24 December, 2017

Промотивни материјали за КМ #68: Сврти за промена

[дизајн: Ебру Али]

Промотивните материјали од овој блог-пост може слободно да се споделуваат, печатат, да се лепат на соодветни локации во градот, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови.
Однапред ви благодариме на сите за помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #68, за тоа што досега заедно вртевме за промена, за тоа што продолжуваме или затоа што сега ни се придружувате! На Ебру ѝ благодариме на желбовниот и топол новогодишен дизајн.
На Критична маса ќе може да си земете честитки ;)

МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ
  • Постер, верзија за печатење: линк (.pdf)
МАТЕРИЈАЛИ ЗА ВЕБ
постер, верзија за веб

Facebook cover

Facebook event cover

Twitter cover

банер 300 x 250
банер 500 x 500
банер 980 x 100

profile picture (giff)


Новогодишна Критична маса #68 : Сврти за промена во 2018

Датум: среда, 27.12.2017
Почеток: 17:30, Плоштад Македонија
Крај: 19:00, Социјален Центар Дуња
--------------------------------------------------------------------
Facebook настан: линк
Рута: линк
Промотивни материјали линк
--------------------------------------------------------------------


Ова се денови во кои уредно си ги пакуваме желбите за наредната година.
Ги ставаме во весели пликови со убав ракопис ги адресираме и ги испраќаме до нашите дедомразовци. Да, оние дедомразовци кои во реалниот живот ги викаме градоначалници, пратеници, министри за внатрешни работи, транспорт, екологија...

Нашите желби не се чуда. Всушност сме многу скромни. Во 2018 година сѐ уште бараме велосипедски патеки. Но бараме и слободни тротоари, уреден и добро организиран јавен превоз, бараме и безбедни улици. Бараме град за нас, луѓето.

Веруваме во замислени желби, визии, идилични утопии, уште повеќе веруваме во работа, посветеност, стручност и упорност.

Веќе имаме многу неостварени желби од минатите години, но тоа не значи дека сме престанале да веруваме во нив. Повторно ќе ги посакаме и овојпат ќе бидеме уште поупорни да ги оствариме. Продолжуваме да сонуваме, но и да работиме и гледаме напред.

Нашите желби се за еден поубав град. За град во кој треба да има место за сите. И за пешаците и за нас точакољупците и за јавниот превоз и за автомобилите.

Посакуваме град кој поубаво ќе ни стои. Град во кој поубаво ќе се дише. Посакуваме поубав град за сите...
за оние за оние кои ја одбираат бојата на шалот да им одговара на точакот
за оние што носат жолт чадор на тмурен и дождлив есенски ден
за оние кои во автобус читаат книга
за градските херои, кои и да се тие
за новите градоначалници кои заинтересирано нѐ поканија на состаноци
за оние кои сѐ уште нѐ игнорираат
за полицајците кои паркираат на велосипедска патека додека го регулираат сообраќајот на крстосниците
за оние кои сакаат градот да се промени без да се променат себеси
за оние “многу убаво си паркиран“
за оние кои низ личен пример го менуваат…

Ние сме НаТочак ама нашите желби се подобар град за сите вас.
Без разлика кои сте.

--------------------------------------------------------------------
Свртете за промена во среда со нас! 
Да си посакаме најубави желби за Новата година.
И да продолжиме да вртиме во неа...

Критична маса #68 ќе започне од Плоштад Македонија и ќе заврши на предновогодишно дружење во Социјален центар Дуња.


Ќе возиме по следнава рута:


За да ни е повесело возењето накитете ги точаците и/или себе :)
А за крајната дестинација понесете си храна/грицки по желба.
Ние и СЦ Дуња ќе се погрижиме за пијалоците, атмосферата и честитките :)

--------------------------------------------------------------------
Критична маса е неформален велосипедски собир кој се случува во над 300 градови во светот.
Нема лидери, нема формална организација, само група на свесни луѓе кои сакаат подобар вело-град.
Од мај 2012-та се случува еднаш месечно и во нашето Скопје!
Возиме секоја последна среда во месецот по различна рута и со различна тема.

Критична маса во Скопје е самоодржлив, саморегулиран и самофинансиран месечен собир на урбаните велосипедисти кој зависи од придонесот на секој учесник, пред сѐ од неговото појавување на собирот и покажување бројност („Нѐ има, земете нѐ предвид“), од активната грижа настанот да помине во најдобар ред, а потоа и од донациите за промотивните материјали, волонтерскиот придонес во: осмислувањето на настанот, неговата промоција и се разбира во креативната страна на возењата. До овој момент, скопјани 67 пати возеа масовно по скопските улици, на 67 различни темa поврзани со урбаниот велосипедизам.
Да ги освоиме по 68-ми пат улиците со нашите точаци, активно, ангажирано, свесно, заедно, со полни срца!
Приклучи се! Ангажирај се!
Може да нé има повеќе! Скопје може да стане подобар град!
-------------------------------------------------------------- 

27 November, 2017

Промотивни материјали за Критична маса #67

[дизајн: Синиша Илијески, портфолио I, портфолио II]

Промотивните материјали од овој блог-пост може слободно да се споделуваат, печатат, да се лепат на соодветни локации во градот, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови.
Однапред ви благодариме на сите за помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #67, за тоа што заедно преку личниот пример покажуваме дека и во Скопје се може поинаку освен сам во кола, а преку здружната акција бараме тоа да биде институционално поддржано и да стане возможно и преферирано за сите. 
На Синиша му благодариме за прецизниот дизајн и успешната комуникација.

МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ
  • Постер, верзија за печатење: линк (.pdf)
МАТЕРИЈАЛИ ЗА ВЕБ
  • Постер, верзија за веб:


  • Facebook cover:


  • Facebook event cover:






Критична маса #67: Во Скопје можеш! За почист град избери: ....

Датум: среда, 29.11.2017
Почеток: 17:30, Плоштад Македонија
Крај: 19:00, Плоштад Автокоманда

--------------------------------------------------------------------
Facebook настан: линк
Рута: линк
Промотивни материјали линк

--------------------------------------------------------------------
постерот за КМ #67


За да видиме значителни резултати во намалување на ПМ честичките во воздухот на Скопје, треба да се преземат мерки во сите 4 критични области (затоплување, сообраќај, прашина и индустрија). Дури и целосното сузбивање на загадувањето од само еден извор никогаш нема да значи драстично подобрување.

Оваа Критична Маса е посветена на загадувањето кое го произведува сообраќајот во Скопје.

Сите ние сме сообраќајот во Скопје. Досадна стана веќе: You are not stuck in traffic - you are traffic! Личната одговорност е онаа која ги поместува работите од статус квото, па макар и во несовршени услови како скопските. Скопје нема совршени услови, но исто така не е точно ни дека воопшто нема услови за превезување на друг начин освен кола, знаеме зошто секојдневно возиме и гледаме луѓе кои секојдневно возат велосипед во Скопје.

Повикуваме, сите кои можат, да го остават автомобилот или барем да го споделуваат превозот. Но да не останеме само на личната одговорност, туку да повикаме на институционална промена за почист воздух, почист сообраќај, поквалитетен град за живот за сите!

Кога се повикува само на лична одговорност во однос на изборот на превозни средства, се игнорираат условите кои институциите ги создале:

-улици со голем број ленти за автомобили, без специјални ленти за јавен превоз, без велосипедски патеки, со блокирани пешачки патеки
-автомобилот е најбрз, најкомотен и најбезбеден начин на превоз во таквите услови, а на луѓето брзината, комоцијата и безбедноста им се поважни фактори при изборот на превоз од животната средина, не само кај нас, туку и насекаде низ светот.

Затоа, за да ги поттикнат граѓаните да се грижат за животната средина, одговорност и на институциите е да ги направат пешачењето, користењето велосипед побрзи на кратки патеки од автомобилот, а јавниот превоз на подолги патеки. Да ги направат незагадувачките (или помалку загадувачките) начини на превоз покомотни и побезбедни, да ги зголемат можностите за незагадувачките начини на превоз и да им дадат предност пред автомобилот за тие да бидат ПРВ ИЗБОР на најголем дел од населението.
Промената треба да се случи во двете области.

Во Скопје има и други опции освен сам во кола!
Во Скопје и сега можеш пеш, на точак, со јавен превоз, со споделен превоз со кола! Направи го тоа и поттикни и други. Побарај да се подобрат условите!
Во Скопје треба тие начини да се унапредуваат (а автомобилот да се депривилегира) и да станат прв избор на граѓаните!

За тоа да се случи потребно е да побараме поместување на статус квото од институциите!

Како и да се превезуваш, ако поддржуваш Скопје кое ќе ги зајакне овие незагадувачки, здрави транспортни опции, приклучи ни се на Критична маса #67.


Ќе возиме по следнава рута (6.6km):


На крајната точка ќе се дружиме со топол чај.

--------------------------------------------------------------------
Критична маса е неформален велосипедски собир кој се случува во над 300 градови во светот.
Нема лидери, нема формална организација, само група на свесни луѓе кои сакаат подобар вело-град.
Од мај 2012-та се случува еднаш месечно и во нашето Скопје!
Возиме секоја последна среда во месецот по различна рута и со различна тема.



Критична маса во Скопје е самоодржлив, саморегулиран и самофинансиран месечен собир на урбаните велосипедисти кој зависи од придонесот на секој учесник, пред сѐ од неговото појавување на собирот и покажување бројност („Нѐ има, земете нѐ предвид“), од активната грижа настанот да помине во најдобар ред, а потоа и од донациите за промотивните материјали, волонтерскиот придонес во: осмислувањето на настанот, неговата промоција и се разбира во креативната страна на возењата. До овој момент, скопјани 66 пати возеа масовно по скопските улици, на 66 различни темa поврзани со урбаниот велосипедизам.
Да ги освоиме по 67-ми пат улиците со нашите точаци, активно, ангажирано, свесно, заедно, со полни срца!
Приклучи се! Ангажирај се!
Може да нé има повеќе! Скопје може да стане подобар град!
--------------------------------------------------------------