, оние дедомразовци кои во реалниот живот ги викаме градоначалници, пратеници, министри за внатрешни работи, транспорт, екологија... Нашите...

Pages 111234 »