04 April, 2019

Приказна 4: Ни викаат дека возењето велосипед е спорт. За нас е и транспорт!

4. Ни викаат дека возењето велосипед е спорт. За нас е и транспорт!

Серија акции: Четири приказни кои можат да бидат велосипедски
За целата идеја: тука


Приказна 1: Ни викаат: Нема место за велосипедски ленти! 
Приказна 2: Ни викаат: Имате велосипедски патеки!
Приказна 3: Ни викаат дека Скопје ќе биде Велоград! 
Приказна 4: Ни викаат дека возењето велосипед е спорт. За нас е и транспорт!
-----------------
Веројатно првата асоцијација за велосипедската патека долж кејот на Вардар е дека таа е за спорт. Но ние мислиме дека може да биде и транспорт! Зелен транспорт! Вело транспорт!

Велосипедската патека долж кејот на реката Вардар е најдолгата непрекината велосипедска патека во Скопје без крстосници, без семафори. Таа е најбрзиот начин на движење со велосипед. Таа рута може да биде нашиот ВЕЛОСИПЕДСКИ АВТОПАТ, нашата “обиколница“.

Ако има доволно рампи(приклучоци) и добра поврзаност со останатиот дел од велосипедската инфраструктура, луѓето ќе се вклучуваат на оваа патека за да ги избегнат сите раскрсници и досадни чекања на секој семафор и ќе се исклучуваат од неа онаму каде што имаат поврзаност со друга велосипедска патека која води до точката која е нивна крајна цел. Вардар може да го поврзе градот исток-запад, но и север-југ!

Затоа бараме:
-патеката по текот на Вардар да се интегрира со останатите велосипедски рути од проектот Скопје Велоград преку краци за спојување во мрежа, преку возливи рампи со благ наклон, велосипедски патеки на новопланираните мостови, преку нови пешачко-велосипедски мостови.
*Во град кој претендира да биде Велоград не смее да има нов мост без велосипедски патеки и возливи велосипедски рампи кон кејот.
-да се доуредат и ослободат деловите каде патеката има прекин (деценискиот прекин во Центар поради градежните работи и неуредениот дел на Вардар меѓу Карпош и Ѓорче, со што Скопје ќе се поврзе за пешачење, трчање и точак по цела своја должина од Сарај до Лисиче! Мерачки, нели?
За Скопје Велоград ни треба по Вардар велопат!







-----------------
Благодарност до:
📷 Vase Amanito за фотографиите од акцијата
🎀 UG Ulice za bicikliste за платното
-----------------
Објави на социјални медиуми за приказна 4:
Facebook пост: линк
Twitter: линк
Instagram: линк 

01 April, 2019

Приказна 3: Ни викаат дека Скопје ќе биде Велоград!

3. Ни викаат дека Скопје ќе биде Велоград! 



Серија акции: Четири приказни кои можат да бидат велосипедски
За целата идеја: тука


Приказна 1: Ни викаат: Нема место за велосипедски ленти! 
Приказна 2: Ни викаат: Имате велосипедски патеки!
Приказна 3: Ни викаат дека Скопје ќе биде Велоград! 
Приказна 4: Ни викаат дека возењето велосипед е спорт. За нас е и транспорт!
-----------------
А се асфалтираат патеки на кои најважен е квантитетот, а не квалитетот. Брановиден асфалт, тешко совладливи рабници и различни физички пречки во профилот на велосипедската или пешачката патека. Ако не може бандерите, билбордите и знаците да ги ставиме на сред коловозна лента каде што возат оние со колите, зошто може истите да ги поставиме на патеките на кои треба да возат оние со точаците???
Во плановите треба внимателно да се дизајнираат специјални зони за урбана опрема, кои исто како што не се коловозна лента, така нема да се сметаат ни за пешачка, ни за велосипедска патека.
Скопје Велоград не е само асфалтирање на метри должни. Скопје Велоград (треба да) е визија дизајнирана од урбанисти, планери, архитекти, сообраќајни инженери вградена во сите нивоа на планирањето на градот.
Сакаме велосипедска инфраструктура чиј дизајн ќе мотивира. Велосипедска инфраструктура која ќе ги повикува луѓето да ја користат.
Сакаме велосипедска инфраструктура која ќе нуди безбедност и комоција. Која ќе биде не само за најхрабрите и највештите, туку и за најмладите и за највозрасните, за поплашливите и за помалку вештите, за СИТЕ граѓани.
Само така Скопје ќе стане Велоград.





