Точакот е едноставна машина, генијална зашто е едноставен склоп од мал број делови. Но сепак е машина, возило, превозно средство.
Треба да се познава и одржува за да не' служи добро и долго и да немаме проблеми.
Треба да биде здрав! :)
Едноставноста, пак, овозможува некои ситни поправки да ги направиме сами, без некое големо знаење или труд.
Сервисите за велосипеди некогаш се далеку или затворени и некогаш едноставно може да ви се случи дефект кога најмалку очекувате.
Зошто да си скратите од задоволството да се довозите со точакот до саканата дестинација само поради една обична дупната гума кога може сами за 10-ина минути да ја залепите?
Некои точакољупци знаат како да ги направат овие поправки и што е уште поважно беа расположени да го споделат своето знаење и се одзваа на нашиот повик.
Им покажаа и објаснија на присутните како да се справат во одредени ситуации и им направија основен „преглед на точаците“, интервенирајќи онаму каде што можеа. Во ретките случаи каде што се работеше за покрупни дефекти, ги упатија кон професионална работилница.
На 14.04.2013 во периодот од 11:00 докај 15:30 се подруживме во парк и научивме да вадиме тркало и лепиме гума, да го враќаме назад тркалото :) Оваа операција делува многу сложено, но само додека не ја направите првиот пат. А после неколку пати веќе сте и спремни да подучувате други!
Научивме да одмастуваме и подмачкуваме ланец, да штелуваме брзини и кочници и поправивме по некое седиште, ѕвонче и педали.
Еве мал фото-преглед од работилницата:
|
DIY реклама на платото кај Фонтана |
|
DIY реклама на прометно место на кеј |
|
Се чекаше и ред за поправките |
|
Но никој не остана неуслужен :) |
|
Идеи вредни за споделување. Дефинитивно! |
|
И девојки и момци засукаа ракави тој ден, тотално нешмизловски |
|
За една ваква работилница пред се' се потребни луѓе со желба за споделување, но и некој основен алат :) |
|
Го заштитивме платото со картони |
|
И тркалата со весник кога подмачкувавме... |
|
Учевме да се грижиме за синџирот |
|
Прво одмастување на ѕвездите, па подмачкување на ланецот |
|
Добар е, добар, не чкрипи веќе! |
|
Свети! :) |
|
Ја вадиме гумата од тркалото со многу едноставен алат |
|
Учиме да лепиме скинати гуми |
|
Го местиме назад тркалото
|
Учиме да штелуваме кочници |
|
Оваа беше проблематична! :)
|
Паралелизација- 3 тима работат истовремено :) |
|
|
Поправено и седиштето на едно мало точаче |
|
На децата им беше најинтересно сред точаците |
|
|
Но и повозрасните кога се на свој погон се подмладуваат :) |
|
И ние сме заљубени во нашите точаци :) |
|
Белешки, некаде во втората половина од денот. Докрај бројките пораснаа уште малку. |
|
Но не поправме само. Игравме и фризби и имавме кооперативно шанкче под сенка ;) |
Се дружевме и поминавме прекрасно и корисно попладне.
Беше интервенирано врз 20-ина точаци, а на настанот не' посетија 50-ина граѓани со или без точаци, со потреба од интервенција или само од љубопитност.
Сакаме точаци и сакаме да споделуваме.
Па веројатно во иднина ќе има и други слични дружби.
Во меѓувреме, доколку не сте го направиле пролетниот ремонт, време е да го однесете точакот на мајстор! За да имате поглатка и побезбедна возна сезона.
Се гледаме на скопските улици со синџири кои не чкрипат, кочници кои кочат и ѕвончиња кои ѕвонат!
Ѕрн- ѕрн!
0 comments:
Post a Comment