25 September, 2016

Критична маса #53: Со политики свесни, коловози стесни. Смири возачи бесни, пешаци и точаци смести.

Датум: среда, 28.09.2016
Почет
ок: 17:30, Плоштад Македонија
Крај: Парк Фредерик Шопен

 
---------------------------------------------------------------------
Facebook настан: линк

Промотивни материјалилинк
Руталинк
---------------------------------------------------------------------


Постерот за КМ 53



Улиците не биле вакви какви што се отсекогаш. Заборавивме дека пред само 20-ина години беше безбедно да се игра топка на улица… Да се оди пешки на школо…

Дека до 70-тите нашите родители и нивните родители голем дел од работите ги завршувале со точак…И лете и зиме…
 

Со продирањето на автомобилската индустрија, се наметна сликата дека за превоз мора да се користи кола, а точак како превоз е само за сиромашни… Може детето дури е мало да си игра со точачето и кога ќе порасне спортски да вози точак по планини…. Но за неколку продукти од продавница, мора да се запали кола и да се блокираат тротоари… Можеби немаш да си дозволиш повеќе, но ете, за кола мораш, оти сите така патуваат… Можеби воздухов ни е за никаде, а на тоа многу влијае сообраќајот, но ете, мораш, оти сите така патуваат, оти градот за тоа гради, оти нема полиција да ги казни колите кои им блокираат патеки на точаците, оти нема да те казни ни тебе ако тркнеш „само на 5 минути“... Зашто живееме во општество каде колата е побитна од човекот. Зашто мобилноста се изедначува со автомобил. Зашто голем дел од самите сообраќајни инженери и урбани планери размислуваат низ призмата на што повеќе коли, а не што повеќе луѓе на улицата… Резултатот? Шетањето низ Скопје е мачење место уживање од возила испопаркирани насекаде. Децата не можат да одат сами на училиште… Возењето велосипед е како слалом… И самите возачи на коли се нервозни во вакво опкружување…Небезбедност, загадување, влошено здравје… (поради намалување на движењето, загадување и бука)...

Затоа, потребна ни е промена на парадигмите!
Потребна ни е промена на политиките!
Автоцентричното планирање не го решава проблемот на мобилноста, само привлекува нови коли и за најкратки дистанци, затоа што другите начини на превоз ги прави небезбедни, непријатни, невозможни…
Досега се прибегнуваше кон одземање простор од пешаците, велосипедите, зеленилото за да се добијат што повеќе и што пошироки ленти за коли. Добивме автопати место градски улици… Сигурно можете да наброите повеќе примери низ градов… Климент Охридски е само еден илустративен пример од многуте… Овој пристап во планирањето е карактеристичен за речиси сите градови после Втората светска војна, но веќе е застарен, веќе се согледуваат неговите недостатоци и полека се напушта.

Потребно ни е планирање со фокус на луѓето!
Како ќе добиеме поквалитетна животна средина? Како ќе добиеме повибрантен град со поживи поатрактивни јавни простори? Како ќе го подобриме квалитет на воздухот? Како ќе ја зголемиме безбедноста кај сите учесници во сообраќајот и чувството на комоција особено на пешаците, на велосипедистите, на луѓето во инвалидски колички, на најмладите, на повозрасните? И на крајот, како ќе ги решиме сообраќајните проблеми, како ќе превезем повеќе луѓе? Со каков дизајн на улици? Со какви политики? Со сите во кола и со паркирање кој каде му текне, сигурно -не.
Градовите во кои луѓето најмногу уживаат да престојуваат и живеат и градовите кои го скротиле сообраќајниот хаос се градови кои пристапиле кон еден обратен процес во планирањето. Road diets. Lane diets.
На возилата - неопходниот минимум (не мора целосно да се откажеме, но треба да ги користиме порационално), а предност на пешаците, велосипедите, јавниот превоз.
Потесни ленти за возила со паметен дизајн може да значат дека просечната брзина на возилата воопшто нема да се намали, туку само ќе ги снема пиковите: забрзувањата и кочењата, она најопасното. Потесни ленти за возила ќе значат пошироки тротоари за комотно шетање во друштво (не во колона еден по еден!), ќе значат велосипедски патеки онаму каде што ни велат дека „нема услови“, ќе значат специјално место за побрз јавен превоз, ќе значат место и за зеленило, а понекаде и за паркинг…
Решението е пред нас.

