По повод претстојните локални избори направивме листа со извадоци од програмите на кандидатите и советничките групи во кои се спомнува урбан велосипедизам.
Во рамките на локалните изборни програми за Град Скопје и неговите општини, јасно се истакнува еден заеднички стратешки пристап кон урбаната мобилност и одржливиот развој. Велосипедската инфраструктура и промоцијата на активните форми на превоз се појавуваат како централни елементи во визиите на мнозина кандидати, што укажува на сè поголема свесност за потребите на современ град. Овој фокус не е случаен, туку е директна реакција на предизвиците со кои се соочува Скопје, како што се загадувањето на воздухот, сообраќајниот метеж и потребата за подобрување на квалитетот на животот.
Најчестите ветувања се насочени кон изградба и проширување на велосипедските патеки, со цел да се создаде поврзана, безбедна и функционална мрежа низ сите општини. Ова вклучува и амбициозни проекти како „Вардарска зелена активна магистрала“ или други слични коридори долж реките, кои имаат за цел да ги поврзат различните делови на градот, истовремено создавајќи простор за рекреација и еколошки премини. Паралелно, се јавуваат и конкретни мерки за поттикнување на велосипедизмот како секојдневен вид на транспорт. Ова вклучува воспоставување системи за изнајмување велосипеди, субвенции за нивна набавка и опрема, како и изградба на безбедни паркинг места. Безбедноста на велосипедистите и пешаците е исто така истакнат приоритет, со ветувања за воведување на мерки за смирување на сообраќајот, подобрување на пешачките премини и креирање на зони во кои велосипедистите имаат предност. Одржливоста и намалувањето на зависноста од автомобилот се повторувачки мотиви. Многу програми ја нагласуваат неопходноста од транзиција кон „град за луѓето“, каде јавниот простор ќе биде редизајниран да им служи првенствено на пешаците, велосипедистите и корисниците на јавниот превоз. Овој податок укажува на промена во начинот на кој се перципира урбаното планирање – од авто-центричен кон човек-ориентиран пристап.
Список на политички партии и независни листи од Град Скопје чии кандидати беа опфатени во оваа анализа (по азбучен редослед):
- ВЛЕН - Башким Бакиу, линк до програма (флаер споделен на социјални медиуми)
- ВМРО-ДПМНЕ – Внатрешно македонска револуционерна организација – Демократска партија за македонско национално единство, кандидат Орце Ѓорѓиевски, линк до програма
- ЛЕВИЦА - кандидат Амар Мециновиќ, линк до програма
- НЕЗАВИСНИ ЗАЕДНО - кандидат Горан Марковски, линк до програма
- СДСМ - Социјал-демократски сојуз на Македонија, кандидатка Каја Шукова, линк до програма
За останатите градоначалнички кандидати од Град Скопје не беше достапна електронска верзија од програмата (по редослед на сајтот на ДИК).:
Група Избирачи Драган Николовски
- Група Избирачи Сашо Маневски Единствена Македонија (Зоран Јовановски)
- Сојуз На Роми (Демир Исмаил)
- Работничка Партија (Владимир Куновски)
- Твоја Партија (Александар Тортевски)
- Политичка Партија Унија На Роми Скопје (Срџан Амет)
- Искуство За Успех (Лдп, Гром, Интегра И Партија За Целосна Еманципација На Ромите) (Александар Трајановски)
- Родина Македонија (Вангел Божиновски)
- Национална Алијанс За Интеграција (ДУИ) (Скендер Реџепи)
- Македонска Ера Трета/Македонски Независни Листи-суверенисти (Владимир Трајковски)
- ТМРО (Александар Рашковиќ),
Иако мнозина кандидати детално ја истакнуваат вело-инфраструктурата како клучен приоритет, постои и забележлива група чии програми целосно ја игнорираат оваа тема, што укажува на различен степен на фокус или на различни визии за урбаниот развој.
Во продолжение е анализата на достапните програми од кандидатите за градоначалници. Доколку во текот на изборниот процес, НаТочак обезбеди дополнителни програми, истите ќе бидат додадени во овој документ. Овој документ се смета за конечен по затворањето на изборниот процес.
Целата анализа во текстуална форма може да се најде на овој линк.
Содржина
НЕЗАВИСНИ ЗАЕДНО - Горан Марковски
ИСКУСТВО ЗА УСПЕХ (ГРОМ) - Стевчо Јакимовски
Независни за Карпош - Невена Георгиевска
ВМРО - Бети Стаменкоска Трајкоска
НЕЗАВИСНИ ЗАЕДНО - Билјана Ивановска
ГРАД СКОПЈЕ
ВЛЕН - Башким Бакиу
ВМРО - Орце Ѓорѓиевски
Обраќање на кандидатот
Јавниот превоз ќе добие еколошки автобуси и градски воз, а велосипедизмот ќе се поддржува системски.
СТОЛБ 3. Комунална обнова на Скопје
Велосипедизмот ќе добие системска поддршка преку целосно прифаќање на барањата на граѓанската иницијатива „На Точак“.
План за чист воздух
Нашиот план за чист воздух е преземање на мерки преку конкретни проекти наведени во оваа програма за: ..поттикнување на изградба на велосипедски и пешачки патеки..
ЕКО ФОНД ќе финансира:
Грантови за работодавци и локални власти кои ги поттикнуваат вработените и клиентите да возат велосипеди или да одат пешки;
Субвенции за набавка на нови велосипеди/електрични велосипеди/опрема за велосипеди/тротинети;
Скопски зелени коридори
Елементите опфаќаат дрвореди, велосипедски и пешачки патеки, урбано зеленило и рекреативни зони.
Градска шума - Расадник Кисела Вода
Ќе се поттикне активна мобилност преку изградба на велосипедски и пешачки патеки, со што се намалува зависноста од моторен сообраќај.
Целосна обнова на Паркот на природата - Гази Баба
Проектот опфаќа уредување на пешачки и велосипедски патеки, обновување на автохтоната флора, поставување на едукативни и интерактивни содржини за деца и млади, како и воведување на системи за мониторинг и заштита на биодиверзитетот
Сино-зелен коридор
Проектот „Сино-зелен коридор“ е проект за воведување на сино-зелен коридор на Вардар со соодветно пошумување на кејот, пејсажно уредување на кејот и нови спортски терени и континуирана велосипедска и пешачка патека од двете страни на реката и екстензија на патеките вон урбаната зона.
Кеј на Река Вардар од Ѓорче до Лисиче
Со континуирана пешачка и велосипедска патека, зелени појаси и јавни простори за спорт, култура и одмор, Вардар ќе стане простор за поврзување, а не граница.
Продолжување на кеј на р. Вардар кон Горно Лисиче (од Железнички мост до Маркова река)
Овој потег ќе донесе уредени пешачки и велосипедски патеки, зелени појаси и јавни простори за рекреација.
Булевар „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“
Со проширување на коловозот, изградба на пешачки и велосипедски патеки, нова канализација и осветлување, проектот не само што го деблокира сообраќајниот метеж, туку отвора простор за економски развој, подобра поврзаност мобилност и иднината на градот.
Визија „Нула несреќи“
Со воведување на дизајн ориентиран кон човекот, подигнати премини, кружни текови и визуелни ограничувачи се намалува брзината, се подобрува видливоста и се зголемува безбедноста за пешаците, велосипедистите и возачите.
Катна гаража „ПРОЛЕТ“
Овој проект ќе обезбеди повеќекатен паркинг простор, ќе го растовари јавниот простор од непрописно паркирани возила, ќе ја зголеми безбедноста и пристапноста за пешаци и велосипедисти, ќе придонесе кон уреден, функционален и модерен урбан амбиент.
