25 March, 2016

Критична маса #47: Скопје не е паркинг!

Датум: среда, 30.03.2016
Почеток: 17:30, Плоштад Македонија
Крај: Парк на принцови


---------------------------------------------------------------------
Facebook настанлинк

Промотивни материјалилинк
Рута: 
линк
---------------------------------------------------------------------



Постерот за КМ 47
Коли на велосипедски и пешачки патеки, коли во трева, коли пред пристапни рампи. Коли пред влезови, коли на кеј, коли во паркови. Коли на кафе, коли на кино, коли дома, коли во диско, коли на бурек, коли во продавница, коли на пазар, коли до коли, коли над коли, коли во коли. Коли насекаде!

Добро, може малку претеравме, ама ова е сликата за Скопје. Сликата за Скопје не се прекрасни шеталишта, не се пространи пешачки зони. Не е проодна велосипедска мрежа, не е пристапност за лицата со попреченост. Н
е е град пријателски за деца. 

Сликата за Скопје е еден паркинг без крај кој поклопува сè друго. Кој ги прави локациите непристапни за прва помош. Кој ги прави луѓето со оштетен вид апсолутно зависни од други луѓе. Кој ги приморува лицата во количка да останат дома поради непроодни патеки. Кој ги принудува луѓето со детски колички да се симнуваат на коловоз и да се движат во трета лента на булевари. Кој ги става во небезбедни ситуација оние кои возат точак со ненадејно отворање на врата (dooring), затоа што одеднаш тоа место прераснало во „паркинг“.

Ова ли е најдоброто што можеме од нашиот град?

Жители на Скопје нè има секакви: оние што се движиме пеш, оние што возиме точаци, оние кои сме во инвалидска количка, оние што возиме автомобили. Сите ја делиме истата потреба – потребата да се движиме слободно и без ограничувања.

Зарем сите не сме првенствено пешаци? 

Дали Скопје е град каде луѓето се движат слободно без пречки, каде се почитува намената на просторот или Скопје е еден огромен паркинг каде секој паркира каде му текне?

Драги сограѓани, да бидеме сојузници во оваа борба за побезбеден град, град во кој ќе можеш ти, твоите деца, твоите пријатели да се движат слободно и релаксирано. 

Да ги превртиме парадигмите!
Да ја превртиме сликата.
Луѓето на прво место, колите потоа! Не обратно.
Можеме поинаку. Треба поинаку.

Скопје е град, не паркинг! 

*Да помислиме пред да го паркираме автомобилот, дали претставува препрека за некој.
--------------------------
-----------------------------------------------------------------
НаТочак ќе испрати допис до надлежните институции (МВР, РСБСП, Град Скопје и скопските општини) со кој ќе го адресира проблемот и ќе повика на делување. 

Скопје, ни треба поддршка!

Дојди на следната Критична маса во среда, 17.30 часот на Плоштад Македонија.
Возиме по следнава рута:




*** Секој учесник вози на своја одговорност. 
--------------------------------------------------------------
Критична маса е неформален велосипедски собир кој се случува во над 300 градови во светот.
Нема лидери, нема формална организација, само група на свесни луѓе кои сакаат подобар вело-град.
Од мај 2012-та се случува еднаш месечно и во нашето Скопје!
Возиме секоја последна среда во месецот по различна рута и со различна тема.


Критична маса во Скопје е самоодржлив, саморегулиран и самофинансиран месечен собир на урбаните велосипедисти кој зависи од придонесот на секој учесник, пред сѐ од неговото појавување на собирот и покажување бројност („Нѐ има, земете нѐ предвид“), од активната грижа настанот да помине во најдобар ред, а потоа и од донациите за промотивните материјали, волонтерскиот придонес во: осмислувањето на настанот, неговата промоција и се разбира во креативната страна на возењата. До овој момент, скопјани 46 пати возеа масовно по скопските улици, на 46 различни теми поврзани со урбаниот велосипедизам.
Да ги освоиме по 47-ми пат улиците со нашите точаци, активно, ангажирано, свесно, заедно, со полни срца!

Приклучи се! Ангажирај се! Може да нé има повеќе! И Скопје може да стане подобар град!
--------------------------------------------------------------

26 February, 2016

Bikes Vs. Cars - проекција на документарен филм


Проекција на Bikes Vs. Cars


Место: Кинотека
Датум: 3.03.2016 (четврток)

Почеток: 19:45 - кратки филмови, 20:15 - bikesVScars
Facebook настан: линк
-------------------------------

Bikes vs Cars е американски документарец за велосипедите и нивниот потенцијал како алатка за промена. Го потенцира конфликтот во градовите помеѓу велосипедите, автомобилите и зголемената зависност од фосилни горива. 

