Во врска со инфраструктурниот проблем забележан на велосипедскаа патека на бул. Јане Сандански во Аеродром, НаТочак достави дописи до Град Скопје, ЈП Улици и патишта и Општина Аеродром.
Се надеваме на што поскора интервенција.
--------------------------------------------------------
Почитувани,
На ден 03.04.2014 на велосипедската патека на јужната страна на бул. Јане Сандански во општина Аеродром во делот спроти ТЦ Скопјанка забележана е дупка, поточно слегнат асфалт од приближно 1 м2 што претставува опасност за велосипедистите кои се движат по оваа патека.
Се надеваме на што поскора интервенција.
--------------------------------------------------------
До:
Град Скопје, ЈП Улици и Патишта, Општина
Аеродром
Предмет:
Пријава
на инфраструктурен проблем: слегнат асфалт на бул. Јане Сандански
ПРИЈАВА
Почитувани,
На ден 03.04.2014 на велосипедската патека на јужната страна на бул. Јане Сандански во општина Аеродром во делот спроти ТЦ Скопјанка забележана е дупка, поточно слегнат асфалт од приближно 1 м2 што претставува опасност за велосипедистите кои се движат по оваа патека.
Истовремено, забележано е дека хоризонталната сигнализација на патеката е обновена (полни и испрекинати линии без симболи) и прекинува токму кај оваа пречка.
Сигнализацијата со конзистентен изглед е многу важна за препознавање на просторот наменет за велосипедисти од страна на сите учесници во сообраќајот. Но пред да се пристапи кон обновување на сигнализацијата сметаме дека треба да се пристапи кон санирање на дупките, пукнатините, нерамнините, високите рабници и било какви пречки на патеките.
Ве молиме да се направи налог за санација на овој проблем за да се овозможи непречено сообраќање на конкретната локација, во најкус можен временски рок.
Исто така, Ве молиме да се запази редоследот на активности: санирање па сигнализација, како правило при секоја идна ситуација. Прво патеката да се доведе во добра возна состојба, па потоа преку симболи да се поканат соодветните учесници безбедно и непречено да ја користат.
Со почит,
Неформална група велосипедисти - НаТочак
natochak@gmail.com
07.04.2014
Скопје
*Овој документ е испратен во печатена
форма до град Скопје и во електронска форма до одговорните лица од Град Скопје, од ЈП Улици и патишта и до општина Аеродром и е објавен на блогот на НаТочак: www.natochak.blogspot.com.
0 comments:
Post a Comment