14 January, 2018

Уредувачки маратон „Вело-град“

Facebook настан: линк

Сакате да дознаете како се уредува статија на Википедија?
Сакате да го проширите своето знаење, но и да помогнете во проширување на знаењето за велосипедските теми?

Википедија е слободна и јавно достапна за уредување енциклопедија со мисија за слободен пристап до знаење за секого.
Википедија на македонски јазик во континуитет организира уредувачки маратони на различни теми. 
Првиот уредувачки маратон во 2018 година ќе се одржи на 18 јануари (четврток) во соработка со членовите на иницијативата НаТочак - NaTochak при што ќе се уредуваат статии на тема: „Вело-град“. 

Уредувачкиот маратон ќе се одржи во просториите на Социјален центар Дуња во Скопје со почеток од 19:00 часот.
Настанот е од отворен тип, но бројот на местата за лаптопи е ограничен, затоа за со сигурност да имате резервирано место, препорачана е регистрација која може да ја направите на следниот линк: https://goo.gl/ea7K3A

Википедија на македонски јазик може да обезбеди лаптопи за работа за тројца учесници, останатите ќе треба да донесат свои. Пополнете во пријавата (https://goo.gl/ea7K3A) дали располагате со лаптоп.
За учесниците ќе биде обезбеден простор за работа и бесплатно безалкохолно освежување и грицки. Пивото и виното ќе бидат на донација за натамошна само-одржливост на социјалниот центар Дуња.

На настанот ќе уредуваме статии на велосипедски теми на македонски јазик, а претходно ќе имаме можност да научиме како се уредува статија на Википедија.
Некои од можните теми се: вело-пријателски град, типови велосипедска инфраструктура, велосипедски патеки и ленти, смирување на сообраќајот, подигнати пешачки премини, Критична Маса, Визија Нула, Ден без автомобили итн.

Да дадеме придонес за збогатување на Википедија со македонски статии, но и да го шириме знаењето за вело-градски теми во борбата за Скопје вело-град.

Се гледаме на 18.01. (четврток) во 19:00 во Социјален центар Дуња. Пред центарот има паркинг за велосипеди.

0 comments:

Post a Comment