Драго Скопје,

Со политики свесни,
коловози стесни.
Смири возачи бесни,
пешаци и точаци смести.

Доколку ја поддржувате оваа идеја за поинаков пристап во сообраќајното планирање, придружете ни се на Критична маса #53.
Се гледаме на точак!
Ѕрн-ѕрн!

Се гледаме на Критична маса!
 
 
 

*** Секој учесник вози на своја одговорност. 
--------------------------------------------------------------
Критична маса е неформален велосипедски собир кој се случува во над 300 градови во светот.
Нема лидери, нема формална организација, само група на свесни луѓе кои сакаат подобар вело-град.
Од мај 2012-та се случува еднаш месечно и во нашето Скопје!
Возиме секоја последна среда во месецот по различна рута и со различна тема.

Критична маса во Скопје е самоодржлив, саморегулиран и самофинансиран месечен собир на урбаните велосипедисти кој зависи од придонесот на секој учесник, пред сѐ од неговото појавување на собирот и покажување бројност („Нѐ има, земете нѐ предвид“), од активната грижа настанот да помине во најдобар ред, а потоа и од донациите за промотивните материјали, волонтерскиот придонес во: осмислувањето на настанот, неговата промоција и се разбира во креативната страна на возењата. До овој момент, скопјани 52 пати возеа масовно по скопските улици, на 52 различни теми поврзани со урбаниот велосипедизам.
Да ги освоиме по 53-ти пат улиците со нашите точаци, активно, ангажирано, свесно, заедно, со полни срца!

Приклучи се! Ангажирај се! Може да нé има повеќе! И Скопје може да стане подобар град!
--------------------------------------------------------------

Промотивни материјали КМ #53


Промотивните материјали од овој блог-пост може слободно да се споделуваат, печатат, да се лепат на соодветни локации во градот, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови.
Однапред ви благодариме на сите за помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #53, а на Шемко му благодариме за дизајнот.

МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ
  • Постер, верзија за печатење: тука (pdf).

МАТЕРИЈАЛИ ЗА ВЕБ
  • Постер, верзија за веб:
     

    
  • Веб - банери:
Банер 300 x 250

Банер 500 x 500

Банер 980 x 100

Банер 990 x 80
Facebook cover

Twitter cover

 
 

09 September, 2016

Став за Денот без автомобили

Честопати и преку социјалните медиуми и преку настаните кои ги организираме и поддржуваме, како и на средбите со надлежните од Град Скопје сме го истакнувале потенцијалот на еден вистински Ден без автомобили (Car Free Day) за градот.
Скопје (поточно поширокиот центар на градот) е еднаш до неколку пати годишно (ненамерно) слободен од автомобили, при одржување на Скопскиот маратон, при одредени концерти или протести. Бенефитите за градот, за оние кои умеат да ги видат, во тие денови се очигледни! Намалена бука, намалено загадување, безбедни улици за точаци, за деца, за миленици...


