Датум: 27.08.2014, последна среда во месецот
Почеток: 17:30, Плоштад Македонија
Крај: 19:00, Пикник во парк шума Гази Баба
Почеток: 17:30, Плоштад Македонија
Крај: 19:00, Пикник во парк шума Гази Баба
---------------------------------------------------------------------
Facebook настан: линк
Промотивни материјали: линк
Рута: http://goo.gl/dVuP1r

Постерот за КМ 28 |
Колку пати ви се случило да излезете со точак и да смислувате различни рути како да стигнете до одредено место за да го избегнете градскиот метеж? И на крај единствена опција за тоа ви е кејот на Вардар или можеби буткање низ локалните улички.
Зар не ви е здосадено да мора да се симнувате и качувате од велосипедска патека затоа што истата е со дупки, има поставено канти, знаци, паркирани коли или воопшто ја нема?
Скопје има велосипедисти и сака квалитетни вело патеки! Сакаме да одиме на точак до работа, до продавница, да ги пратиме децата на точак до школо и при тоа да бидеме сигурни дека се безбедни. Имаме право да возиме на безбедни велосипедски патеки!
Повеќе велосипедски патеки значат:
Повеќе велосипедски патеки значат:
- Возачите и пешаците да не мора да се грижат дека неочекувано ќе им се појави велосипедист на патот
- Помала веројатност на судири
- Драстично помал број на повреди на велосипедисти
- Повеќе велосипедисти
Ги бараме и поздравуваме следните мерки за зголемување на безбедноста на велосипедистите и зголемување на комоцијата и привлечноста на возење точак во градот:
- Реконструкција на цела постоечка велосипедска инфраструктура. Скопје има колку-толку 60-ина километри велосипедски патеки, кои мора да се доведат во одлична форма!
- Велосипедски патеки на секој нов булевар. Да нема новоизграден булевар или поголема улица која ќе нема велосипедски патеки по стандарди! Улиците кои не го земаат предвид овој тип на сообраќај не се комплетни!
- Воведување на зони 30. Станбените населби да станат места во кои децата ќе може безбедно и самостојно да одат на школо пешки или на точак. Да се воведат зони со намалена ограничена брзина
- Нулта толеранција за возилата кои се паркираат на велосипедските и пешачките патеки. Пешаците и велосипедистите имаат право да ги користат местата планирани за нив и да не се принудени да се симнуваат на коловоз.
Кацигата можеби ќе ублажи незначителен процент од сообраќајните судири, но инфраструктурата ќе оневозможи и воопшто да се случат! Кацигата ќе го обесхрабри користењето на велосипедот, а инфраструктурата ќе охрабри нови велосипедисти!
Бројот на велосипедисти во Скопје полека, но прекрасно расте. Да ја поддржиме тенденцијата. Скопје заслужува подобра велосипедска инфраструктура!
Бројот на велосипедисти во Скопје полека, но прекрасно расте. Да ја поддржиме тенденцијата. Скопје заслужува подобра велосипедска инфраструктура!
Дојдете во последната среда од месец август, на 28-та по ред Критична маса да покажеме дека го сакаме Скопје безбедно за точаци! Во 17.30 се чекаме на Плоштад Македонија.
View Критична маса #28 in a larger map
Завршуваме во преубавиот Гази Баба парк каде што ќе имаме пикник кој ќе биде проследен со зајдисонце (се’ e испланирано :)). Доколку сакате земете си чаршавчиња и по некоја топка. Ви предлагаме да си земете и нешто за јадење и пиење затоа што во близина нема продавничка.

Се гледаме! Ѕрн ѕрн.
-------------------------- -------------------------- ----------
*** Секој учесник вози на своја одговорност.
*** Секој учесник вози на своја одговорност.
0 comments:
Post a Comment