Јавен превоз кој функционира
Во новиот мандат, Скопје ќе воспостави интегриран систем на јавен превоз кој конечно функционира обединувајќи градски и приватни автобуси, БРТ коридори, градски воз, лиценциран такси превоз, велосипедски мрежи и модерни пешачки патеки во една дигитално координирана платформа.
Кампања за побезбедно Скопје
Кампањата ќе опфати и едукативни видеа за велосипедисти, со насоки за нивно безбедно учество во сообраќајот.
Проект „Викенд без автомобили“
Паралелно, ќе се работи на постепено воспоставување на траен пешачко-вело коридор од Парк Гази Баба до Старата Чаршија, кој ќе ги поврзе зелените и културните точки на градот преку безбеден, континуиран и естетски уреден простор.
ВЕЛОСИПЕДИЗАМ:
Скопски велосипедски коридори
Проектот „Скопски велосипедски коридори“ ќе воспостави долгорочна, зелена и безбедна врска меѓу градот и периферијата преку две главни оски кон Катланово и Радуша, поттикнувајќи секојдневна и рекреативна употреба на велосипеди. Врз основа на успешни примери како Тирана, која веќе има над 37 km заштитени ленти, активен bike-sharing систем од 2011 година и грант од Bloomberg BICI 2024 за 10 нови безбедни крстосници, Скопје ќе се стреми кон европски стандарди преку соработка со Холандската Амбасада и Dutch Cycling Embassy. Проектот ќе придонесе за намалување на загадувањето, зголемена безбедност и мобилност, ќе го позиционира Скопје како регионален пример за одржлива урбана и приградска поврзаност.
Вардарска зелена активна магистрала
Во рамки на нашата визија за Скопје како зелен, поврзан и одржлив град, ќе ја изградиме Вардарската зелена активна магистрала која ќе преставува главна велосипедска и пешачка артерија која ќе се изгради долж реките Вардар, Лепенец, Серава и Маркова река. Проектот предвидува изградба на континуирани велосипедски и пешачки патеки долж самите реки, со возливи рампи кон сите постоечки и идни мостови, кои ќе бидат задолжително прилагодени за немоторизиран сообраќај. Целиот коридор ќе биде интегриран со Велосипедските патеки на Водно и пошироката велосипедска мрежа на градот, овозможувајќи безбедна, достапна и еколошка мобилност. Приматот ќе го има зеленилото и луѓето, преку трансформација на Вардарскиот појас во непрекината урбана оска за рекреација, поврзување и климатска отпорност.
Воспоставување на зелени коридори по должината на реката Лепенец
Во рамки на нашата заложба за здрава животна средина и достоен урбан живот, предвидуваме воспоставување на зелени коридори по целата должина на реката Лепенец. Овој проект ќе овозможи пренамена на за поставениот речен простор во рекреативна, зелена и пристапна зона за сите граѓани. Ќе се интегрираат континуирани пешачки и велосипедски патеки, поврзувајќи населби, паркови и јавни институции, со што ќе се поттикне одржлива мобилност и активен живот. Л епенец ќе стане симбол на еколошка обнова, урбана поврзаност и граѓанска гордост.
Воспоставување на зелени коридори по должината на реката Серава
Серава, како една од најважните водни линии низ Скопје, заслужува обновена улога во урбаното ткиво на градот. Со проектот „Зелени коридори по должината на Серава“, предвидуваме трансформација на целиот речен појас во континуиран, рекреативен и еколошки простор достапен за сите граѓани. Ќе се изградат пешачки и велосипедски патеки, ќе се засади автохтона зелена вегетација и ќе се постават урбани елементи за одмор, спорт и социјална интеракција. Коридорот ќе биде поврзан со пошироката мрежа на активна мобилност.
Поврзана и функционална велосипедска мрежа
Град Скопје ќе воспостави поврзана и функционална велосипедска мрежа преку изработка на сеопфатен план во координација со општините, обезбедувајќи инфраструктура според европски стандарди. Со цел проширување од 144 на 300 километри, ќе се алоцираат доволно средства од буџетот на Градот за велосипедско - пешачка инфраструктура. Приоритет ќе имаат вело решенија на сите булевари, со сенки од дрвја, безбедни вело крстосници, конектори и урбанистички планови прилагодени за велосипедска мобилност.
Слободни тротоари и достапен јавен простор
Скопје ќе започне системска трансформација на јавниот простор преку етапно ослободување на тротоарите од паркирани возила и несоодветна урбана опрема, проширување и уредување на пристапни, зелени и безбедни пешачки патеки, како и воведување строги политики за јавно паркирање. Ќе се промовираат јавни простори со содржини за сите генерации, додека алтернативниот транспорт-велосипеди, јавен превоз и пешачењето, ќе го намали бројот на автомобили и ќе го врати градот на граѓаните.
Безбедно и достапно паркирање за велосипеди
За обезбедување безбедно и достапно паркирање за велосипеди, Град Скопје ќе воведе обврска за поставување велосипедски паркинг кај сите нови објекти и јавни простори, додека кај постоечките ќе се применат иновативни решенија. Ќе се изработат и постават функционални држачи согласно реалните потреби на граѓаните, а секој јавен паркинг ќе резервира определен процент исклучиво за велосипеди, со цел поттикнување на одржлива мобилност и зголемување на употребата на велосипеди во урбаниот простор.
Систем за изнајмување велосипеди – дел од паметно Скопје
Како дел од визијата за паметно Скопје, ќе се воспостави автоматизиран, Скопје-брендиран систем за изнајмување велосипеди, со станици стратешки поставени блиску до домови, работни места и јавен превоз. Системот ќе биде интегриран со автобуси, тротинети и други превозни средства преку единствена картичка, овозможувајќи лесен и ефикасен премин меѓу различни форми на мобилност. Главната цел е намалување на употребата на автомобили и поттикнување на одржлив, урбан транспорт.
Инклузивен град
Проект за проектирање и адаптација на улиците, тротоарите и пешачките зони на потребите на лицата со посебни потреби и ранливите категории на граѓани со воведување на тактилни патеки и други урбани инклузивни решенија
ЛЕВИЦА - Амар Мециновиќ
НОСЕЊЕ НА ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН - Просторни структури
Jавен транспорт: Монореил, еко-автобуси, велосипедска мрежа поврзана со паркови и железници;
Голем парк како една целина со новиот Скопски саем - Локација и концептуален распоред
Поврзаност со пешачки и велосипедски патеки;
ЗАВРШУВАЊЕ НА БУЛ. НИКОЛА КАРЕВ - Инфраструктурни и урбани интервенции
Уредување на пешачки и велосипедски патеки
ЗАВРШУВАЊЕ НА БУЛ. НИКОЛА КАРЕВ - Значење за урбана мобилност
Зголемување на безбедноста и пристапноста за пешаци и велосипедисти.
СООБРАЌАЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ НА „EAST GATE MALL“ СО СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА - Урбано-сообраќајни интервенции
Приоритетни ленти за автобуси, такси и велосипеди;
ДОВРШУВАЊЕ НА БУЛЕВАР ХРВАТСКА - Инфраструктурни параметри
Пешачки и велосипедски патеки на двете страни;
ВТОР СООБРАЌАЈЕН ВЛЕЗ ВО НАСЕЛБАТА ДАМЕ ГРУЕВ - Главни инфраструктурни решенија
Пешачки и велосипедски патеки долж новата траса;
ПОВРЗУВАЊЕ НА МАТКА СО СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА - Инфраструктурни решенија
Две ленти за моторен сообраќај и една комбинирана патека за велосипеди и пешаци
ИЗГРАДБА НА КРУЖНИ ТЕКОВИ - Очекувани придобивки
Подобрување на безбедноста за возачи, велосипедисти и пешаци;
ДОВРШУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ ЗА БУЛ. БОРИС ТРАЈКОВСКИ - Предвидени интервенции
Уредени пешачки тротоари и велосипедски патеки на обете страни
ДОВРШУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ ЗА БУЛ. БОРИС ТРАЈКОВСКИ - Општествени и сообраќајни придобивки
Подигнување на безбедносните стандарди за пешаци и велосипедисти
РЕКРЕАТИВНА ПЕШАЧКА ЗОНА НА КЕЈОТ НА ВАРДАР - Просторни и функционални содржини
Пешачка и велосипедска патека по целата должина;
ИЗГРАДБА НА НОВА АДМИНИСТРАТИВНА ЗГРАДА НА ГРАД СКОПЈЕ - Карактеристики на објектот
Врска со јавниот транспорт и велосипедски мрежи
СПОРТ
Ритско брзински трки со автомобили и велосипеди на Водно
Враќање на полицијата во служба на граѓаните
Поддршка за воведување на редовни пешачки и велосипедски патроли
НЕЗАВИСНИ ЗАЕДНО - Горан Марковски
Урбана мобилност и јавен транспорт
Пешачењето и велосипедизмот се користат значително помалку во споредба со европските градови, што ја потврдува потребата од стратегија за одржлива мобилност.
Нова визија за Скопје (2025–2029)
Зелен град – чист, со модернизирано управување на отпад, со повеќе јавни и зелени површини, стимулирана одржлива мобилност, безбедна велосипедска и пешачка инфраструктура и енергетски ефикасни решенија.
Јавните зелени површини
Реката Вардар низ центар – да се развие како зелено-син коридор со зеленило и шеталиште; велосипедски градски автопат; патеките да бидат затревнати и од порозни материјали, наместо асфалтирање.
Мобилност и транспорт
Мерливи цели: зголемување на користење јавен превоз за 20% и велосипедизам за 15%.
Воспоставување систем за изнајмување на велосипеди
Изградба на нови велосипедски патеки поврзани во континуирана мрежа и стимулација и поддршка за користење велосипеди. Регулација на движење со електрични тротинети за зголемена безбедност.
Субвенции за велосипеди и велосипедска опрема (детски седишта, детски приколки, велосипеди за лица со посебни потреби, карго велосипеди за мали бизниси)
Интегрирана мобилност како услуга (MaaS) - Mobility as a Service:
Интеграција велосипеди, е-тротинети, автобуси, такси
Градски простор (рурален и урбан) по мерка на жителите
Олеснето и безбедно движење низ градскиот, пригратскиот и руралниот простор, со приоритет на пешаците и велосипедистите, а потоа јавниот транспорт (автобуски, железнички) и автомобилите, со отстранување на сите физички бариери што му пречат на безбедното движење на секој човек.
Од автоцентричен кон град за луѓе
Менување на концептот на движење низ градот и зајакнување на пристапноста пешки, со велосипед и јавен превоз.
Воспоставување на примарна и секундарна велосипедска мрежа, која не е неопходно врзана за автомобилскиот сообраќај.
СДСМ - Каја Шукова
Обраќање на кандидатот
Град за луѓето, не за автомобилите – со велосипедски патеки, пешачки зони, ефикасен јавен превоз што функционира и значително помалку сообраќаен метеж.
МОЈАТА ВИЗИЈА ЗА СКОПЈЕ
Системски пристап кон загадувањето и транспортот – не само нови булевари или мостови, туку вистинска реформа на јавниот превоз: имплементација на БРТ-системот, повеќе еколошки автобуси, интеграција со велосипедски и пешачки мрежи. Тоа ќе му овозможи на секој побрзо и поефикасно да стигне до своето училиште или работно место и директно ќе придонесе за почист воздух.
Гледам неколку главни проблеми
Сообраќајни незгоди – чести се поради лоша инфраструктура и недоволна култура во сообраќајот. Решение: безбедни пешачки премини, велосипедски патеки, камери за контрола на брзината и образовни кампањи.
Добро планирање на просторот и мобилноста
Интегрирана мобилност – градот мора да има систем каде што автобусите, велосипедите, пешаците и автомобилите се поврзани. Тоа значи: нов концепт на јавен превоз со нови, еколошки, брзи автобуски линии со посебни коридори, паркинг-системи на периферија и безбедни велосипедски маршрути.
ЕФИКАСЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ И СООБРАЌАЈНА ИНФРАСТРУКТУРА
2.1. Модернизација на јавниот превоз
Создавање на „супер блокови“ во центарот на градот каде што приоритет имаат пешаците, велосипедистите и јавниот превоз
Развој на систем за споделување електрични возила и велосипеди низ целиот град.
2.2. Велосипедска инфраструктура
Промовирање на велосипедизмот како здравствен, еколошки и ефикасен начин на превоз: Слободни тротоари, слободни велосипедски патеки!
Краток рок:
Изградба на 50 км нови велосипедски патеки што ги поврзуваат клучните делови на градот.
Воведување систем за споделување велосипеди со 50 станици низ градот.
Обезбедување на велосипедски паркинзи на клучни локации низ градот.
Субвенција од 50 % за 2000 е-велосипеди за 4 години.
Среден рок:
Развој на целосна мрежа на велосипедски патеки што ги поврзува сите населби со центарот на градот.
Вклучување на велосипедска инфраструктура во сите нови сообраќајни проекти.
Промотивни кампањи за велосипедизам како здравствен и еколошки начин на превоз.
Долг рок:
Изградба на заштитени велосипедски автопати на главните сообраќајни правци
Интегрирање на велосипедскиот превоз со јавниот превоз преку обезбедување можност за носење велосипеди во јавниот превоз.
Трансформација на Скопје во град пријателски настроен кон велосипедистите
5. УРБАНО ПЛАНИРАЊЕ И ИНФРАСТРУКТУРА - 5.2. Јавни простори
Долг рок: Трансформација на реката Вардар и нејзините брегови во главен јавен простор на градот (за пешаци, велосипедисти, рекреативци).
ПЛАН ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ - Фази на спроведување - Фаза 2 (2-5 години): Структурни реформи и инвестиции
Реализација на големите инфраструктурни проекти (јавен превоз, третман на отпад и отпадни води, велосипедски патеки).
Дозавршување на бул. „Борис Трајковски“ до влезот во Драчево
Втората фаза од изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ од Пинтија до мостот на Маркова Река со вкупна должина од околу 2,3 километри е поголем инфраструктурен проект, кој вклучува проширување на коловозот од две на четири ленти, со нова пешачка и велосипедска патека, како и кружен тек кај мостот кај Маркова Река пред Драчево.
Поврзување на тунелот под „Дајмонд мол“ (подземен булевар, кој е дел од Булеварот „Македонија“)
Со реализацијата на овој проект ќе се намали протокот на возила во паралелните улици „Железничка“ и „Кирил и Методиј“ и ќе се отвори можност за уредување на јавниот простор и нивно дополнително хуманизирање со нови велосипедски и пешачки патеки и дрвореди.
