Датум: среда, 25.05.2016
Почеток: 17:30, Плоштад Македонија
4 години е возраста кога најголем дел од децата имаат доволно предиспозиции да балансираат и да се ослободат од помошните тркалца.
Во актуелните техники за учење балансирање, помошните тркала се и изоставувани.
Наше Скопје на точак, нашата скопска Критична маса на крајот на мај 2016-та полни 4 години.
Ја доживуваме оваа годишнина како возраст, како клучно време слично на она во развојот на децата.
Поединечните проблеми со кои се соочуваме се многупати обработувани во темите на претходните критични маси, во многу постови, текстови, дописи, анкети.
Треба ли да ги повторуваме?
Паркирани возила на патеките? До кога?
Високи рабници по патека каде треба да се движат тркала? До кога?
Широки многубројни ленти за загадувачки автомобилски сообраќај наспроти тесни тротоари за мешање на велосипеди и пешаци? До кога?
Брзината на автомобилите поважна од безбедноста на пешаците и велосипедистите? До кога?
4 години е добра возраст да се надминат детски проблеми.....
…………..
4 години ги шараме заедно скопските улици, градиме полека, но сигурно Критична маса! Критична маса која се проширува и низ другите градови во Македонија!
Возењето секој сам секој ден е промената за која сонуваме. Тоа да се прави во безбедни услови и уживање е она за кое се бориме.
Возењето заедно секоја последна среда од месецот е начинот на кој покажуваме дека нè има, и на возачите, и на политичарите, и на сограѓаните кои не помислиле на велосипедот како потенцијален превоз, зашто немало кој да им посочи.
Критична маса е нашето збирно место, каде се собираме, протестираме, бодриме и радуваме заедно.
Местото каде заедно го правиме она за што се залагаме, промената, промената која сакаме да ја видиме во светот. Ние се залагаме за возење точак и ние возиме точак!
Дојди на оваа Критична маса да прославиме 4 години тивка, но сигурна промена.
Скопје,
Среќен 4-ти роденден Скопје на точак!
Да ги извадиме помошните тркала!
-------------------------- -------------------------- -------------------------- -------------
Почеток: 17:30, Плоштад Македонија
---------------------------------------------------------------------
Facebook настан: линк
Промотивни материјали: линк
Рута: линк

постерот за КМ 49 |
4 години е возраста кога најголем дел од децата имаат доволно предиспозиции да балансираат и да се ослободат од помошните тркалца.
Во актуелните техники за учење балансирање, помошните тркала се и изоставувани.
Наше Скопје на точак, нашата скопска Критична маса на крајот на мај 2016-та полни 4 години.
Ја доживуваме оваа годишнина како возраст, како клучно време слично на она во развојот на децата.
Поединечните проблеми со кои се соочуваме се многупати обработувани во темите на претходните критични маси, во многу постови, текстови, дописи, анкети.
Треба ли да ги повторуваме?
Паркирани возила на патеките? До кога?
Високи рабници по патека каде треба да се движат тркала? До кога?
Широки многубројни ленти за загадувачки автомобилски сообраќај наспроти тесни тротоари за мешање на велосипеди и пешаци? До кога?
Брзината на автомобилите поважна од безбедноста на пешаците и велосипедистите? До кога?
4 години е добра возраст да се надминат детски проблеми.....
…………..
4 години ги шараме заедно скопските улици, градиме полека, но сигурно Критична маса! Критична маса која се проширува и низ другите градови во Македонија!
Возењето секој сам секој ден е промената за која сонуваме. Тоа да се прави во безбедни услови и уживање е она за кое се бориме.
Возењето заедно секоја последна среда од месецот е начинот на кој покажуваме дека нè има, и на возачите, и на политичарите, и на сограѓаните кои не помислиле на велосипедот како потенцијален превоз, зашто немало кој да им посочи.
Критична маса е нашето збирно место, каде се собираме, протестираме, бодриме и радуваме заедно.
Местото каде заедно го правиме она за што се залагаме, промената, промената која сакаме да ја видиме во светот. Ние се залагаме за возење точак и ние возиме точак!
Дојди на оваа Критична маса да прославиме 4 години тивка, но сигурна промена.
Скопје,
Среќен 4-ти роденден Скопје на точак!
Да ги извадиме помошните тркала!
--------------------------
*** Секој учесник вози на своја одговорност.
--------------------------------------------------------------
Критична маса е неформален велосипедски собир кој се случува во над 300 градови во светот.
Нема лидери, нема формална организација, само група на свесни луѓе кои сакаат подобар вело-град.
Од мај 2012-та се случува еднаш месечно и во нашето Скопје!
Возиме секоја последна среда во месецот по различна рута и со различна тема.

Критична маса во Скопје е самоодржлив, саморегулиран и самофинансиран месечен собир на урбаните велосипедисти кој зависи од придонесот на секој учесник, пред сѐ од неговото појавување на собирот и покажување бројност („Нѐ има, земете нѐ предвид“), од активната грижа настанот да помине во најдобар ред, а потоа и од донациите за промотивните материјали, волонтерскиот придонес во: осмислувањето на настанот, неговата промоција и се разбира во креативната страна на возењата. До овој момент, скопјани 48 пати возеа масовно по скопските улици, на 48 различни теми поврзани со урбаниот велосипедизам.
Да ги освоиме по 49-ти пат улиците со нашите точаци, активно, ангажирано, свесно, заедно, со полни срца!
Приклучи се! Ангажирај се! Може да нé има повеќе! И Скопје може да стане подобар град!