Денот без автомобили (оној намерниот) треба да е прослава на здравиот транспорт на целиот град!
Макар на еден ден граѓаните да пробаат како е да се живее во град со помалку активни коли на улиците. Макар на ден градот треба да дише, а луѓето да се превезуваат пеш, на точак или со јавен превоз. Денот треба да ги поттикне граѓаните да замислат поинаква стварност.
За тоа да го обезбеди градот треба да затвори клучни градски сообраќајници за автомобилски сообраќај во текот на речиси целиот ден (или барем поголем број саати). А за ваквиот потег да не наиде на негодување од страна на граѓаните, треба сите граѓани добро и навремено да се информирани за значењето на денот, неговите цели и активностите кои ги презема градот. Покрај добрата информираност за активностите кои ќе се случуваат во текот на самиот ден (улиците ослободени од коли често стануваат простор за најразлични активности организирани од градот или самоорганизирани од граѓаните), за граѓаните да дадат поддршка на еден ваков ден , важно е да бидат убедени дека градот се движи во вистинска насока на одржливост со транспортните политики. Поточно, реалната промена (во инфраструктурата) и симболичната (преку ваквите настани) мора паралелно да се случуваат.


Во Скопје Денот без автомобили се слави од 2002 година, а сè уште постојат граѓани кои не знаат што е тоа Ден без автомобили или пак на денот на самото случување негодуваат и им свират на велосипедистите поради едночасовното затворање на улици за велосипедската парада. Сметаме дека граѓаните не се доволно запознати со значењето на овој ден, но исто така и дека не се посветува доволно внимание на денот од страна на градските власти. Доколку вистински се истретира и испромовира, сигурни сме дека ќе наиде на поголема поддршка. Очекуваме во 2016-та или барем во 2017-та да го доживееме првиот вистински Ден без автомобили во Скопје. Некои градови ваков ден организираат еднаш годишно, некои секој месец, некои секој викенд... Ние сметаме дека за почеток Скопје може 1 ден од 365 без коли!
За таа цел упативме допис до надлежните од Град Скопје кој како документ го има на линкот, а како текст во продолжение:
------------------------------

 
До: Град Скопје

Почитувани,
 
Во пресрет на овогодинешниот настан Mobility Week кој ќе се одржи од 16-22 Септември 2016 би сакале да го споделиме нашиот став и барање. Сметаме дека дискусијата и анализата на проблемите во врска со урбаниот велосипедизам во Македонија се од особена важност, но време e да се преземе конкретна активност. Скопје учествуваше на овој настан за прв пат во 2002 и организира велосипедска парада години со ред, за жал без значителни резултати. И после толку години голем дел од населението не е добро информирано за одржувањето и значењето на Денот без автомобили, не е изградена свест и поддршка, можеби баш поради краткото траење на настанот (парада од 1-2 часа), недоволната промоција и сведувањето на Денот без автомобили на велосипедска парада со автомобили. Сметаме дека после 14 години учество на Скопје во Европската недела на мобилност, време е за вистински Ден без автомобили. 

По примерот на Љубљана, Лисабон, Лондон и Копенхаген од минатогодишниот Mobility Week, бараме да се одржи  Car - Free Day (Ден без автомобили) и во Скопјe. Денот без автомобили подразбира забрана за движење на автомобили во поголем дел од денот на клучни сообраќајници. Toj треба да биде промовиран како прослава на здравиот транспорт на целиот град и треба да бидат повикани сите граѓани да се приклучат со изборот на транспорт (пешачење, возење велосипед, јавен превоз) во текот на целиот ден, а не само стотици учесници на едночасовна парада после која автомобилите повторно царуваат низ цел град.

Париз, „Ден без автомобили“, Септември 2015

Улиците се јавни простори кои не постојат само за да бидат употребувани од автомобили. „Денот без автомобили“ ќе им дозволи на граѓаните да видат нова страна од својот град, а локалните власти ќе ја охрабрат употребата на одржливи модели на транспорт. Исто така, ќе ја подигнат свеста за влијанието кое изборот на транспорт го има на околината. Тој ден улиците ќе дишат.

На „Денот без автомобили“ треба да му претходи внимателно планирање и организирање, од логистички аспект, но пред сè и информирање на граѓаните што е можно порано за одржувањето и за причините на овој настан. Доколку ја прифатите оваа идеја, НаТочак ќе помогне во промоција на овој настан, мобилизирање на учесници и едуцирање на граѓаните преку медиумите со кои располагаме.

