30 April, 2013

Зелените транспаренти од Критична маса #9

На Критична маса #9 (линк) возевме со следните транспаренти закачени на нас или на нашите точаци.  Загадувањето беше најстрашно во јануари, но пораките не губат од актуелност и во овој дел од годината: ...

22 April, 2013

Критична маса #12- Запознај го точакот, запознај го градот!

Датум: 24.04.2013 Време: 17:30 Место на чекање: плоштад Македонија Промотивни материјали: линк. Facebook настан: линк. Рута: линк. постерот за КМ 12 Ова е точак. Се знаете? Точакот е генијална машина. Точакот функционира на твој погон, енергијата му ја даваш ти. Точакот е едноставен склоп од мал број делови кој може да те одведе на многу интересни патувања на едноставен начин. Точакот е едноставно решение на многу од градските проблеми.Точак значи среќа, здравје, чист воздух, помалку гужва, помалку бучава, поопуштен град, независност, слобода.Ова околу тебе е Скопје. Се знаете?Скопје е загаден, има гужва, Скопје...

21 April, 2013

Промотивни материјали - #КМ12

[дизајн: Игор Делов] постер, А3, верзија за веб (jpg), македонски Постер, линк до верзија за печатење, македонски (pdf) постер, А3, верзија за веб (jpg), албански Постер, линк до верзија за печатење, албански (pdf) флаер, А6, предна страна, верзија за веб (jpg), македонски флаер, А6, задна страна, верзија за веб (jpg), македонски Флаер, предна страна, линк до верзија за печатење, македонски (pdf) Флаер, задна страна, линк до верзија за печатење, македонски (pdf) флаер, А6, предна страна, верзија за веб (jpg), албански флаер, А6, задна страна, верзија за веб (jpg), албански Флаер, предна страна, линк до верзија за...

17 April, 2013

До Тетово, низ Тетово и назад. Како поминавме низ 3 видеа.

На повикот за возење заедно до Тетово каде ја поддржавме со присуство првата Критична маса на тетовчани, се одзваа триесетина скопјани.  Се чекавме на 2 локации во Скопје и тргнавме по стариот пат Скопје- Тетово. Патот воопшто не беше напорен. Имаше доста луѓе кои за првпат возеа на подолга рута или за првпат вон град и немаа апсолутно никаков проблем да ја извозат релацијата во еден ист ден во двете насоки!Одлично искуство низ убави предели кое го препорачуваме!  Еве како поминавме во насока од Скопје кон Тетово:  Стигнавме во Тетово саат и пол пред почетокот на КМ, тамам малку да одмориме. Временските услови беа идеални, сончево беше речиси цело време. Тетовчани- расположени за возење точак (дел и за ролерки :)). Дојдоа околу 70-ина.  Состојбата на улиците, пак,...

12 April, 2013

Запознај го точакот! Сподели – научи – поправи!

Ви се случило ли некогаш да ви се дупне гума, а сервисите за велосипеди се или затворени или далеку? Со вакви или слични дефекти се среќаваме кога најмалку очекуваме. Би било одлично кога самите би знаеле како да ги направиме барем едноставните поправки. Затоа одлучивме да направиме настан на кој сите ќе можат да го споделат своето знаење за поправка на нашите омилени превозни средства. Исто така, сите кои имаат потреба од поправка на барем еден од следните проблеми: - дупната гума - нештелувани кочници - неподмачкан ланец ќе може да добијат волонтерска помош. Вака некако ќе изгледаме и ние Мислиш дека знаеш како да го одржуваш својот...

Круг до Тетово, низ Тетово и назад. :) Да ја поддржиме КМ #1 во Тетово!

Не' радува што група граѓани во уште еден град започнуваат своја критична маса! Тоа што Тетово е блиску до Скопје ни овозможува поддршката да ја изразиме и со учество. Еве го нивниот настан: https://www.facebook.com/events/357763121008355/ И постерот: Точакољупци од Скопје веќе почнаа да се организираат да одат со точаци до Тетово, па решивме да направиме настан за да се собереме заедно за возењето до таму и да ги поканиме скопјани да ни се приклучат. Покрај учеството на Првата критична маса во Тетово, тоа ќе биде можност и за убаво меѓуградско возење и дружење. :) Во некоја не толку далечна иднина се надеваме дека нашите градови ќе бидат...

Pages 111234 »