Работилницата со Ралф Ван Дер Зејден „Зошто точак?“ во организација на Холандска Амбасада, НаТочак и ЕУ Инфо Центарот се одржа на 30.10.2014 во просториите на ЕУ Инфо Центарот. Се состоеше од презентација и дел за дискусија.
Со презентацијата Ралф, инаку моментално директор на компанијата I bike Belgrade и Beograd Velograd фестивалот, направи преглед на неговиот животен пат со велосипедите од Холандија до Белград, на состојбата со велосипедската инфраструктура и култура во Холандија и во земјите од Југоисточна Европа и презентацијата ја заврши со поенти и пораки зошто точакот треба да се сфати сериозно како придвижувач на позитивни промени во еден град.
Благодарност до Ралф за опсежната презентација и што ни беше гостин во Скопје, благодарност до сите кои ја проследија презентацијата и учествуваа во дискусијата и благодарност до Холандската амбасада и ЕУ инфо-центарот што го овозможија настанот.
Се надеваме дека сите присутни: велосипедистите и институциите кои имаат надлежности за подобрување на ситуацијата во Скопје, научивме по нешто.
Оние кои не беа во можност да присуствуваат, може да го погледнат видеото.
Подолу има и мал фото-преглед.

Најава на гостинот |
Дел од публиката |
Податоци за удел на велосипедскиот сообраќај во вкупниот во главни градови во регионот. Колкав е процентот моментално во Скопје, не знаеме.
|
10 причини да се сфати возењето точак сериозно. Cycling as a change maker. За повеќе од она на фотографиите, мора да ја гледате презентацијата ;)
|
Каква треба да биде велосипедската инфраструктура? Да поврзува, да биде континуирана, да не прекинува, да биде препознатлива и обележана...
|
0 comments:
Post a Comment