07 February, 2018

Winter bike to work day - Skopje #4

Датум: петок, 9.02.2018
Почеток: 0:00
Крај: 23:59
Место: Цело Скопје, цел свет!

--------------------------------------------------------------------
Facebook настан: линк
Интернационален сајт: линк
Мапа на локали кои имаат поволности за посетителите на точак:
линк

---------------------------------------------------------------------





И оваа година се придружуваме на интернационалниот Winter Bike to Work Day. Запомнете го денот - 9ти февруари. 

Дотогаш имате доволно време да ги извадите велосипедите од гаража, да ја избришете прашината, да ги напумпате гумите и да ги ставите во погон многу порано отколку обично. Пробивањето на комфорната зона е процес кој што најмногу се мотивира преку личен пример. Бидете пример за другите дека нема лошо време, туку само лоша опрема.

Што треба да направите? Регистрирајте се на сајтот https://winterbiketoworkday.org/ и обврзете се дека тој ден ќе движите НаТочак до вашата секојдневна дестинација, синхронизирано заедно со мноогу луѓе низ цел свет.

А кога ќе дојде D-Day постирајте ваши слики со интернационалниот хаштаг #WinterBikeToWorkDay или #WinterBikeToSchoolDay и/или локалниот: #WBTWDSkopje (за работа) или #WBTSDSkopje (за образование) и пофалете се за Вашиот транспортен избор тој ден.



Ги повикуваме кафулињата, баровите, рестораните, продавниците за велосипедска опрема и сите останати деловни субјекти да се вклучат во славењето на овој ден преку овозможување на најразлични поволности, попусти и награди за оние кои ќе дојдат на точак до нивните локали и ќе купат нивен производ/услуга. Користете го просторот на Facebook настанот за промоција на Вашите Вело-поволности или испраќајте ни на мејл (natochak@gmail.com) или во порака на Facebook страницата на НаТочак и ние ќе ги објавуваме Вашите промоции.

Ги повикуваме и сите јавни институции, министерства, општини, јавни претпријатија, училишта, факултети, но и сите приватни компании да се придружат на оваа иницијатива, да бидат креативни и да ги мотивираат своите вработени и ученици/студенти на овој ден да дојдат на работа/на школо на точак.

Секој може да направи свој настан, свои промотивни материјали, свои понуди, свои награди за своите посетители / вработени/ ученици кои ќе пристигнат на точак тој ден.
Иницијативата е интернационална и отворена, придружете се! 

Да го ставиме Скопје на светската вело-мапа! 


P.S. На светската ранг-листа по бројот на пријавени поединци кои на сајтот winterbiketoworkday.org се обврзале дека во петок, 9-ти февруари ќе одат на работа со точак, Скопје се наоѓа на 5-то место (последно проверено во 13:30, 7.02.2018)






На следнава мапа ги има локалите кои даваат поддршка на овој ден со топол пречек за сите точакољупци ;) Да ги посетиме, на точак. 


28 January, 2018

Промотивни материјали за КМ #69: И маалските улици се за точаци!

[дизајн: Сергеј Пулиос]

Промотивните материјали од овој блог-пост може слободно да се споделуваат, печатат, да се лепат на соодветни локации во градот, да се користат во рамки на објави за настанот или како линкови.
Однапред ви благодариме на сите за помагањето да се прошири информацијата за Критична маса #69, и уште повеќе сфаќањето дека сите улици треба да се пријателски за точаци!
На Сергеј ми благодариме што ни илустрираше кои состојби треба да паднат во сенка, а кои да ја видат светлината на денот.

МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ
  • Постер, верзија за печатење: линк (.jpg)
МАТЕРИЈАЛИ ЗА ВЕБ
постер, верзија за веб

Facebook cover (820 x 310) 

Facebook cover (820 x 310)

Facebook event cover (1920 x 1080)

Facebook event cover (1920 x 1080)

Критична маса #69: И маалските улици се за точаци!

Датум: среда, 31.01.2018
Почеток: 17:30, Плоштад Македонија
Крај: 19:00, Гаража (Орце Николов)
--------------------------------------------------------------------
Facebook настан: линк
Рута: линк
Промотивни материјали линк
Барање за средба со градоначалниците на скопските општини: линк
Решенија за маалски улици: линк (Facebook албум), линк (Twitter нишка)
--------------------------------------------------------------------

постерот за КМ 69
Големите булевари и улици се артериите на еден град: тие нѐ поврзуваат со подалечните краишта на градот. Но токму малите маалски улички се душата на секоја населба. На нив се среќаваме со нашите комшии, по нив одиме до маалската продавничка... Секој од нас научил да вози точак токму на некоја ваква уличка и тие имаат посебно место во нашите сеќавања.

Не беше толку одамна кога маалските улички беа толку безбедни и неоптоварени што на нив можевме да видиме деца како си играат или безгрижно возат велосипеди. Денес сликата е поинаква.

Лошото урбанистичко планирање и неодговорните градски политики доведоа до тоа малите маалски улици речиси целосно да ја променат нивната фунција. Во нашите маала и населби денес е речиси невозможно да се движиме пеш или со велосипед. Децата со страв одат во училиште, а велосипедистите се буквално истуркани од маалските улички.

