Датум: 25.09.2013
Тргнување: 17:30, Парк на езерата, Аеродром
Крај (подигнување на точаците): плоштад Карпошово востание
Проекција: 20:00, Ла Кања, Стара Чаршија
--------------------------------------------------------------
Промотивни материјали: линк.
Facebook настан: линк.
Рута: линк.
Известување до медиуми: линк.
--------------------------------------------------------------
Тргнување: 17:30, Парк на езерата, Аеродром
Крај (подигнување на точаците): плоштад Карпошово востание
Проекција: 20:00, Ла Кања, Стара Чаршија
--------------------------------------------------------------
Промотивни материјали: линк.
Facebook настан: линк.
Рута: линк.
Известување до медиуми: линк.
--------------------------------------------------------------
постерот за КМ 17
Иако повеќето од нас се пораснати во средина каде велосипедот се користи претежно за забава или спортување, со тек на време научивме дека велосипедот е и транспортно средство, високо-ефикасно, урбано, нештетно по околината, а корисно по здравјето, лично и на градот.
Ние сме сообраќај и имаме право на добри сообраќајни услови! Имаме право на издвоени велосипедски патеки во склоп на сите булевари. Имаме право на велосипедска мрежа….на велосипедски паркинзи... Имаме право на „зони 30“ за споделување на улиците со моторен сообраќај, во случај на неможност за изградба на велосипедски патеки или ленти на потесни улици. Имаме право да стигнеме безбедно до било која точка во градов! Внимавајте на луѓето на точак и земете не' предвид! Точак е возило, а на точак сме сообраќај!
Со Критична маса 17 ќе поврземе делови од градот во кои исто така живеат и работат наши сограѓани и имаат право да сообраќаат на точак, но не се поврзани со велосипедска инфраструктура. Затоа оваа рута ја нарековме херојска. Оние сограѓани од Маџари, Ченто и Автокоманда кои возат точак се секојдневно изложени на ризик поради небезбедните улици за други начини на сообраќај освен моторен.
Дури и во оние делови низ кои поминуваме каде постои велосипедска инфраструктура, таа е руинирана.
Возиме во група да бидеме побезбедни и да покажеме видливост. Возачите да станат свесни дека велосипедистите се учесници во сообраќајот и нормално е да ги има и на улица во случај кога нема велосипедски патеки или се окупирани или па се во лоша состојба.
Апелираме на опременост со предно и задно светло и мачкини светла и големо внимавање едни на други.
Придружи ни се да бидеме побројни и повидливи.
Да инспирираме возењето точак како превозно средство да дојде на дневен ред во животите на нашите сограѓани и во сликата за Скопје на одговорните!
Ќе се движиме по следнава рута:
View Критична маса #17 in a larger map
Точаците ги подигнуваме на плоштадот Карпошово востание по што продолжуваме туркајќи ги низ чаршија до платото помеѓу Ла Кања и Чифте Амам каде ќе се проектира документарниот филм „We are traffic“ за почетокот на движењето Критична маса во Сан Франциско пред 20-ина години.
Се гледаме во среда!
Ѕрн- ѕрн!
--------------------------------------------------------------
Секој учесник вози на своја одговорност.
|
0 comments:
Post a Comment