-----------------
Благодарност до:
📷 Vase Amanito за фотографиите од акцијата
🎀 UG Ulice za bicikliste за платното
Ова е третата од #4ПриказниКоиМожатДаБидатВелосипедски
-----------------
Објави на социјални медиуми за приказна 3:
Facebook пост: линк
Twitter: линк
Instagram: линк 

31 March, 2019

Приказна 2: Ни викаат: Имате велосипедски патеки!

2. Ни викаат: Имате велосипедски патеки!



Серија акции: Четири приказни кои можат да бидат велосипедски
За целата идеја: тука


Приказна 1: Ни викаат: Нема место за велосипедски ленти! 
Приказна 2: Ни викаат: Имате велосипедски патеки!
Приказна 3: Ни викаат дека Скопје ќе биде Велоград! 
Приказна 4: Ни викаат дека возењето велосипед е спорт. За нас е и транспорт!
-----------------
Колку улици можете да наброите на кои редовно гледате дека велосипедската патека/лента е окупирана од застанати или паркирани коли?
Тука не зборуваме за инцидентно паркирање на место каде многу ретко се случува тоа. Тука зборуваме за места на кои тоа е константен проблем. Тука зборуваме за секојдневие. Кога и да поминете на тие места секогаш има застанати или паркирани коли, чии “актери“ во секојдневна рутина, без посебен страв од казна, ниту пак грижа дека загрозуваат нечија безбедност, застануваат, паркираат или возат на велосипедската лента. Да, да, и возат. Дури и преминуваат преку пешачки и велосипедски премини заедно со пешаците и велосипедистите.

Недостатокот на страв од казна и сообраќајната (не)култура е резултат на нефункционирањето на институциите. Истите луѓе во други средини демонстрираат сосем друга култура. Таму знаат и да попешачат 5-10 мин од регулираниот паркинг.
Затоа јавно повикуваме: Министерството за внатрешни работи да воведе ред. Јавно повикуваме доколку паркирањето е проблем од помал интерес за МВР да се воведе локална полиција/комунални редари кои ќе можат лесно да казнуваат и без да мора да дојде пајак со цел да станат поефикасни и да има поголем ефект врз општото однесување. Јавно повикуваме да се изнајде начин и пријавите од граѓаните да имаат тежина во еден нов начин на воведување ред.







 




-----------------
Благодарност до:
📷 Vase Amanito за фотографиите од акцијата
🎀 UG Ulice za bicikliste за платното
🧩колажот е направен со фотографии од социјални медиуми


-----------------

Објави на социјални медиуми за приказна 2:
Facebook пост: линк
Twitter: линк
Instagram: линк


29 March, 2019

Приказна 1: Ни викаат: Нема место за велосипедски ленти!

1. Ни викаат: Нема место за велосипедски ленти!



Серија акции: Четири приказни кои можат да бидат велосипедски
За целата идеја: тука

Приказна 1: Ни викаат: Нема место за велосипедски ленти! 
Приказна 2: Ни викаат: Имате велосипедски патеки!
Приказна 3: Ни викаат дека Скопје ќе биде Велоград! 
Приказна 4: Ни викаат дека возењето велосипед е спорт. За нас е и транспорт!
-----------------

Зошто да нема место за велосипедски ленти, а низ градот има многу коловозни ленти кои секогаш се блокирани од коли со изговор “се враќам за 5 минути“, “само да завршам работа“, “чекам некого“?
Пред кафичи само да пијат кафе, пред трафики само да купат цигари, пред обложувалници само да уплатат ливче, пред банкомати само да извадат пари...

Како тоа градот секогаш има место за цели резервирани ленти кои се блокирани од паркирани коли, а нема место за велосипедски ленти на кои ќе се одвива велосипедски сообраќај?
Зелен сообраќај. Ведар сообраќај.
Луѓе со насмевки, луѓе што размислуваат за помал метеж, поевтин транспорт, почист град, подобро здравје...
Наместо МРТВИ ЛЕНТИ ни требаат ВЕЛОСИПЕДСКИ ЛЕНТИ на кои ќе се одвива ЖИВ велосипедски сообраќај!



Место има насекаде низ градот. Треба само поинаков поглед.












-----------------
Благодарност до:
📷 Vase Amanito за фотографиите од акцијата
🎀 UG Ulice za bicikliste за платното


-----------------
Објави на социјални медиуми за приказна 1:
Facebook пост: линк
Twitter: линк
Instagram: линк