10 April, 2014

Од Скопје до Тетово на точак и назад! Критична маса Тетово слави една година!

Датум: 12.04.2014
Време на чекање: 12:00
Место: на излезот од Скопје кон Тетово (Макпетрол)

Facebook настан: линк.


Фотографија од минатогодишното возење до Тетово за првата Критична маса.
------------------------
Се сеќавате на првата Критична маса во Тетово и возењето од Скопје до Тетово и назад? Ѕирнете на овој 
линк како поминавме лани.

Епа тетовчани после 12 месеци стигнаа до 13-та = 1 година Критична маса во Тетово! 
Сакате да ги поддржиме? 
Ајде на точак до Тетово во сабота!
Добредојдени се да се приклучат сите точакољупци од Скопје, но и од местата покрај кои ќе поминеме!

Потребен и доволен услов да дојдете е да имате исправен точак и да сакате да поминете исполнет ден во природа, покрај села и на една славеничка Критична маса во друг град. :)


Понесете си вода, малку храна за енергија и повеќе слоеви облека и за потопли и за поладни временски услови. 

За возење на отворен пат, препорачливо е да имате и заштитни кациги.
Проверете си ја исправноста на точаците. (кочници, менувачи на брзини, се' останато)
Секој кој има можност- нека понесе резервна гума и алат за поправки, па ќе си помагаме ако се дупне некоја гума или се случи некој друг дефект.
Задолжително понесете предно и задно светло за на враќање.
А по слободен избор понесете и роденденски реквизити. :)

Планот е следен:

------------------------
Скопје-Тетово
------------------------
Чекање на излезот на Скопје кон Тетово (Макпетрол): 12:00
Место: линк до локацијата на чекање
Поаѓање: 12:15
Пристигнување во Тетово: 15:00 - 15:30.

Критична маса 13 во Тетово: 16:00 - 17:00

Роденденска забава: 17:00 - 20:00
Facebook настан од ТетовоНаТочак: линк.


Постерот за Роденденската КМ во Тетово преземен од нивниот настан
------------------------
Тетово - Скопје
------------------------
Една група ќе се враќа веднаш после Критичната маса за да не ги сноќи: околу 17:00.
Друга, похрабра група, ќе остане малку на забавата и дел од патот на враќање кон Скопје ќе го помине во темница. 
Во било која група да возите, носете задолжително исправни и со полни батерии предно и задно светло.
А ако сте во втората група, дополнително носете и рефлектирачки елечиња или било какви други дополнителни светлосни помагала.


Ќе се вози по регионалниот пат, не автопатот.


Оние кои ќе бидат уморни и нема да можат да возат точак, може да се вратат кон Скопје со автобус.

------------------------
Секој вози на сопствена одговорност.

0 comments:

Post a Comment