Филмот зборува за тоа кое е местото на одржливите начини на превоз во политиките и на улица, како градовите се трансформираат во автоцентрични под влијание на различни притисоци и интереси, но и како преминуваат кон мултимодалност поради подигнувањето на свеста во денешно време. 
Во ситуација со сè поголеми гужви и нездраво долго време поминато во кола, климатски промени и жртви на улиците, се увидува дека не постои град во светот кој квалитетно го решил прашањето на мобилноста базирајќи се само на автомобилот. Се случува промена на парадигмата паралелно на повеќе меридијани во светот. А промената почнува од долу, од обичните граѓани! Го имаат велосипедот како алатка.

Во многу сцени, иако далеку од нас, ќе го препознаеме и Скопје.

Линк до филмот: 
http://www.imdb.com/title/tt4397346/

Благодарност до Кинотека за просторот и до Битола НаТочак за набавувањето и преводот на филмот.
-------------------------------
Кинотека е едно од местата во Скопје каде безбедно може да го паркирате точакот додека гледате филм:



Дојдете порано за да си зафатите место. Влезот е бесплатен, но бројот на места за седење
 е лимитиран.

Целосната програма на настанот:


22 February, 2016

Промотивни материјали КМ #46


Промотивните материјали од овој блог-пост може слободно да се споделуваат, печатат, да се лепат на соодветни локации во градот, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови.
Однапред ви благодариме на сите за помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #46, а на Ивана Пеќевска ѝ благодариме за дизајнот.
.
МАТЕРИЈАЛИ ЗА ВЕБ
  • постер
 
А3
 
  • банери
 
Facebook cover
 
 
Twitter cover
 
 
Банер 300x250

 
Банер 500x500
 
 
Банер 980x100
 
 
Банер 990x80


Критична маса #46: Ја поседуваш колата, а не патот

Датум: среда, 24.02.2016
Почеток: 17:30, Плоштад Македонија
Крај: паркинг спроти Никола Карев

---------------------------------------------------------------------
Facebook настанлинк
Промотивни материјалилинк
Рута: 
линк
---------------------------------------------------------------------



постерот за КМ 46

Сообраќај значи движење. 


Градовите се места на интензивно движење.
Градовите треба да бидат места на различни можности за движење! 
Сите сме пред сè пешаци, а потоа и велосипедисти, возачи, патници! 
Ние и не би сакале да се идентификуваме така, зашто секој од нас има желба и потреба да се движи на различни начини во различни ситуации. 
Ние сме само корисници на точакот, колата, јавниот превоз! 
Градот треба да ни овозможи да ги користиме на безбеден и удобен начин, особено оние типови превоз кои не загадуваат и се од корист за сите.

Моментално, oчигледно е дека Скопје е град само за коли. 
И онака малкуте пешачки и велосипедски патеки не се почитуваат, на нив се паркираат возила, полицијата толерира, а возачите се несвесни за останатите сограѓани. Забележливо е дека недостига и сигнализација. Оправдувањата се секогаш „само на 5 минути сум“, но кога на 10 места по патеката ќе сретнете паркирани „само на 5 минути“ сфаќате дека автомобилот е привилегиран, а за наједноставното движење - пеш или со точак - во Скопје ти требаат натчовечки напори.

Со оваа Критична маса ќе порачаме уште еднаш дека и ние сме сообраќај! 
И велосипедистите и пешаците! Особено непривилегирани во овој град се родителите со детски колички и лицата со попреченост. Скопје за нив е навистина непријателско место. Да го смениме тоа! Да го направиме Скопје пријателски град за сите луѓе, за сите начини на превоз! 
Апелираме и бараме Град Скопје, сите скопски општини, Министерство за внатрешни работи, Републички совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП) да направат заедничка повеќемесечна кампања со која ќе им ги вратат патеките на оние начини на превоз за кои се наменети. Тоа не би било придобивка само за граѓаните кои моментално така се превезуваат, тоа ќе привлече и други и ќе направи секој граѓанин да има опции и да менува превоз… 
Ќе го направи Скопје поквалитетен град за живот! 


...Драг наш сограѓанину, ти што денес ќе решиш да излезеш со автoмобил од дома, сети се дека постоиме и ние. Нека ти текне дека не си сам и дека улиците ги делиш со сите нас. Во мислите постојано имај ги останатите. Оние кои се поранливи во сообраќајот од тебе. Оние чија безбедност не зависи само од нив самите. Оние, кои исто како и тебе, некој ги чека да се вратат дома на крајот од денот. Кога ќе го оставиш некаде автомобилот, сети се дека со тоа некому му ја нарушуваш слободата на движење. Дека му го ограничуваш правото на движење. Дека, можеби, му ја загрозуваш личната безбедност.
И затоа, драг наш сограѓанину, никогаш не заборавај:
Ја поседуваш колата, а не патот. Мисли и на нас. На сите е градот!

