„Ние сме На Точак.
Возиме во Скопје.
Критична маса е неформален велосипедски настан кој се организира во над 300 градови во светот. Критична маса во Скопје е почеток на трансформација на условите во кои се користи велосипедот како превозно средство за секој ден.“
Така започнува приказната раскажана во видеото „На улица #naTochak" кое вчера премиерно се прикажа на конференцијата за социјални медиуми и активизам Engage.
Благодарност до организаторите кои ни ја дадоа можноста да ја претставиме Критична маса- Скопје на овој настан. А во контекст на темата на настанот, да ја претставиме и можноста да се стигне од коментари на интернет на одредена тема до реално движење кое и понатака се служи со социјалните медиуми, преку примерот со Критична маса.
Видеото го проследија околу 300 учесници присутни во публика и уште неколку стотини во живо преку интернет.
Се надеваме дека дел од нив ќе ги видиме во среда, на 27.02.2013, на 10-тата по ред Критична маса. За почеток да свртат едно кругче на точак со нас. Не треба повеќе :)
Приказната од бината во МКЦ ја раскажа еден точак кој си го пронајде местото на Критична маса и по скопските улици, место во гаража :)
И овие десетина точаци тој ден не беа 'заробени', туку довозија до паркинзите пред МКЦ. Дел од учесниците на конференцијата се одзваа на повикот (уште подобро ако и онака си планираа) и дојдоа на настанот на точак.
На крајот на видеото присутните точакољупци ѕвонеа со ѕвончињата демонтирани од точаците и создадоа уште поубава атмосфера.
Нека ѕвони Скопје повеќе оваа пролет!
Еве некои од реакциите на твитер за видеото:
Па, кој град е следен? :)

Не ги забораваме ни постерите и флаерите како начин на промоција на возењата :) Залепивме десетина постери и поделивме стотина флаери за КМ #10 за време на конференцијата. |
Приказната од бината во МКЦ ја раскажа еден точак кој си го пронајде местото на Критична маса и по скопските улици, место во гаража :)
И овие десетина точаци тој ден не беа 'заробени', туку довозија до паркинзите пред МКЦ. Дел од учесниците на конференцијата се одзваа на повикот (уште подобро ако и онака си планираа) и дојдоа на настанот на точак.
На крајот на видеото присутните точакољупци ѕвонеа со ѕвончињата демонтирани од точаците и создадоа уште поубава атмосфера.
Нека ѕвони Скопје повеќе оваа пролет!
Еве некои од реакциите на твитер за видеото:
Како едно видео пробива веднаш до луѓето. Се родија нови точакољубци веднаш по гледањето. #EngageMk #NaTochak
— Martin Stojanovski (@martincco) February 23, 2013
#engagemk точак што зборува супер :)) браво за видевцето за #NaTochak !!!
— Sandra (@alexhris) February 23, 2013
Значи премногу уживав гледајќи го видеото од #NaTochak - најнајпозитивна иницијатива што се родила во градов. #EngageMk
— Martin Stojanovski (@martincco) February 23, 2013
#наточак филмче #win #engagemk twitter.com/banekoma/statu…
— Neb. Gelevski - Bane (@banekoma) February 23, 2013
Прекраснотии #NaTochak! Браво! #engagemk
— Ива(@NotSocialMedia) February 23, 2013
Фасцинирана од видеото #natochak #engagemk
— Marija Matovska (@MarijaMatovska) February 23, 2013
Ја сум не у ред или некако емотивно беше видеото #НаТочак? #engagemk
— Симоната (@Simona_Simche) February 23, 2013
Инијиатива #НаТочак во секој град! Не само во Скопје! #EngageMK
— Абреално Апсурден (@nojo90) February 23, 2013
Па, кој град е следен? :)