Нов мост „Обединети нации“
Сегашниот мост меѓу Карпош 4 и Влае има само четири коловозни ленти, велосипедска патека и тротоар само од едната страна. Затоа е предвидена изградба на нов челичен мост близнак со должина од 90 метри, кој ќе ја поддржи ефикасно урбаната мобилност на градот со функционални 6 ленти, но и пошироки велосипедски и пешачки патеки.
Клучка булевар „Словенија“ – „Никола Карев“
Клучката е важен комуникациски јазол што ги поврзува Бутел, Карпош, Ѓорче и Чаир, со интегрирани велосипедски и пешачки патеки, како и ЛЕД-осветлување за подобра прегледност.
Булевар „Словенија“
Профилот на булеварот ќе биде со по три ленти во една насока со разделно зеленило во средината, велосипедски и пешачки патеки од двете страни. … Истовремено ќе се зголеми градската велосипедска мрежа….
Скопје велоград во еден мандат! – 10 чекори до велосипедско и пешачко Скопје
„Скопје велоград“ ќе продолжи со реализација на следниве чекори:
Развој на нова велосипедска мрежа, во соработка со општините.
Етапно ослободување на тротоари и квалитетен јавен простор, од возила, дислоцирање на лошо поставена урбана опрема.
Вардарска зелена активна магистрала - главната велосипедска магистрала запад - исток ќе се продолжи до крајните граници на градот (на запад низ Ѓорче до Сарај и на исток низ Аеродром и Гази Баба до Студеничани и Петровец).
Изградба на паркинзи за велосипеди, во соработка со општините.
Систем за изнајмување велосипеди како дел од паметно Скопје.
Визија нула за нула жртви во сообраќајот – во соработка со општините.
Процедури, стандарди, транспарентност, партиципативност за повеќе безбедност.
Денови без автомобили / улици за луѓе, ќе ја зголемиме должината на времето без автомобили, но и ќе го зголемиме бројот на улици без автомобилски сообраќај.
Субвенции за велосипеди и велосипедска опрема, ќе ја прошириме програмата за субвенции за купување нов велосипед, со нејзино диверзифицирање, вклучувајќи субвенции за: комплетен сервис и доопремување на стари велосипеди (набавка на специјални за лица со посебни потреби, карго и други велосипеди за мали бизниси; набавка на велосипеди за економски и социјално загрозени групи).
Промена на сообраќајниот систем на Скопје – приоритет се потребите на пешаците, велосипедистите и јавниот транспорт за нивна безбедност, погодност и комфор.
Влијание на проектот - Спроведувањето на овие 10 чекори ќе овозможи Скопје да стане попријателски и побезбеден град за пешачење и возење велосипед, а граѓаните ќе добијат диверзитет на транспортни опции и низа други придобивки.
Целна група - Сите граѓани
Најзасегнати општини - Сите градски општини
Рок на реализација - 2029 година
Буџет - 30 милиони денари
АЕРОДРОМ
ВМРО - Дејан Митески
Обраќање на кандидатот
„Зелената офанзива“ ќе значи повеќе дрвја, повеќе пешачки и велосипедски патеки и урбани простори кои ќе го поттикнуваат здравиот начин на живот.
КЕЈ НА РЕКАТА ВАРДАР ОД ЃОРЧЕ ДО ЛИСИЧЕ – ГРАД СКОПЈЕ
Со континуирана пешачка и велосипедска патека, зелени појаси и јавни простори за спорт, култура и одмор, Вардар ќе стане простор за поврзување, а не граница.
ВЕЛОСИПЕДСКИ И ПЕШАЧКИ ПАТЕКИ – БЕЗБЕДНОСТ, ПОДВИЖНОСТ И УРБАНА УДОБНОСТ
Со изградба и продолжување на велосипедските и пешачките патеки го подобруваме пристапот, ја зголемуваме безбедноста и промовираме одржлива мобилност во Општина Аеродром. Овие проекти овозможуваат удобен, безбеден и еколошки пријателски транспорт за сите жители. Во соработка со Градот Скопје и Јавното претпријатие за државни патишта ќе ги реализираме следниве активности:
Продолжување на велосипедско-пешачката патека на кејот на р. Вардар кон Маркова Река и изградба на нова патека покрај Маркова Река до мостот на патот меѓу Горно и Долно Лисиче.
Велосипедско-пешачка патека со осветлување на патот кон Јурумлери до мостот на р. Вардар во Долно Лисиче.
Нова велосипедско-пешачка патека по должината на булеварот „12. Македонска бригада“ – од двете страни.
Овие интервенции овозможуваат сигурна, современа и пријатна средина за пешаци и велосипедисти, поттикнувајќи здрав и активен живот во Општина Аеродром.
УРБАНА ТРАНЗИЦИЈА ПРЕКУ РАЗВОЈ НА СОРАБОТКА СО МЕЃУНАРОДНИ ОРГАНИЗАЦИИ
Транспорт и инфраструктура: изградба и одржување на патишта, мостови, велосипедски и пешачки патеки, јавен превоз.
ЗЕЛЕН КОРИДОР ЗА СКОПЈЕ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ДО НОВО ЛИСИЧЕ – ГРАД СКОПЈЕ
Овој зелен појас ќе ги поврзе западниот и источниот дел на градот преку дрвореди, зелени површини, кружни текови, велосипедски патеки и еколошка урбана опрема.
ЛЕВИЦА - Марјан Димитриев
Изградба на Аеродромска Чаршија
Главни компоненти - Пешачки пристапи и велосипедска инфраструктура
Изградба на Природно Математичка гимназија
Главни објекти и капацитети - Паркинг и велосипедски пристап
УРБАНИЗАМ И СООБРАЌАЈ - Велосипедски и пешачки патеки
Продолжување на велосипедската патека на кејот на Вардар до Долно Лисиче во соработка со Град Скопје.
Велосипедска патека од Долно Лисиче до Горно Лисиче покрај патот што ги поврзува.
Паркинг за велосипеди пред сите градинки, училишта, спортски центри и сите објекти под надлежност на општина Аеродром.
Формирање на пешачки зони, забранети за автомобили.
Реконструкција на тротоари и пешачки патеки низ целата општина.
Слеани тротоари за подобра пристапност за лица инвалидски колички, велосипеди, родители со детски колички.
Репарација на сите плочници помеѓу зградите низ општина Аеродром и патеките кои водат низ парковите.
СДСМ - Александар Трајановски
МОЈАТА ВИЗИЈА
Општа безбедност на Граѓаните - Преку инвестирањето во безбедни улици, велосипедски патеки, тротоари противпожарни служби, кампањите за подигнување на јавната свест и ред други активности општините би можеле да бидат значаен фактор во подобрувањето на безбедноста на граѓаните.
Добро планирање на просторот - Бетонизацијата на Аеродром мора да запре што поскоро. Крајно неодговорно е во 21 век да се градат станбени и деловни објекти без да се испланираат нови градинки, училишта, улици со доволно широки тротоари и велопатеки, паркови, спортски и детски игралишта.
ЗАЕДНО ДА ГИ МЕНУВАМЕ СОСТОЈБИТЕ
Нови велосипедски патеки, воведување брз и функционален јавен превоз, како и паметни паркиралишта за одржлива урбана мобилност.
Нови паркиралишта и реорганизација на паркирањето
Решение на недостигот на паркинг-простор во урбаниот дел на Аеродром преку изградба на нови и реорганизација на постојните паркиралишта согласно со принципите на одржлива урбана мобилност. Стимулирање на користење јавен превоз, велосипеди и пешачење за сметка на автомобилскиот превоз.