30 December, 2015

Среќна Нова, херои на Скопје!

Добивме писмо:
--------------------------

Ова беше тешка година за вашиот град. Тој беше сардисан од многу неволји. Огромна загаденост на воздухот! Енормна бучава! Сообраќаен метеж! Узурпација на јавните површини! Многу беше напатено вашето Скопје: вашиот Готам Сити, вашиот Метрополис!
Но Скопје, за среќа, во изминатава година ве имаше и вас, неговите херои! Храбрите и решителни девојки и момци кои им пркосевте на сите неприлики за да го спасите вашиот град. Педалите вам ви беа вашите наметки, а точаците ви беа вашите херојски костими. И никогаш не го оставивте Скопје на цедило. Со секој нов точак на улица, воздухот стануваше за малку почист. Со секој километар поминат на точак вие живеевте за другите, со секое ѕвонење на ѕвончето мислевте на сите нас, со секоја насмевка им ја враќавте вербата на вашите сограѓани: вербата во еден поубав град. Светлата на вашите точаци ја даваа светлината на надежта.

Длабоко ви се поклонуваме. Ви благодариме за сите ризици кои ги преземате, се восхитуваме на вашата упорност, сочуствуваме со секојдневните нервози и препреки со кои се соочувате. Вие сте тие кои го правите градот поубав. Вашите постапки беа пример за многумина.
Новата година ќе донесе уште поголеми предизвици. На Скопје сѐ уште ќе му биде потребна вашата помош. Супер-моќите кои ги поседувате повторно ќе го спасуваат градов. Се надеваме дека ќе продолжите да бидете инспирација за останатите. Вашата борба продолжува!
Среќна Нова, херои на Скопје!

Со почит,
Анонимен Автор




27 December, 2015

Промотивни материјали КМ #44

Промотивните материјали од овој блог-пост може слободно да се споделуваат, печатат, да се лепат на соодветни локации во градот, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови.
Однапред ви благодариме на сите за помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #44, а на Исак Вишниќ му благодариме за дизајнот.
.
МАТЕРИЈАЛИ ЗА ВЕБ
  • постер



  • FB cover 
  • профил слика

Критична маса #44: Среќна Нова, херои на Скопје!

Датум: среда, 30.12.2015
Почеток: 17:30, Плоштад Македонија
Крај: Фонтана, Градски парк
---------------------------------------------------------------------
Facebook настанлинк
Промотивни материјалилинк
Рута: линк

---------------------------------------------------------------------
Мислење: Зошто прераспределба кон велосипедски превоз? : линк
Предлог - мерки за намалување на загадувањето од сообраќајот: линк
---------------------------------------------------------------------



Постерот за КМ 44


Не е лесно да се вози точак во Скопје.
Не е лесно да се сонува друга стварност од таа што ни се нуди како единствена, а уште повеќе да се живее, со сопствен пример! 
Но возможно е.

Сите што сте на точак во скопскиве моментални услови, сте херои на Скопје! 
Полека, но сигурно, со својата упорност, ја носите промената. 

Се гледаме на Критична маса #44 (по 44-ти пат, е-хееј!), на 30-ти декември, ден пред дочекот на Нова година, да си посакаме сè најубаво во неа, пред сè чист воздух и здравје, а како ако не (меѓу другото и) преку подобри велосипедски услови и похрабри градски политики.

Ќе возиме по следнава рута: 



Повеќе информации, наскоро.



*** Секој учесник вози на своја одговорност. 
--------------------------------------------------------------
Критична маса е неформален велосипедски собир кој се случува во над 300 градови во светот.
Нема лидери, нема формална организација, само група на свесни луѓе кои сакаат подобар вело-град.
Од мај 2012-та се случува еднаш месечно и во нашето Скопје!
Возиме секоја последна среда во месецот по различна рута и со различна тема.


Критична маса во Скопје е самоодржлив, саморегулиран и самофинансиран месечен собир на урбаните велосипедисти кој зависи од придонесот на секој учесник, пред сѐ од неговото појавување на собирот и покажување бројност („Нѐ има, земете нѐ предвид“), од активната грижа настанот да помине во најдобар ред, а потоа и од донациите за промотивните материјали, волонтерскиот придонес во: осмислувањето на настанот, неговата промоција и се разбира во креативната страна на возењата. До овој момент, скопјани 43 пати возеа масовно по скопските улици, на 43 различни теми поврзани со урбаниот велосипедизам.
Да ги освоиме по 44-ти пат улиците со нашите точаци, активно, ангажирано, свесно, заедно, со полни срца! Приклучи се! Ангажирај се! Може да нé има повеќе! И Скопје може да стане подобар град!
--------------------------------------------------------------