Холандска амбасада, НаТочак и ЕУ инфо центар ве покануваат на Работилница за градски велосипедизам на 30 октомври од 10:00 до 12:00 во ЕУ Инфо Центар.
Локацијата на ЕУ Инфо Центарот е на улица Мито Хаџивасилев Јасмин 52в, 1000 Скопје (локација на линкот) Држачи за велосипеди има поставено во задниот двор на објектот (не кон улицата).
Програма на настанот:
Доколку нема доволно места за велосипеди на држачите во задниот двор на објектот, домаќинот се обврза да го ангажира обезбедувањето за надгледување на велосипедите. Слободно врзете ги само едни за други ако нема место на држачите!
Поканети се претставници од сите општини во Град Скопје и Град Скопје, Републички совет за безбедност во сообраќајот, ЈП Улици и патишта, Агенција за млади и спорт, Велосипедска Федерација на Македонија, преставници од еко-здруженија, невладини организации, претставници од иницијативите „на точак“ од другите градови.
Поканети сте и сите точакољупци!
Работилницата е отворена. Повелете, се разбира #НаТочак!
Линк до Facebook-настанот.

- Воведно предавање на тема градски велосипедизам - Ралф Ван Дер Зејден, директор на "I Bike Belgrad" и поранешен советник во Општина Хаг.
Темата на предавањето ќе биде "Why bike?" или „Зошто точак?“ и ќе ги обработи следните поттеми:
-Возење велосипед во Холандија (краток преглед со податоци околу велосипедизмот во Холандија и опис на нормален велосипедски ден)
-Возење велосипед во Белград (каква е ситуацијата и што е направено за нејзино подобрување)
-Возење велосипед во други градови од Југоисточна Европа (некои добри и лоши примери)
-Причини да се сфати возењето велосипед сериозно
-Како да се подобрат градовите?
Последната тема ќе отвори простор за дискусијата. - Дискусија на тема: предности и предизвици на градскиот велосипедизам во Град Скопје. Како да се подобри градот Скопје?
Доколку нема доволно места за велосипеди на држачите во задниот двор на објектот, домаќинот се обврза да го ангажира обезбедувањето за надгледување на велосипедите. Слободно врзете ги само едни за други ако нема место на држачите!
Поканети се претставници од сите општини во Град Скопје и Град Скопје, Републички совет за безбедност во сообраќајот, ЈП Улици и патишта, Агенција за млади и спорт, Велосипедска Федерација на Македонија, преставници од еко-здруженија, невладини организации, претставници од иницијативите „на точак“ од другите градови.
Поканети сте и сите точакољупци!
Работилницата е отворена. Повелете, се разбира #НаТочак!
Линк до Facebook-настанот.
0 comments:
Post a Comment