Крај на сообраќајниот хаос
Нови велопатеки. Реконструкција и воведување „зона 30“ на сите сервисни улици во општината. Нула толеранција за паркирање по тротоарите и пешачките патеки.
ПРОЕКТИ - МЗ Долно Лисиче
Велосипедска патека, проширување и осветлување на патот Горно ‒ Долно Лисиче
БУТЕЛ
ВМРО - Дарко Костовски
Во програмата нема ниту едно ветување поврзано со вело-теми
СДСМ - Оливера Ливриниќ
ЗАЕДНО ДА ГИ МЕНУВАМЕ СОСТОЈБИТЕ
Одржлив транспорт: Промоција на јавниот превоз, велосипедски патеки.
Финансиска поддршка за велосипеди и електрични тротинети.
Зелен Бутел: Создавање јавен парк и рекреативни зони за сите генерации
Тротоари и велосипедски патеки: За активен транспорт и поголема поврзаност на населбите.
ПРОЕКТИ И АКТИВНОСТИ – СО ВЛИЈАНИЕ ВО СЕКОЈА УРБАНА И МЕСНА ЗАЕДНИЦА
Бутел 1 - Пешачка и велосипедска патека
Расадник - Осветлување, изградба на пешачка и велосипедска патека на кејот на реката Серава
Кучевишка Бара - Осветлување, изградба на пешачка и велосипедска патека на кејот на реката Серава
ГАЗИ БАБА
ВМРО - Бобан Стефковски
ПРОЕКТИ ЗА РАЗВОЈ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
МОБИЛНОСТ И ИНФРАСТРУКТУРА
Квалитетната инфраструктура и подобрената мобилност се клучни предуслови за динамичен урбан развој и подобар секојдневен живот. Инвестираме во модерни и безбедни патишта, нови велосипедски и пешачки патеки, како и во подобрување на јавниот превоз. Со уредена и достапна инфраструктура, Гази Баба ќе стане поудобна, поповрзана и пофункционална општина за сите граѓани.
СУБВЕНЦИИ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ВЕЛОСИПЕД
Проектот има за цел да ја поттикне употребаната на еколошки, одржливи и здрави начини на превоз помеѓу граѓаните. Со намалување на употреба на моторни возила директно придонесуваме за намалување на аерозагадувањето и подобрување на квалитетот на животот во Општината.
СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ЕЛЕКТРИЧНИ ВЕЛОСИПЕДИ
Проектот е насочен кон промоција на оддржлив и еколошки транспорт, како и кон поддршка на здрави и активни стилови на живот. Со финансиска поддршка за набавка на електрични велосипеди, се овозможува полесно и поефикасно користење на велосипедите за дневни активности и транспорт со намален негативен ефект врз животната средина.
„БАЛКАНИЈАДА“ ВО ПЛАНИНСКИ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ ВО ПАРК-ШУМАТА ГАЗИ БАБА
Проектот има за цел промоција на спортот, рекреацијата и туризмот преку организација на велосипедска трка на балканско ниво во Парк-шумата Гази Баба. Настанот овозможува активен и здрав начин на живот, го поттикнува спортското натпреварување и ја промовира Општина Гази Баба како место за рекреативни и спортски активности.
СДСМ - Влатко Митовски
МОЈАТА ВИЗИЈА
Дали планирањето на просторот е клучно?
Да. Ќе ставиме крај на хаотичниот урбанизам и ќе планираме со зелени зони, велосипедски патеки, јавен превоз и достапни јавни услуги.
ЗАЕДНО ДА ГИ МЕНУВАМЕ СОСТОЈБИТЕ!
ТРАНСПОРТ – ПОЛЕСНО, ПОБРЗО, ПОСИГУРНО - Велосипедски патеки и јавни станици за изнајмување велосипеди.
Изградба на мост меѓу Гази Баба и Аеродром –нова поврзаност и полесно движење
Мостот ќе биде изграден според највисоки инженерски стандарди, со пешачки и велосипедски патеки, урбана опрема и современо осветлување. Со овој проект ќе се овозможи подобра мобилност, поефикасен транспорт, посилна поврзаност и рамномерен развој на двете општини. Проектот ќе се реализира во партнерство со Град Скопје.
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
ВМРО - Александар Стојкоски
ИНФРАСТРУКТУРА И МОБИЛНОСТ
Инфраструктурата и мобилноста претставуваат темел за развојот на секоја современа општина. Со вложување во квалитетна патна мрежа, безбедни пешачки и велосипедски патеки, модерни сообраќајни решенија и одржлив јавен превоз, се обезбедува подобра поврзаност, побрз и полесен пристап до сите услуги и поголема безбедност за граѓаните.
ИЗГРАДБА НА НОВ КРУЖЕН ТЕК НА БУЛ. „МАКЕДОНСКА ВОЈСКА“
Кружниот тек ќе биде изграден според современи стандарди, со уредени пешачки премини, велосипедски патеки и хортикултурно озеленување на средишниот дел.
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ГЛАВНАТА УЛИЦА ВО НОВО СЕЛО СО АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА, ПЕШАЧКА И ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА
НОВИ ПЕШАЧКИ ЗОНИ СО ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ
Планираме создавање на безбедна и современа пешачка зона со интегрирани велосипедски патеки во населбата Даме Груев. Пешачката зона и велосипедските патеки ќе бидат целосно осветлени и урбано уредени, со зеленило и места за одмор, што ќе придонесе за подобрување на квалитетот на животот, зголемување на безбедноста и поттикнување на здрави навики и активен начин на живот.
СОВРЕМЕНА ПЕШАЧКА И ВЕЛОСИПЕДСКА ЗОНА ВО КИСЕЛА ЈАБУКА
Проектот предвидува изградба на пешачка патека и велосипедска патека по должи на на ул. „10“ до Основното училиште „Тихомир Милошевски“, на место на постоечки канал.
ЕДНОНАСОЧЕН СООБРАЌАЈ ВО ХРОМ
Ќе се уредат улиците, крстосниците и пешачките премини, ќе се постават соодветни сообраќајни знаци и сигнализација, како и безбедни зони за пешаци и велосипедисти.
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАТОТ ОД С. ОРМАН ДО С. НИКИШТАНЕ
Реконструкцијата на патот меѓу Орман и Никиштане предвидува проширување на коловозот и изградба на пешачка и велосипедска патека со осветлување.
ПАРК АЛЕКСАНДРИЈА
Паркот ќе вклучува пешачки и велосипедски патеки, детски игралишта, зелени површини за одмор, спортски зони и места за социјални активности.
ИЗГРАДБА НА ПАРК МАКЕДОНИЈА
Покрај тоа проектот вклучува трим-патека за трчање, пешачки и велосипедски патеки, уредени зелени површини, детски игралишта и рекреативни зони, што ќе овозможи простор за одмор, спорт, дружење и активен живот на отворено.
СУБВЕНЦИИ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ВЕЛОСИПЕД, ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ И ЕЛЕКТРИЧЕН ВЕЛОСИПЕД
Проектот има за цел да ја поттикне употребата на еколошки, одржливи и здрави начини на превоз помеѓу граѓаните. Со намалување на употреба на моторни возила директно придонесуваме за намалување на аерозагадувањето и подобрување на квалитетот на животот во општината.
ВЕЛОСИПЕДСКИ ОСТРОВИ ВО СИТЕ УЧИЛИШТА
За да се поддржи и да се поттикне ваквата појава, Општината во училиштата ќе направи т.н. „велосипедски острови“, каде учениците ќе можат во сите периоди од денот и годината да ги оставаат своите велосипеди. До сега во училиштата постојат капацитети што се недоволни, а бројот на учениците и наставниците што доаѓаат со велосипед е зголемен.