Со почит,
НаТочак

26 August, 2016

Критична маса #52: Врти, учи, на точак!

Датум: среда, 31.08.2016
Почет
ок: 17:30, Детски Полигон, Парк Македонија (спроти Веро Тафталиџе)
Крај: пикник во СРЦ Сарај

Организирано враќање до Центар: 20:30
---------------------------------------------------------------------
Facebook настан: линк

Промотивни материјалилинк
Руталинк
---------------------------------------------------------------------


Постерот за КМ #52
Велат еднаш штом научиш да возиш точак, не се заборава.
Тоа е меморија вградена во врската меѓу невроните и мускулите.
Да се вози точак е една од наједноставните и најрадосните активности
која речиси секое дете низ игра ја научува, но тоа не значи дека не е неопходна и формална едукација.

Секојдневно среќаваме луѓе кои со децении користат велосипед, но возат од лева страна на улицата и нè доведуваат во опасност нас кои возиме правилно, од десна…
Не даваат сигнали и непредвидливо се однесуваат.
Неспорна е неправдата која дизајнот на нашите градови им ја нанесува на учесниците во сообраќајот на точак, неспорно е дека улиците не се пријателски и лесно насочувачки за точаци. Оттаму донекаде е разбирливо хаотичното движење и јасна е револтираноста која сите на точак ја имаме.
Но сообраќајната едукација нема само да нè дисциплинира нам, нема да помогне само велосипедистите да се однесуваат побезбедно во постоечките лоши услови, туку на сите граѓани ќе им даде вештини и сознанија за подобри услови и ќе ги збогати со информации кои ќе им помогнат да се изборат за такви услови. Повеќе луѓе кои знаат за ефектите од сите типови сообраќај кон природата, здравјето, безбедноста...ќе значи и повеќе луѓе кои ќе бидат повнимателни во изборот на превоз и во односот кон другите учесници во сообраќајот.

Додека во Данска се грижат зашто
ДУРИ секое 4-то дете меѓу 6 и 10 години го носат родителите со кола на школо и дека САМО 43 % од децата меѓу 10 и 16 години оделе сами со точак на улиште, каква е ситуацијата кај нас?
Научно е докажано дека децата кои пристигнуваат на школо пешки или со точак, подобро се концентрираат. Познати и многу споменувани се и другите бенефити од користењето на точакот... Дали преземаат нешто нашите институции да го обезбедат тоа? Какви се пристапите кон училиштата? Слободни за пешаци и велосипедисти или блокирани со коли? Дали до секое школо стигнува безбедна пешачка и вело-инфраструктура? Дали околу школите функционираат зоните на смирен сообраќај?
Дали децата го добиваат потребното образование за снаоѓање во сообраќајот?


И додека условите навистина не се безбедни за да поканиме мали деца да одат сами со точак на школо... сепак треба да ги научиме на вештините на управување со нивното прво возило и на правилата за учество во сообраќајот. На областите инфраструктура и култура мора паралелно да се работи.


Има сериозни сомневања дека намалувањето на фондот на часови за сообраќајно образование, занемарување на вело-полигоните и слични потези во лоша насока кај децата во минатото создале неодговорни возрасни учесници во сообраќајот денес без оглед на превозното средство.

Образованието е еден од темелите на кои треба да се гради
општата сообраќајна култура вклучително и вело-културата.

Секоја сериозна национална и локална власт во ера на климатски промени треба да донесе национална и локална стратегија за поттикнување на активниот и незагадувачки транспорт (пешачење и возење велосипед). Една од областите низ кои таа стратегија треба да се спроведе е образованието.