Освен колективната неодговорност, ние во нашите населби станавме и жртви на сообраќајното насилство од поединци... Заради неажурноста на одговорните речиси и да не се почитуваат строгите ограничувања на брзините во густо населените делови на градовите.
Маалските улици од нашето детство денес се претворени во паркинзи и во автомобилски писти.


Скопје не може да биде велоград со градење на велосипедска инфраструктура само на главните сообраќајници. Секој велосипедист и пешак треба да може безбедно да стигне од својот дом и своето маало до главните велосипедски рути. Секоја општина треба да овозможи подеднакви услови за сите учесници во сообраќајот. Уличка по уличка, маало по маало, можеме да направиме град достоен за движење и надвор од автомобилот. Вело маало по вело маало - вело-град!


Си ги сакаме назад нашите маала!
Населбите треба да бидат места каде живеат луѓе кои нема да се плашат дали нивните деца ќе стигнат безбедно на училиште. Места во кои тротоарите ќе бидат ослободени за движење, а не паркиралишта за автомобили и на улиците повторно ќе се среќаваат комшии, а ѕвончињата на велосипедите ќе се огласуваат само за поздрав!
--------------------------------------------------------------------
Резервирајте ја среда за Критична маса #69 и некои скопски маалски улици :)
И МААЛСКИТЕ УЛИЦИ СЕ ЗА ТОЧАЦИ!


Критична маса #69 ќе започне од Плоштад Македонија и ќе заврши на дружење во Бајк Кафе Гаража.


Ќе возиме по следнава рута:


А во меѓувреме на нашите социјални мрежи ќе споделуваме безбедни и велопријателски решенија за нашите маалски улици. Следете нѐ.

--------------------------------------------------------------------
Критична маса е неформален велосипедски собир кој се случува во над 300 градови во светот.
Нема лидери, нема формална организација, само група на свесни луѓе кои сакаат подобар вело-град.
Од мај 2012-та се случува еднаш месечно и во нашето Скопје!
Возиме секоја последна среда во месецот по различна рута и со различна тема.

Критична маса во Скопје е самоодржлив, саморегулиран и самофинансиран месечен собир на урбаните велосипедисти кој зависи од придонесот на секој учесник, пред сѐ од неговото појавување на собирот и покажување бројност („Нѐ има, земете нѐ предвид“), од активната грижа настанот да помине во најдобар ред, а потоа и од донациите за промотивните материјали, волонтерскиот придонес во: осмислувањето на настанот, неговата промоција и се разбира во креативната страна на возењата. До овој момент, скопјани 68 пати возеа масовно по скопските улици, на 68 различни темa поврзани со урбаниот велосипедизам.
Да ги освоиме по 69-ти пат улиците со нашите точаци, активно, ангажирано, свесно, заедно, со полни срца!
Приклучи се! Ангажирај се!
Може да нé има повеќе! Скопје може да стане подобар град!
-------------------------------------------------------------- 


14 January, 2018

Уредувачки маратон „Вело-град“

Facebook настан: линк

Сакате да дознаете како се уредува статија на Википедија?
Сакате да го проширите своето знаење, но и да помогнете во проширување на знаењето за велосипедските теми?

Википедија е слободна и јавно достапна за уредување енциклопедија со мисија за слободен пристап до знаење за секого.
Википедија на македонски јазик во континуитет организира уредувачки маратони на различни теми. 
Првиот уредувачки маратон во 2018 година ќе се одржи на 18 јануари (четврток) во соработка со членовите на иницијативата НаТочак - NaTochak при што ќе се уредуваат статии на тема: „Вело-град“. 

Уредувачкиот маратон ќе се одржи во просториите на Социјален центар Дуња во Скопје со почеток од 19:00 часот.
Настанот е од отворен тип, но бројот на местата за лаптопи е ограничен, затоа за со сигурност да имате резервирано место, препорачана е регистрација која може да ја направите на следниот линк: https://goo.gl/ea7K3A

Википедија на македонски јазик може да обезбеди лаптопи за работа за тројца учесници, останатите ќе треба да донесат свои. Пополнете во пријавата (https://goo.gl/ea7K3A) дали располагате со лаптоп.
За учесниците ќе биде обезбеден простор за работа и бесплатно безалкохолно освежување и грицки. Пивото и виното ќе бидат на донација за натамошна само-одржливост на социјалниот центар Дуња.

На настанот ќе уредуваме статии на велосипедски теми на македонски јазик, а претходно ќе имаме можност да научиме како се уредува статија на Википедија.
Некои од можните теми се: вело-пријателски град, типови велосипедска инфраструктура, велосипедски патеки и ленти, смирување на сообраќајот, подигнати пешачки премини, Критична Маса, Визија Нула, Ден без автомобили итн.

Да дадеме придонес за збогатување на Википедија со македонски статии, но и да го шириме знаењето за вело-градски теми во борбата за Скопје вело-град.

Се гледаме на 18.01. (четврток) во 19:00 во Социјален центар Дуња. Пред центарот има паркинг за велосипеди.