07 August, 2014

Eco critical ride / Еко критично возење

Датум: 8.08.2014, петок
Почеток18:00, Плоштад Македонија
Крај: 19:00, Парк Гази Баба
Продолжуваме во: 20:30, Ку Ла

---------------------------------------------------------------------
Facebook настанлинк.

Руталинк.

Блог-пост за Екотопија деновите во Скопје: линк.
Централен настан за Екотопија деновите во Скопје: линк.

---------------------------------------------------------------------





Можеби веќе знаете или ги сретнавте...Деновиве во Скопје ги имаме учесниците на велосипедската тура Екотопија. Во петок заедно со нив имаме Еко критично возење на кое се добредојдени сите точакољупци.
Загаденоста и климатските промени ни укажуваат дека живееме во критични времиња кога треба да го реобмислиме својот начин на живот, начинот на кој ги произведуваме добрата, начинот на кој се однесуваме спрема околината, начинот на кој се превезуваме.
Изборот на точакот како превозно средство е еден од поедноставните (а сепак толку значајни) начини да се даде личен придонес во грижата за животната средина.
Кога возиме заедно, пораката е уште повидлива!
Дојдете со нас и Екотопија во петок на еко-критично возење!
Ќе возиме по следнава рута:

View Возење со Ecotopia за подигнување на свеста за еколошката состојба на Скопје in a larger map
Тргнуваме од 18:00 од Плоштад Македонија и завршуваме на мал пикник и дружење во парк-шумата Гази Баба.
После дружењето, возиме заедно до Центар во Ку Ла каде ќе има видео-проекција.

Обрнуваме внимание на еколошката состојба во Скопје.
Возиме покрај белите дробови на Автокоманда - парк шумата Гази Баба и покрај најголемиот загадувач на воздухот, Железара. Возиме возила (точаци) кои не загадуваат и позитивно делуваат на нашето здравје, а возиме по булевари кои се дизајнирани како пријателски за возила кои загадуваат, а не се пријателски кон точаците.
Слободно напишете некоја еко-порака и ставете ја на себе или на вашиот точак.
Придружете ни се да бидеме побројни и повидливи.
Да инспирираме возењето точак како превозно средство да дојде на дневен ред во животите на нашите сограѓани и во сликата за Скопје на одговорните!
Да пратиме порака дека сакаме да дишиме поквалитетен воздух!

Здравата иднина не е неостварлива утопија ако почнеме да делуваме.
Се гледаме во петок!
Ѕрн-ѕрн!

0 comments:

Post a Comment