  1. Предшколско вело-образование преку игра, на забавен начин за децата.
  2. Сообраќајно образование на деца во основни и средни школи. Теоретски и практични вежби со велосипед на полигон и под менторство низ реален сообраќај
  3. Мултимодално образование во авто-школите. Ставање во улога на пешак и велосипедист на идните возачи.
На 1-ви септември ќе почне уште една школска година сиромашна за содржините кои ги спомнуваме, а кои се суштински за побезбеден сообраќај и почист воздух, поодржливи градови и поздрави и посреќни граѓани.

Во текот на таа година да се избориме следната да биде поинаква!

Врти сучи, врти на точак и учи!
Се гледаме на Критична маса!
*** Секој учесник вози на своја одговорност. 
--------------------------------------------------------------
Критична маса е неформален велосипедски собир кој се случува во над 300 градови во светот.
Нема лидери, нема формална организација, само група на свесни луѓе кои сакаат подобар вело-град.
Од мај 2012-та се случува еднаш месечно и во нашето Скопје!
Возиме секоја последна среда во месецот по различна рута и со различна тема.

Критична маса во Скопје е самоодржлив, саморегулиран и самофинансиран месечен собир на урбаните велосипедисти кој зависи од придонесот на секој учесник, пред сѐ од неговото појавување на собирот и покажување бројност („Нѐ има, земете нѐ предвид“), од активната грижа настанот да помине во најдобар ред, а потоа и од донациите за промотивните материјали, волонтерскиот придонес во: осмислувањето на настанот, неговата промоција и се разбира во креативната страна на возењата. До овој момент, скопјани 51 пат возеа масовно по скопските улици, на 51 различнa темa поврзанa со урбаниот велосипедизам.
Да ги освоиме по 52-ри пат улиците со нашите точаци, активно, ангажирано, свесно, заедно, со полни срца!

Приклучи се! Ангажирај се! Може да нé има повеќе! И Скопје може да стане подобар град!
--------------------------------------------------------------

Промотивни материјали КМ #52

[дизајн: Елена Героска]

Промотивните материјали од овој блог-пост може слободно да се споделуваат, печатат, да се лепат на соодветни локации во градот, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови.
Однапред ви благодариме на сите за помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #52, а на Елена ѝ благодариме за дизајнот.

МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ
  • Постер, верзија за печатење: тука (CMYK).

МАТЕРИЈАЛИ ЗА ВЕБ
  • Постер, верзија за веб:
 
  • Веб - банери:


Банер 300 x 250



Банер 500 x 500



Банер 990 x 80



Банер 980 x 100



Facebook cover
 

Twitter cover
 

24 July, 2016

Критична маса #51: Одвози и уживај!

Датум: среда, 27.07.2016
Почет
ок: 19:00, Паркот на Езерата во Аеродром
Крај: Пикник во парк шума Гази Баба

---------------------------------------------------------------------
Facebook настанлинк

постерлинк
Руталинк



Постерот за КМ51

Скопско лето, тешко дишеш и возиш по жешкиот асфалт... Се мешаат бои, контури и мириси... Менуваш правец и бегаш некаде! Сам со себе, сам со точакот, па има ли поубаво? Одвози на викенд, одвози на Матка, на Водно после работа, одвози до парк, покрај Вардар…
А со следната Критична Маса да одвозиме заедно на пикник во Парк Шума Гази Баба!

Го славиме возењето точак како безболен по природата начин на превоз и како начин на откривање на градот! Со точак можеш да бираш разни патеки и „станици“ за одмор. 
Луѓето кои се на точак, од поблиску го познаваат градот!
Оваа Критична маса малку ќе здивнеме од критички теми, самата рута е доволна критика сама по себе. Кога ќе ја возиме помислете на луѓето кои живеат и работат во овие делови на Скопје, како патуваат со точак?