ИЗГРАДБА НА ПЕШАЧКО-ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА КРСТ - КУЧКОВО
Проектот предвидува изградба на пешачко-велосипедска патека од центарот на Кучково до локалитетот Крст, со современа инфраструктура и осветлување. Патеката ќе овозможи безбедно движење за пешаци и велосипедисти, ќе поттикне активен и здрав начин на живот и ќе создаде нов простор за рекреација и социјални активности за жителите.
ИЗГРАДБА НА ПЕШАЧКО-ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА ВОЛКОВО - ОРМАН
Проектот предвидува изградба на нова пешачко-велосипедска патека на потегот од населбата Последна 22 до Орман. Патеката ќе биде уредена со современа инфраструктура и осветлување, овозможувајќи безбеден и удобен пристап за пешаци и велосипедисти.
СДСМ - Костадин Ацевски
МОЈАТА ВИЗИЈА
Пешачките и велосипедските патеки се особено важни за виталноста на здравјето на граѓаните со користење алтернативни начини на транспорт, и нивната безбедност и одржливост. Ѓорче Петров денес нема функционални пешачки и велосипедски патеки, и неопходно е брзо да се започне со изградба и подобрување на оваа инфраструктура.
ЗАЕДНО ДА ГИ МЕНУВАМЕ СОСТОЈБИТЕ
Спортот и рекреацијата ќе ги развиваме во две насоки, едната е постигнување поголема мотивираност и вклученост на младите, децата и лицата со попреченост како и на генерациите на сите возрасти во спортско-рекреативни активности.И за таа цел ќе работиме на обезбедување на соодветна инфраструктура, организирање масовни спортски настани – маратони, велосипедски тури и турнири, а ќе обезбедиме и финансиска и материјална поддршка за истакнати и талентирани млади спортисти.
Во однос на транспортот и мобилноста, ќе се спроведуваат едукативни програми за безбедност во сообраќајот, особено за најмладите, а ќе се поттикнува и користењето на велосипед и јавен превоз преку субвенции и со подобрување на условите
КАРПОШ
ВМРО - Сотир Лукровски
Хајкинг Делта
Затоа ќе се создаде нова рекреативна зона – „Карпош хајкинг делта“, со пешачки и вело-патеки, летниковци и пошумување со 10 000 нови садници. Таа ќе стане новото белодробно крило на Општината, простор каде граѓаните ќе се движат, ќе одмораат и ќе живеат со природата.
Активно до училиште
Општина Карпош ќе го реализира проектот „Активно до училиште“, кој има за цел да овозможи безбеден, здрав и одржлив начин на пристап на учениците до основните и средните училишта во Општината. Во рамките на проектот ќе се воспостават јасно обележани пешачки и велосипедски рути кои ќе ги поврзат населбите со образовните институции.
Еко мобилност – Карпош
Општина Карпош започнува со реализација на сеопфатниот проект „Еко мобилност – Карпош“, чија цел е да создаде современа, безбедна и одржлива инфраструктура за движење и паркирање, во согласност со европските стандарди за зелена мобилност.
Преку овој проект ќе се воспостави целосна велосипедска мрежа што ќе ги поврзува сите клучни локации во општината – населбите, училиштата, парковите, спортските центри и јавните институции. Новите велосипедски патеки ќе бидат изведени според европските стандарди, со јасна сигнализација, одделени делови за велосипедистите безбедни премини на критичните сообраќајни точки. Со тоа ќе се обезбеди непречено, сигурно и брзо движење на велосипедистите, но и целосна интеграција со пешачката и јавната инфраструктура.
За да се поттикне користењето на велосипедот како секојдневно превозно средство, Општината ќе постави петстотини специјализирани паркинг-места за велосипеди. Тие ќе бидат распоредени на стратешки локации – во близина на училиштата, спортските сали, парковите, културните центри и трговските зони. Паркинзите ќе бидат современо дизајнирани, со безбедна конструкција и лесна пристапност, а на дел од нив ќе има натстрешници за заштита од временските услови и осветлување за поголема безбедност во вечерните часови.
Дополнително, гаражите ќе бидат опремени со дигитален систем за контрола и наплата, видеонадзор, осветлување и уредени пешачки пристапи, а ќе бидат интегрирани и со јавниот превоз и велосипедската инфраструктура.
Со реализацијата на „Еко мобилност – Карпош“ ќе се намали сообраќајниот метеж, загадувањето и бучавата, ќе се промовира здрав и активен начин на живот, ќе се создаде култура на велосипедизам и ќе се овозможат современи, еколошки одговорни решенија за урбаната мобилност.
Интерактивна веб-мапа
Општина Карпош ќе воспостави интерактивна веб-мапа, достапна за сите граѓани и туристи. Преку оваа алатка ќе бидат прикажани велосипедските и пешачките патеки на Водно, јавните површини, спортските терени, културните институции и настани, како и камери на најфреквентните локации за зголемена безбедност и информираност. Оваа дигитална мапа ќе ја направи Општината поотворена и транспарентна, а движењето низ Карпош ќе стане полесно, поатрактивно и попријатно и за жителите и за туристите.
Велосипедски полигон во училишни дворови
Со овој проект ќе се изградат велосипедски полигони во училишните дворови, каде учениците ќе учат безбедно возење, сообраќајна култура и ќе се натпреваруваат во спортски активности.
Нови велодроми и скејт-паркoви во новиот Парк 1020
Со проектот ќе се изградат нови велодроми и скејтпаркови, со современи стандарди и безбедносни услови. Тие ќе станат места за адреналински спортови, дружење и рекреација на младите, со што ќе се поттикне активен и здрав начин на живот.
Спортско-рекреативна зона на кејот
Општина Карпош ќе воспостави спортско-рекреативна зона долж двата брега на Вардар, со нови патеки за трчање, велосипедизам и ролери, како и фитнес-зони на отворено. Просторот ќе биде осветлен и уреден со клупи, зеленило и современа урбана опрема. Овој проект ќе го претвори кејот во најголема рекреативна артерија на Општината и ќе ја зголеми неговата атрактивност за сите возрасни групи.
Карпош Спортски викенд
Со проектот „Карпош Спортски викенд“ ќе се воспостави годишна традиција на викенд посветен на спорт и забава, кој ќе вклучува: масовни натпревари, рекреативни трки, велосипедски паради, турнир во улична кошарка и детски игри.
Карпош хајкинг делта
Општина Карпош ќе воспостави рекреативна зона долж подножјето на планината Водно. Комплексот опфаќа мрежа на велосипедтски и пешачки патеки од 3 или 4 стартни појдовни точки до комплексот Македонско село. Проектот предвидува изградба на велосипедски патеки, пешачки рути, летниковци и рекреативни зони, како и пошумување со најмалку 10 000 нови садници.
Уредување на просторите покрај реката Лепенец
Ќе се оформат нови тревни и парковски површини, пешачки и велосипедски патеки, како и современа урбана опрема – клупи, осветлување и летниковци.
Проект „еко-мобилност“
Со цел да се поттикне користењето на еколошки и алтернативни форми на транспорт, Општина Карпош ќе воведе субвенции за купување електрични велосипеди и тротинети.
ИСКУСТВО ЗА УСПЕХ (ГРОМ) - Стевчо Јакимовски
СУБВЕНЦИИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ И ЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТИ
Се зголемува субвенцијата за велосипеди од 4.500 денари на 7.000 денари, а субвенцијата за електрични тротинети 6.000 денари на 9.000 денари.
