25 March, 2013

Критична маса #11- Велосипедските патеки на велосипедистите!

Датум: 27.03.2013 Време: 17:30 Место на чекање: спроти Влада на РМ, на платото окупирано со автомобили Промотивни материјали: линк. Facebook настан: линк. Рута: линк. постерот за Критична маса 11 Пролет е, се забележуваат се' повеќе велосипедисти по улиците, што е за радување, но останува неодговорено прашањето: каде и како да се движиме? Велосипедски патеки- многу малку и лошо одржувани, а згора на тоа- и окупирани од возила. (линк до фотогалерија)Паркираните возила на патеките како проблем се на врвот на листата на нешта кои им пречат на велосипедистите при движењето низ Скопје, според анкетата спроведена од наТочак минатата година.Приморани...

22 March, 2013

Велосипедска анализа на програмите на кандидатите за градоначалници на град Скопје и скопските општини на локалните избори 2013 година

По повод претстојните локални избори направивме анализа на достапните програми на кандидатите за градоначалници за град Скопје и скопските општини. Цел на анализата беше да одговори на прашањето дали во изборните програми се опфатени теми во врска со велосипедизмот. Анализата можете да ја видите подолу, или во pdf верзија на овој линк. Во програмите на кандидатите од повеќето општини темата велосипедизам (особено велосипедот како превозно средство) или воопшто не е или е третирана многу малку. Исклучок од ова се општина Центар, и делумно град Скопје, каде што по два кандидати имаат поголем број спомнувања на темата велосипедизам. Накратко, и без да се анализира квалитативно понуденото, туку само начинот и обемот во кој оваа тема е третирана, според резултатите од анализата може...

Промотивни материјали - КМ #11

[дизајн: Горан Костовски- Индог] Постер, А3:  постер, верзија за веб (jpg) Постер, линк до верзија за печатење во боја (pdf) Постер, линк до верзија за печатење во црно-бело (pdf) Банери:  веб-банер 300x250 веб-банер 980x100  веб-банер 980x750  FB- cover 851x315 веб-банер 900x800 Флаери, предни страни:       Флаери, задна страна:  Драг возачу, Ќе се согласиш ли дека е апсурдно да се паркираат велосипеди насред улица? Подеднакво апсурдна е и ситуацијата со ова неодговорно паркирано возило. Приморани сме да се симнуваме на коловоз, на места неопределени...

14 March, 2013

Извештај од КМ#10 - 27.02.2013

Го извадивте ли точакот од гаража? :) Веќе е пролет и секое одложување значи помалку време за уживање оваа година.  Зимата заврши, а пролетва е совршена.  Некои од нас возат и во текот на цела зима, а некои се одзваа на повикот на Критична маса #10 и ја отпочнаа порано сезоната. Целта на КМ #10 беше токму тоа.  Му благодариме на Давор Пехчевски чиј дизајн добро го долови повикот за ослободување на точаците и сопствените комфорни граници. Џинглот на ТикТак, пак, си поигра со февруарската нота на повикот ;) КМ #10 (и општо Критична маса) се промовираше и преку видеото „На улица, #naTochak“ кое го прикажавме...

Pages 111234 »