После упатените барања за подобрување на постоечката велосипедска инфраструктура до сите скопски општини и Градот Скопје, првиот одговор го добивме од администрацијата на Град Скопје после што беше договорена средба.
Средбата се оствари на 20.08 од 10:00 до 11:00 часот во просториите на Град Скопје каде присуствуваа претставници од На Точак и претставници од Секторот за планирање и уредување на просторот и од Одделението за спорт. За жал, на средбата немаше претставник од Секторот за сообраќај, но присутните ветија дека ќе им ги пренесат заклучоците на своите колеги.
На средбата подетално им ги презентиравме веќе упатените барања и целата наша заложба за промовирање на велосипедот како транспортно средство и за подобрување на условите за негово користење.
Вработените...