ПРОЕКТИ ПО МЕСНИ ЗАЕДНИЦИ: Злокуќани
Патека за пешаци и велосипеди кај Томато до новиот мост.
ЛЕВИЦА - Антонио Димитров
ПРИОРИТЕТ: Борба против загадувачите
Надградба и подобрување на распределбата на субвенции за замена и изградба на енергетски ефикасни фасади, прозори, инвертер уреди за климатизација, соларни колектори и фотоволтаици, велосипеди и замена на азбестни кровови.
СТОЛБ 2: УРБАНИЗАМ И ИНФРАСТРУКТУРА
Проширување на Улица 10, помеѓу Бардовци и Злокуќани и нејзино оспособување со велосипедска патека и дрворед;
ПРИОРИТЕТ: Мобилна Општина - Низ Карпош за 15 минути
Реновирање и доградба на интегрирани вело-патеки кои без застој ќе ги поврзуваат сите населби во Карпош за непречено користење на велосипеди, електрични скутери и за инвалидизирани лица во колички.
Реновирање на сите напукнати, раскопани и дотраени тротоари, со обавезно вклучување на косина за велосипеди и инвалидски колички и вградување на водилки за слепи лица.
СТОЛБ 3: СООБРАЌАЈ И ТРАНСПОРТ
Субвенциите за набавка на велосипеди, кои дополнително ќе бидат проширени и за набавка на опрема за истите, бидејќи многу граѓани веќе имаат набавено велосипеди, но не користат заштитна опрема или редовен сервис, со приоритет за лицата од социјален ризик во општината.
КАПИТАЛЕН ПРОЕКТ: Јавно претпријатие за транспорт и сообраќај
Поставување на полначи за автобуси и велосипеди како и скутери со сончеви колектори на почетните станици; Локални станици за изнајмување на општински велосипеди.
СТОЛБ 7. КУЛТУРА И РЕКРЕАЦИЈА
Изведба на планинска патека за велосипеди;
Независни за Карпош - Невена Георгиевска
Субвенции за ранливите категории сограѓани во областа на спорт, култура и велосипеди.
Уредување на улиците - етапно ќе поставуваме дрвореди,нормални пешачки и велосипедски патеки.
Тротоарите ќе ги ослободиме од возила со поставување столпчиња, а велосипедистите ќе добијат вистински, безбедни патеки.
Субвенции за граѓаните за подобар квалитет на своите домови, со енергетски ефикасни прозорци, врати, фасади и кровови и замена на азбестните кровови. Субвенции за карго велосипеди за транспорт на деца и бизнис потреби.
СДСМ - Маја Мојсова Мијовска
Во програмата нема ниту едно ветување поврзано со вело-теми
КИСЕЛА ВОДА
ВМРО - Бети Стаменкоска Трајкоска
Пешачко–велосипедска патека: Обиколка на Кисела Вода
Овој повеќегодишен проект ќе овозможи граѓаните на Кисела Вода да ја обиколат општината пеш или со велосипед, по уредена, безбедна и осветлена патека која ги поврзува урбаните и руралните делови. Патеката започнува од стадионот во Пржино, поминува покрај Гоцево чешмиче и црквата Св. Ѓорѓија и продолжува до населбата Припор, Усје, Пинтија до Драчево, па назад покрај пругите до населбата Градинар и да се поврзе со трим патеката кај булеварот Србија.
„Безбедни во сообраќајот“
Во соработка со надлежните институции, започнува проект за едукација и превенција со учениците со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот. Преку интерактивни работилници, симулации, предавања и практични активности, учениците ќе се запоз-наат со правилата на однесување во сообраќајот, особено како пешаци и велосипедисти.
ЛЕВИЦА - Јане Ацевски
КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ
Изградба на нов градски парк во Расадник со велосипедски патеки, трим стази, посебен дел за деца и лица со посебни потреби и угостителски објекти.
ЛЕВИЦА ЗА ДЕЦАТА И МЛАДИТЕ
Изградба и обележување на велосипедски патеки низ улиците кои се под ингеренција на општината и тековно одржување на инфраструктурата (вело-ленти, слеани рабници, поставување столпчиња, вертикална и хоризонтална сигнализација и отстранување на физичките пречки за непрекинато возење велосипед ). Изградба на паркинзи за велосипеди пред јавните институции, станбените и деловните објекти. Поттикнување на велосипедскиот сообраќај („рент-а-бајк“ систем на попатни станици за изнајмување велосипеди, поставување сервисни пунктови, субвенции за набавка на нов велосипед ).
ЛЕВИЦА ЗА ЕКОЛОГИЈА И ЗДРАВ ЖИВОТ ВО НАСЕЛБАТА
Субвенции за велосипеди.
ПРОЕКТИ ЗА СЕКОЈА НАСЕЛБА / НАСЕЛЕНО МЕСТО
УЗ Цветан Димов - Проширување на трим патеката покрај пругата со трака за велосипеди.
11 Октомври - Проширување на трим патеката покрај пругата со посебна трака за велосипеди. Проширување на трим патеката со трака за велосипеди.
Драчево - Изградба на патека за велосипедисти на Три Круши низ шумата према Пеленица
СДСМ - Горан Трајковски
МОЈАТА ВИЗИЈА
Ќе ставиме крај на непланското градење и ќе воведеме ред, а со тоа и зелени површини, јавен превоз што функционира и инфраструктура за пешаци и велосипедисти.
Животна средина, јавна чистота и одржлив развоj
За да го поттикнеме екотранспортот, ќе градиме нови и ќе ја прошириме мрежата на велосипедски патеки.
ПРОЕКТИ И АКТИВНОСТИ
Средување на коритото на Маркова Река и нови велосипедски патеки.
САРАЈ
ВЛЕН - Мухамед Еламзи
Во програмата нема ниту едно ветување поврзано со вело-теми
ВМРО - Горан Бошковски
Во програмата нема ниту едно ветување поврзано со вело-теми
ЦЕНТАР
ЗНАМ - Мирослав Лабудовиќ
СООБРАЌАЈ И МОБИЛНОСТ
Секојдневниот сообраќаен хаос на улиците во Центар ја краде нашата енергија и го нарушува квалитетот на животот. Метежот, неправилното паркирање и небезбедните тротоари не смеат да бидат нашата реалност. Време е Центар да стане општина на паметна мобилност, каде што пешаците и велосипедистите се на прво место, јавниот превоз е функционален, а возачите се движат по јасни правила.
Изградба на нови велосипедски патеки што ќе ги поврзат клучните делови на општината.
Промоција на пешачење и користење велосипеди преку субвенции и јавни програми.
Интегрирана апликација за паркирање и мобилност, со информации за достапни паркинг-места, велосипедски патеки и пешачки рути.
ПРОГРАМА ПО МААЛА
ДЕБАР МААЛО - Поддршка за велосипедски патеки и инфраструктура за еко-транспорт за подобрување на мобилноста и намалување на сообраќајниот метеж.
ВОДНО - Подобрување на пристапот со јавен превоз и нови велосипедски патеки.
ДРУГИ ДЕЛОВИ НА ЦЕНТАР - Модернизација на улицата „Димитрие Чуповски“ во соработка со Град Скопје, со поврзување кон Градскиот парк и создавање пешачки и велосипедски коридори.
ЛЕВИЦА - Марија Среброва
Урбан велосипедизам
Изградба и обележување на интегрирана мрежа на велосипедски патеки во градското подрачје и велосипедски патеки помеѓу населените места.
