21 July, 2018

Промотивни материјали за КМ #75: Каков коктел сака Скопје?

[дизајн: Милан Тасевски] Промотивните материјали од овој блог-пост може слободно да се споделуваат, печатат, да се лепат на соодветни локации во градот, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови. Однапред ви благодариме на сите за помагањето да се прошири информацијата за роденденската Критична маса #75.А на Милан му благодариме што ја илустрираше нашата идеја за различни типови модална распределба (modal share) во облик на коктели. Каков коктел за Скопје сакате вие? Сообраќајниот коктел на Скопје зависи од рецептот, не се створа сам по себе. Затоа да го направиме позелен, пошарен, поинтересен...

Критична маса #75: Каков коктел сака Скопје?

Датум: среда, 25.07.2018Почеток: 19:00, Tранспортен центар, Станица на ЈСП, прва 22-каКрај: 20:00, Парк Лисиче--------------------------------------------------------------------Facebook настан: линк Рута: линк Промотивни материјали: линк -------------------------------------------------------------------- -Келнер, еден коктел ако може. -Каков сакате? -Каков што ќе се направи сам. Не, не нарачувате така коктел. Уште помалку сообраќајните политики во градот ги оставате да си се искомбинираат сами. постерот за КМ #75 Ниту луѓето во Скопје преферираат автомобили сами по себе, ниту луѓето во Копенхаген преферираат точаци...

12 July, 2018

Во Скопје не си безбеден ни на тротоар... Стоп за пребрзото возење!

Вчера (11.07) на крстосницата меѓу бул. Климент Охридски и бул. Партизански одреди додека чекал на пешачки остров (!!!) е прегазен пешак од возач кој управувал возило со преголема брзина. Се надеваме дека повредениот ќе биде добро. За овој случај најпрво дознавме од постот на новинарката Сашка Цветковска, а според најновите информации повредениот пешак се бори за живот. Ова не е првпат да настрада пешак кој не ни згазнал на коловоз. Во 2015-та на истиот булевар една крстосница позападно, велосипедист настрада од возач на Ауди на пешачко острово (линк). Во Скопје станува пракса да се настрадува и на тротоар и надлежните мора да го вклучат...

Pages 111234 »