Минатата седмица на покана на претставниците од Град Скопје, после подолга пауза беа обновени состаноците на претставници на НаТочак со Координативното тело за велосипедски сообраќај на Град Скопје.
На средбата претставниците на Град Скопје информираа за тековните проекти и за идните планови (главно за нови велосипедски конекции, проблеми со постоечките изведби, поставување велосипедски паркинзи, поврзување на кејот со рампи, отстранување на билборди итн.), претставниците на НаТочак дадоа свои забелешки и усно, а и писмено после состанокот.
Како надоврзување на разговараното беше пратен и дописот во продолжение кој се однесува на Буџетот на Град Скопје за 2021 година.
------------------------
Почитувани,
Задоволни сме што се обновија состаноците и што нè информиравте за тековните
проекти.
Во овој допис би сакале да ве потсетиме на некои работи кои не ги разговаравме
на состанокот, но се дел од големата слика, дел се од нашите заложби, дел се од
Планот за унапредување на велосипедскиот сообраќај (2019-2021) усвоен од
Советот на Град Скопје во септември 2019, а дел се и од Меморандумот потпишан
меѓу НаТочак и градоначалникот Петре Шилегов на 13.10.2017.
- На овој линк е Меморандумот за соработка потпишан меѓу НаТочак и тогаш кандидатот за градоначалник Петре Шилегов (во понатамошниот текст: Меморандумот): http://natochak.blogspot.com/2017/10/blog-post_15.html
- На овој линк е Планот за унапредување на велосипедскиот сообраќај 2019-2021 (во понатамошниот текст: Планот) https://skopje.gov.mk/media/4370/predlog-plan-za-unapreduvanje-na-velosipedski-soobrakaj-2019-2021.pdf
- На овој линк се предлозите на НаТочак за буџетот на Град Скопје за 2021 (во понатамошниот текст: Предлозите за буџет) http://natochak.blogspot.com/2020/09/2021.html
Приоритет |
Предлози за буџет
на Град Скопје од Наточак, доставени на 23.09.2020 |
План за
велосипедски сообраќај 2019-2021, усвоен од Советот, септември 2019 |
Меморандум меѓу
НаТочак и Петре Шилегов, |
1.
Правило за буџет за велосипедска
инфраструктура |
-Буџет за
велосипедска и пешачка инфраструктура да е минимум 30% од вкупниот буџет за
патна инфраструктура“ (по 15% од тип) - непозната е вкупната сума на буџетот
за 2021 г. за патна инфраструктура. |
1.1.1
Обезбедување на буџет за унапредување на велосипедската инфраструктура во
Скопје |
13. Новата
градска администрација се обврзува на создавање на посебен буџет за вело-инфраструктура |
2.
Кеј на реката
Вардар |
„Продолжување на
рекреативната патека на Вардар до Сарај на запад и најисточните граници на
градот на исток“ - 20.000.000,00 денари. |
2.2.2. Изработка
на план за унапредување и проширување на велосипедската мрежа во Скопје за
периодот 2020 – 2021 кој ќе опфати (меѓу другото и, н.з.): |
7.
Итно деблокирање на постоечките велосипедски патеки кај плоштад Македонија,
патеката на кејот на Вардар и Стоковна Куќа Мост, создавање на повеќе рампи
за приклучување кон патеката на кејот како и нејзино продолжување накај Сарај
и Јурумлери. |
3.
Визија
за нула жртви и Зона 30 |
Стратешки
документ за безбедност во сообраќајот - Визија нула - Визија за Скопје без
жртви (Vision zero) со буџет од 600.000 денари. |
1.3.1. Воведување
на „зона 30“ или „зона на смирен сообраќај“ на улици во надлежност на Град
Скопје во зона на образовни установи |
4. Новата
градска администрација се обврзува секоја идна реконструкција на булевар или
поважна улица да вклучува и велосипедско решение во просторот. Потесните
улици да имаат решение за успорување на возилата за безбедно заедничко
споделување на просторот (Зони 30). |
4.
Бројачи за велосипеди |
„5 бројачи на
велосипеди“ со буџет од 4.500.000,00 денари |
3.2.3 Воведување
на опрема за детекција и броење на велосипеди |
2. Новата
градска администрација ќе ја напушти автоцентричноста како принцип во
сообраќајот и ќе работи на постепено приоритизирање на пешачењето,
велосипедскиот сообраќај и јавниот превоз како и поставување на велосипедска
инфраструктура во сите делови од градот во соработка со останатите
градоначалници. Ќе тежнее процентуалниот удел на овие типови сообраќај да
расте од година во година, а на автомобилот да опаѓа |
Коментар:
- И во Меморандумот и во
Планот, Градоначалникот и Градот се обврзуваат на посебна ставка во
буџетот за велосипедската инфраструктура. Таа ставка е важна за да се
следи соодносот меѓу вложувањата во различните инфраструктури и различните типови сообраќај.