Изградба на паркинзи за велосипеди пред јавните институции и приватните објекти.
Поставување и тековно одржување на велосипедска инфраструктура (вело-ленти, слеани рабници, поставување столпчиња, вертикална и хоризонтална сигнализација и отстранување на физичките пречки за непрекинато возење велосипед).
Поттикнување на велосипедскиот сообраќај на општинско ниво („рент-а-бајк“ систем на попатни станици за изнајмување исправни велосипеди, поставување сервисни пунктови).
Зголемување на нивото на сообраќајна култура за рамноправен третман на велосипедистите како учесници во сообраќајот.
Подигнување на јавната свест за придобивките од секојдневното користење велосипед како превозно средство.
НЕЗАВИСНИ ЗАЕДНО - Билјана Ивановска
Квалитетот на животот на граѓаните и заедницата усогласен со инвеститорскиот интерес
„Ослободување“ од автомобилите и планирање на простори и улици со доминација на пешаците и велосипедистите, и предност на јавниот транспорт.
Градски простор по мерка на жителите
Олеснето и безбедно движење низ градскиот простор, со приоритет на пешаците и велосипедистите, а потоа јавниот транспорт и автомобилите, со отстранување на сите физички бариери што му пречат на безбедното движење на секој човек.
Квалитетни и слободни јавни отворени и зелени простори
Улици со елементи и опрема што обезбедуваат слободно и безбедно движење, и приоритет за пешаците и велосипедистите, со дрвореди за обезбедување пријатен амбиент.
Очекувани придобивки
Зголемена безбедност и пристапност – улици и јавни објекти безу физички пречки, приоритет за пешаци и велосипедисти, достапни решенија за лица со попреченост, родители со колички и постари лица.
Загадување на почва, воздух, вода, бучава, светлина и отпад
Редукција на дозволи за билборди и нивно поставување на места според строго утврден правилник за заштита на зеленилото, урбаните визури и попречување во сообраќајот и движењето на пешачките и велосипедски патеки.
Пешачка и велосипедска инфраструктура
Недостиг од план за велосипедска и пешачка мрежа (иако е предвидено со ЛЕАП).
Проблем со паркирање велосипеди (недостаток на држачи, решенија во објекти).
Узурпирани тротоари од возила и урбана опрема со што се отежнува движењето на пешаците непречено и безбедно, како и на велосипедите, движење со колички за деца е невозможно.
Ниски и различни стандарди за тротоари во урбанистичките планови (Ленинова и Орце тротоари со 6-7 метри, тротоарите во Треска,Маџир Маало, Крњево, во важечките планови планирани со широчина 1,5-2м).
Пристапност и инклузивност
Јавните површини не се пристапни за инвалидски колички, детски колички, велосипеди, тротинети.
Сообраќајни решенија засновани на стратегија и податоци
Субвенции за велосипеди и диверзификација на вклучување граѓани кои добиле субвенции во фокус-групи, анкети итн., од кои ќе се собираат податоци за потребите.
Намалување на незгодите преку нови политики, одлуки и приоритети.
Декларација за хиерархија на учесниците усвоена од Советот за хиерархија на учесниците во сообраќајот со приоретизирање на просторот и потребите: пешаци, велосипеди, јавен транспорт пред автомобили.
Решавање на проблемите и злоупотребите со паркинг
Поврзана мрежа на велосипедски патеки на цела територија на Општина Центар.
Подобра пешачка и велосипедска инфраструктура
План за подобрување на пешачкиот и велосипедскиот сообраќај: проширување пешачки зони, подобрување на пристапност и безбедност, велосипедска мрежа, паркинзи.
Зголемување стандарди во урбанистички планови: пошироки тротоари, велосипедски патеки.
Одлука за стандард на велосипедски паркинзи: задолжителен за нови објекти + иновативни решенија за постојните (како велосипедски „хангари“).
Подобрена пристапност и инклузивност
План за пристапност како дел од пешачка/вело стратегија.
Одржлив транспортен модел
Помала зависност од автомобили, повеќе пешачење, велосипеди и јавен превоз.
Пешачка и велосипедска инфраструктура
Широки тротоари, безбедна мрежа за велосипеди и повеќе решенија за паркинг.
Препознаени предизвици
Зголемување на секојдневната физичка активност на граѓаните од општината преку обезбедување безбедна и широко достапна инфраструктура за пешачење и возење велосипед.
Нашите заложби
Подобрување на инфраструктурата за велосипеди и тротинети.
Очекувани придобивки
Активни граѓани – повеќе пешачење, велосипед, рекреација и учество во спортски настани.
СДСМ - Горан Герасимовски
Обраќање на кандидатот
Мој Центар - Ги наградуваме жителите на Центар, само тие ќе може да добијат картичка со ексклузивни попусти и поволности за користење на теретаните во Центар, услугите за чување деца, користење велосипеди, тениски игралишта и др. локални услуги.
МОЈАТА ВИЗИЈА
Зелена трансформација на општината - Ќе продолжиме со засадување ново стеблесто зеленило на повеќе локации, ќе се оформуваат микропаркови во сите делови на општината, ќе се поттикне озеленување на фасади и покриви, како и создавање „зелени коридори“ за пешаци и велосипедисти.
Безбеден и функционален сообраќај - Регулирање на паркирањето со катни гаражи, нови велосипедски и пешачки патеки, смирување на сообраќајот во централното градско подрачје, безбедни премини и тротоари, особено околу училиштата и градинките;
Општина што ги поддржува младите, преку простори за креативност, работа и активизам (coworking, младински центри), зголемени субвенции од 3 000 на 6 000 мкд за велосипед и велоопрема, зголемени субвенции од 7 000 на 12 000 мкд за новороденче, продолжување на субвенциите за полагање возачки испит, зголемен број на локации за изнајмување велосипеди и електрични тротинети, користење картичка за резиденти на Центар со можност за користење попуст на различни услуги (теретани, базени, театри, како и за пазарење), поддршка за стартапи, иновации и претприемаштво, програми за обуки, практики и менторства во реален сектор, културни и спортски настани креирани од млади за млади;
Урбан квалитет – општина што нуди живот, не само простор - уредени јавни простори, паркови, игралишта, пешачки и велосипедски зони, културни и спортски содржини достапни за сите, безбедност, чистота, ред и функционалност во секој дел од општината, простор каде што луѓето чувствуваат припадност, а не отуѓеност;
Партерно уредување на ул. „Коле Неделковски“
Проектот ќе го подобри квалитетот на секојдневното движење за пешаците и жителите во околината, особено за семејства со деца, постари лица и велосипедисти. Ќе придонесе за зголемена безбедност и за создавање урбан простор што наликува на европските градови.
Целна група: Велосипедисти и рекреативци – бидејќи партерното уредување вклучува велосипедски патеки, зелени зони и рекреативни содржини.
ЧАИР
ВЛЕН - Изет Меџити
Во програмата нема ниту едно ветување поврзано со вело-теми
ШУТО ОРИЗАРИ
ВМРО - Ерџан Демир
Во програмата нема ниту едно ветување поврзано со вело-теми
СДСМ - Едис Хасан
Парк во Општина Шуто Оризари
Проектот има за цел уредување на зелен јавен простор што ќе овозможи рекреација, одмор и дружење за жителите од сите возрасти. Паркот ќе вклучува детско игралиште, пешачки и велосипедски патеки, урбана опрема (клупи, канти, осветлување), како и засадување дрвја и зеленило за подобрување на квалитетот на воздухот.
0 comments:
Post a Comment