Фокусот ќе го ставиме на уживањето во летната квечерина на точак.
На Критична маса бр. 51 да заземеме повторно една лента од улиците и да се чувствуваме добро, на час! Барем кога сме во голема група е покомотно. Тоа чувство сакаме да победи, креаторите на градските политики да го вградат во идните проекти, сакаме градот да е комотен, безбеден и опуштен за секој граѓанин на точак секој ден на секоја улица! Да немаме своја лента само во еден час месецот во текот на КМ, туку и цело време! Со Критична маса сонуваме и привремено креираме нова стварност. Таа привремена стварност еден ден ќе стане трајна преку попрогресивни градски политики.
Дојдете на летно возење и облечете најлелеава летна лесна облека. Спремете си ќебенце или чергиче за на пикник, пиво, сок, овошје, грицки.

Јавните простори не се за да проструиш со кола низ нив, јавните простори се за да се дружиме, да комуницираме, да уживаме во градот. Притоа да не заборавиме да ја почитуваме природата и еден со друг.
Да оставиме сè како што сме нашле, па и почисто, по можност :)

Градот е наш. Да го направиме поубаво место за живеење.
Возејќи точак и ценејќи ги парковите.
Одвози и уживај!


Twitter: @natochak, #НаТочак
Блог: http://natochak.blogspot.com/
FB: https://www.facebook.com/NaTochak/
Инстаграм: http://instagram.com/natochak
e-mail: natochak@gmail.com


Ќе возиме по следнава рута:


*** Секој учесник вози на своја одговорност. 
--------------------------------------------------------------
Критична маса е неформален велосипедски собир кој се случува во над 300 градови во светот.
Нема лидери, нема формална организација, само група на свесни луѓе кои сакаат подобар вело-град.
Од мај 2012-та се случува еднаш месечно и во нашето Скопје!
Возиме секоја последна среда во месецот по различна рута и со различна тема.



Критична маса во Скопје е самоодржлив, саморегулиран и самофинансиран месечен собир на урбаните велосипедисти кој зависи од придонесот на секој учесник, пред сѐ од неговото појавување на собирот и покажување бројност („Нѐ има, земете нѐ предвид“), од активната грижа настанот да помине во најдобар ред, а потоа и од донациите за промотивните материјали, волонтерскиот придонес во: осмислувањето на настанот, неговата промоција и се разбира во креативната страна на возењата. До овој момент, скопјани 49 пати возеа масовно по скопските улици, на 49 различни теми поврзани со урбаниот велосипедизам.
Да ги освоиме по 50-ти пат улиците со нашите точаци, активно, ангажирано, свесно, заедно, со полни срца!
Приклучи се! Ангажирај се! Може да нé има повеќе! И Скопје може да стане подобар град!
--------------------------------------------------------------

21 July, 2016

Втор допис (20.07.2016): Ревизија на Рута 1 од проектот ”Скопје Велоград 2017”

Сакаме да ве известиме дека НаТочак испрати втора тура коментари за недоследности и предлози по повод изведбата на Рута 1 која се протега од Карпош, Центар до Гази
баба од проектот “Скопје Велоград 2017“ со цел нејзино квалитетно комплетирање.
Во дописот истакнавме 4 клучни точки кои треба да се следат во текот на изведбата на самата рута а и понатаму да се применат на останатите рути. После првиот допис кој беше испратен забележани беа промени на патеката, но нажалост не беа аплицирани на сите места.
Покрај 4-те точки кои сметаме дека се од клучно значење за квалитетот на секоја велосипедска рута, пративме забелешки за конкретни проблеми на самата рута како пропаднат асфалт, оштетена патека, отсуство на столбчиња, паркирани коли, необлежаната патека итн., во дописот кој е прикачен може да видите што сè е опфатено.
Доколку имате и вие забелешки ве замолуваме да ни ги пратите истите на нашата ФБ страна или на маил natochak@gmail.com.

Четирите клучни точки се:

  1. Довршување на рутата
  2. Осветлување на патеката
  3. Столбови.
  4. Поврзување на патеките

Дописот е испратен до Град Скопје Координативно тело за урбан велосипедизам, може да го видите на следниот линк.