Во мај 2025 НаТочак, користејќи ја платформата на ЕНЕР, достави свои предлози за новата верзија на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, кој претрпува измени заради системот Безбеден град.
НаТочак истото го прави во скоро секој циклус на промени на ЗБСП. Дел биле прифатени, дел одбиени, но овој пат, за прв пат, МВР не даде објаснување зошто ги одбива сите предлози.
Во продолжение oтвореното писмо на НаТочак до Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски:
Почитуван министер г-н Тошковски,
НаТочак е неформална организација која активно работи на подобрување на условите за транспорт на ранливите групи во сообраќајот, основана во 2012-та година. Една од нашите главни цели е подобрување на безбедноста на улиците и патиштата и стремење кон нула жртви, за почеток во населените места, зашто знаеме дека и во теорија и во пракса тоа е возможно кога ќе се преземат правилните чекори.
Покрај тоа што нè има на улиците возејќи велосипед извршувајќи ги секојдневните обврски и возејќи ги заедничките возења наречени Критична маса (во септември ќе го возиме 92-рото по ред), секогаш кога имаме можност и ќе ни се даде можност да бидеме вклучени, учествуваме конструктивно за институционална промена на работите.
Зошто, ако забелешките се примени, ниту една не беше прифатена во предлог-Законот кој беше доставен до пратениците?
- Зарем кога сме искористиле институционален канал како сајтот ЕНЕР и институционална процедура за вклучување на граѓаните, не заслужуваме и институционален одговор? Ако забелешките не се прифатени, треба да ни се образложи зошто не се прифатени.
Би сакале да потсетиме дека во 2014-та година, кога исто така се менуваше Законот за безбедност на сообраќајот, добивме одговор на нашите забелешки потпишан од помошникот на министерката Гордана Јанкуловска, Иво Котевски. Голем дел од нив тогаш беа прифатени, а на неприфатените, имаше наведено образложение. Можеби не сме задоволни од сите образложенија, но бевме испочитувани со одговор. Одговорот е објавен на следниот линк:
https://natochak.blogspot.com/2014/10/blog-post_28.html
Не сакаме да веруваме дека по 11 години, стручните и демократските процеси наместо да се унапредуваат, се уназадени.
Пред 2 недели од медиумите се информиравме дека предлог-Законот има поминато читања во Собрание и започнавме мини-кампања за промоција на нашите предлози на социјалните мрежи со хаштагот #НаТочакЗаЗБСП.
Воведување на дефинициите за велосипедски пат и велосипедска улица заради услогласување со регулатива на Министерството за транспорт
Гарантирана безбедност на пешачкото и на велосипедското движење за време на градежни работи кои ги прекинуваат нивните патеки
Забрана за користење електронски уреди при возење и за возачите на автомобили, не само за возачите на велосипеди, тротинети, трактори и сл.
Пропорционалност на казните за користење на електронски уреди во сообразност со степенот на одговорност, односно 20 евра казна за пешаци, 40 евра казна за велосипеди и 60 евра за возачи на автомобили, наместо моменталното: 40 евра за пешаци, 50 евра за велосипеди и 40 евра за автомобили.
Ново стандардно брзинско ограничување за населени места да стане 30 км/час, а 50 км/час да биде само за (дел од) улиците кои имаат слободни тротоари и осветлување. Да се докажува која улица заслужува 50 км/час, а не 50 да е стандардот, а да се докажува која заслужува 30 км/час
Дефинирање на сообраќајните правила за велосипедска улица (дозволено возење велосипед на средина на лента) и за contra-flow ленти (дозволено возење велосипед спротивно од правецот на движењето на возилата ако тоа е предвидено и означено)
Дозволување на примена исклучиво на сертифицирани велосипедски приколки за превоз на деца
Определување на минимално странично растојание при претекнување на велосипедист кој се движи на пат без велосипедска инфраструктура
- Забрана за отворање на врата на паркирано возило без да се провери дека тоа не ја загрозува безбедноста (Примена на The Dutch Reach)
Дополнително, предложивме преиспитување на одредбата за системот Безбеден град според која не само што возилата под придружба и возилата со првенство на минување не се санкционираат, туку за нив не важи ни документирањето на прекршоци и изготвувањето записници врз основа на снимен материјал. Што ако тие возачи направат прекршок со големи последици?
Знаејќи ја итноста на зголемувањето на безбедноста во сообраќајот, но и препознавајќи ја потребата од системот „Безбеден град“, што самиот е во процес на подобрување и учење од грешки, очекуваме тоа да биде наскоро.
НаТочак
16.09.2025



13:26
На Точак
1 comments:
Здраво на сите, јас сум г-ѓа Аиша Мохамед и моментално живеам во Њу Џерси, САД. Јас сум вдовица со три деца; во април 2026 година се најдов во тешка финансиска ситуација и имав потреба од рефинансирање и плаќање на сметките. Се обидов да добијам заем од разни фирми, како приватни така и корпоративни, но без успех, а повеќето банки го одбија моето барање. Не наседнувајте на измамниците што се претставуваат како даватели на заеми – сите тие се измамници; сакаат само да ви ги земат парите, а потоа повеќе нема да слушнете ништо од нив (мене ми се случи тоа двапати пред да го запознаам г-дин Марк). Најдобриот дел е што заемот од 40.000 долари ми беше префрлен во рок од 74 часа. Затоа, ви препорачувам да го контактирате г-дин Марк доколку сте заинтересирани за заем и сте сигурни дека можете навреме да го вратите. Можете да го контактирате преку е-пошта: (trustbridgefinancialservice943@yahoo.com). Нема проверка на кредитна историја, не е потребен жирант, а каматната стапка е само 3% со поволни планови и распоред за отплата. Ако треба да контактирате фирма за добивање заем без обезбедување (колатерал), контактирајте го г-дин Марк уште денес.
Тие нудат различни видови заеми:
Краткорочни заеми (1–5 години)
Долгорочни заеми (5–9 години)
Нудат заеми како:
Стамбени кредити, деловни кредити, кредити за отплата на долгови,
Студентски кредити, кредити за започнување бизнис,
Деловни кредити, корпоративни кредити итн.
Е-пошта: (trustbridgefinancialservice943@yahoo.com)
WhatsApp: +2349124847559
Кога станува збор за финансиска криза и потреба од заем, „Trust Bridge Financial Service“ е вистинското место. Ве молам, кажете му дека јас, г-ѓа Аиша Мохамед, ве упатив кај него. Со среќа!
Post a Comment