Само на овој начин би можеле да се прават анализи за соодносот на
придобивките vs. вложувањата. Очекуваме тоа да го видиме премиерно во
буџетот за 2021, за првпат по 3 години од Меморандумот и 1 година и пол од
донесувањето на Планот каде ова е предвидено.
Во Предлозите за буџетот НаТочак предложи буџетот за велосипедска инфраструктура да е барем 15% од вкупниот буџет за патна инфраструктура како некакво мерило. - Деблокирањето на
патеката на кејот, поврзувањето на уличната мрежа со патеките на кејот
преку возливи рампи и продолжувањето на патеката покрај Вардар и кон запад
(од Влае до Сарај) и кон исток (кон Јурумлери) е дел и од Меморандумот и
од Предлозите за буџет. И во Планот за велосипедски сообраќај е
констатирана потребата од интегрирање на мрежата со рампи и мостови, но
после изградбата на рампата кај Холидеј Ин 2014/2015 во последните 6
години не е изградена ниту една возлива рампа која ги поврзува нивоата.
НаТочак предлага во 2021 да се изработи проект за продолжување на патеката кон исток и запад (и доуредување на кејот), а да се изведат рампи на повеќе места. Капитални проекти не смеат да бидат само поврзувања за автомобили. Град кој се стреми да стане Зелен град мора да стави фокус и на т.н. Зелени поврзувања или greenways, како тие покрај Серава и Лепенец, така и ова покрај Вардар - Посветување внимание на
безбедност и воведување Зона 30 се дел и од Меморандумот и од Планот, но
само за улици во градска надлежност во зоните околу школите. Немаме
информација дали ова е направено. Како и да е, НаТочак смета дека Град
Скопје треба да донесе Визија Нула - стратешки документ за нула жртви во
сообраќајот и да издвои буџет за негова изработка за следната година, а во
соработка со општините во 2021 да прогласи Зона 30 на сите небулеварски
улици, според принципите од овој допис (точка 3) и следствено да
почнат да се уредуваат соодветно за таа брзина.
- Во Меморандумот ја има
заложбата за пораст на процентуалниот удел на велосипедскиот сообраќај,
кој не може да се констатира без мерење (броење).
Во Планот е предвидено поставување на опрема за детекција и броење велосипеди, а во Предлозите за буџетот НаТочак предлага одвојување на буџет за поставување на бројачи. Град кој се стреми да стане одржлив не смее да ги брои само автомобилите. Предлагаме поставување на 5 бројачи за почеток.
Во однос на останатите точки од меморандумот
или има некаков напредок (велосипедски паркинзи, справување со бесправно
паркираните автомобили) или пак е потребно поголемо истражување и поголем
развој на велосипедската мрежа низ градот и пешачката зона во центарот за да
дојдат на дневен ред (како за системот за изнајмување на велосипеди,
оптимизирање на светлосните сигнали за велосипеди итн.).
Приоритизацијата на пешачкиот и велосипедскиот сообраќај, пак, е нешто што
најмногу очекуваме да го видиме во принципите на новиот ГУП и СУМП. Слично и
задолжителноста на велосипедски решенија за сообраќајниците.
Во Планот има и многу добри точки кои се однесуваат на донесување правилници,
водичи и иницирање на законски измени, обврски за задолжителен велосипедски
паркинг за нови објекти во Скопје при изработката на ГУП и планови за четврт
итн. кои не се предмет на буџетот, туку на политики на локално и државно ниво
во рамки на тековната работа и би ги адресирале во следна прилика.
Овој допис има намера да обрне внимание на Предлозите
кои НаТочак ги поднесе до Град Скопје за буџетот за 2021 и да направи
корелација меѓу 4 од нив и претходно усвоен документ (Планот) и потпишан
документ (Меморандумот).
Се надеваме дека сите 9
предлози ќе бидат прифатени, а на овие 4 ќе се обрне особено внимание, бидејќи
според нашите информации, досега не е сработено ништо на нивен план.
Со почит,
НаТочак
Неформална група на велосипедисти
03. 3.12.2020, Скопје
С
*Овој
документ е испратен во електронска форма до членови на Координативното тело за
велосипедски сообраќај од Град Скопје и ЈП Улици и патишта.
0 comments:
Post a Comment