Датум: 31.07.2013
Тргнување: 19:00, паркинг зад ТЦ Буњаковец
Крај: ~20:30, плато пред Универзална сала
Промотивни материјали: линк.
Facebook настан: линк.
Рута: линк.
Известување до медиуми: линк.
Да си кул на точак не е лесно, вози си свесно!
View Критична Маса - Скопје на точак #15 in a larger map
Тргнување: 19:00, паркинг зад ТЦ Буњаковец
Крај: ~20:30, плато пред Универзална сала
Промотивни материјали: линк.
Facebook настан: линк.
Рута: линк.
Известување до медиуми: линк.
Постерот за КМ 15 |
Драг другар велосипедист,
Свесни сме дека Скопје нема услови кои овозможуваат непречено возење велосипед и сите сакаме тоа да се смени.
Свесни сме и дека не сме третирани како рамноправен дел од сообраќајот, и од оние кои го планираат, и од оние кои се дел од него по улиците и сите заедно треба да се избориме тоа да се смени!
Но исто така, сведоци сме дека многу луѓе на точак прават прекршоци или барем недоволно внимаваат, а тоа е опасно и по нивната безбедност и по безбедноста на другите.
Со кампањата за Критична маса 15 сакаме да го свртиме вниманието кон себе, кон нашиот влог во побезбедно Скопје.
Се’ што правиме има некаков одек, директно или индиректно, во функционирањето на градот.
Помагај го добриот, не лошиот круг!
Биди примерен велосипедист!
Да си кул на точак не е лесно, вози си свесно!
Ќе возиме по следната рута:
View Критична Маса - Скопје на точак #15 in a larger map
Со возењата во Критична маса покажуваме дека не' има многу велосипедисти во Скопје и дека е потребно да се обезбедат услови за наше безбедно сообраќање, но исто така покажуваме и свесност за самите себе и останатите учесници во сообраќајот.
Дојдете на Критична маса #15 да сигнализираме правилно, да светиме и ѕвониме масовно заедно! :)
Да ја поддржиме иницијативава и да почнеме да ги тркаламе работите на подобро, почнувајќи од себе.
*Секој учесник вози на своја одговорност.
0 comments:
Post a Comment