Датум: 26.02.2014, среда
Тргнување: 17:30, Плоштад Македонија
Крај (подигнување на точаците): Парк Жена Борец
Тргнување: 17:30, Плоштад Македонија
Крај (подигнување на точаците): Парк Жена Борец
--------------------------------------------------------------
Промотивни материјали: линк.
Facebook настан: линк.
Рута: линк.
Предлог за мерење до ДЗС: линк.
Промотивни материјали: линк.
Facebook настан: линк.
Рута: линк.
Предлог за мерење до ДЗС: линк.
--------------------------------------------------------------
Сè повеќе нè има на точак. Но колку сме? Сакаме да пораснеме, но за тоа се потребни конкретни мерки: инфраструктурни подобрувања, подобрување на системот за изнајмување велосипеди, едукативни кампањи, зголемување на свеста итн.
постерот за КМ 22 |
Скопје е еден од ретките европски главни градови во кои не се мери соодносот на различните видови сообраќај, а со тоа и уделот на велосипедскиот сообраќај во вкупниот.
А сè додека не почнеме да мериме, нема да знаеме до каде сме, нема да знаеме кои мерки колкав реален ефект имаат. Додека не почнеме да мериме, не можеме да планираме прераспределба на различните видови сообраќај и да правиме визии за зелено и здраво Скопје.
Десетици европски градови си задаваат цели да постигнат барем 15% удел на вело-сообраќајот во вкупниот сообраќај до 2020-та и преземаат конкретни мерки за да го постигнат тоа. Во најточакољупските градови веќе над 50% од патувањата се прават со точаци.
Што правиш ти Скопје, на тој план? Колку луѓе на точак има, колку би сакал да има и што треба да направиш за да го постигнеш тоа?
Сакаме подобри услови за поголема привлечност на велосипедот како превозно средство за сите генерации и групи на граѓани!
Да излеземе и да му покажеме на Скопје дека точаците стануваат критична маса.
Вози точак секој ден, а на Критична маса во среда на 26-ти февруари.
Нека нè има што повеќе, дојдете да се видиме и да нè видат!
Ќе возиме по следнава рута:
View Рута за КМ22 in a larger map
Ќе пројдеме и покрај Завод за статистика, а ќе завршиме во Паркот Жена борец.
Се гледаме во среда!
Ѕрн- ѕрн!
--------------------------------------------------------------
*** Секој учесник вози на своја одговорност.
0 comments:
Post a Comment